Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
Манифест: Кон една слободна и револуционерна уметност
Несомнено е дека се чувствува кризата во политичкиот простор на нашава република и пошироко. Но, тоа не е само политичка криза, туку повеќе е рефлексија на економската оскудност во оваа фаза на капитализмот на глобално ниво. Политичката криза пак секојдневно гледаме како се рефлектира и на општеството, а тука е и уметноста која е доведена до нејзината најперверзна улога во одбрана на статус квото. Затоа редакцијата на ДСП-Ленка одлучи да го пренесе овој исклучително важен текст за улогата на уметноста во ослободувањето на општетсвото, како и важноста на социјализмот за создавање на потполно слободна уметност.
Без никакво претерување можеме да кажеме дека цивилизацијата, како никогаш до сега, е под сериозна и опасна закана. Вандалите, со нивните варварски средства кои споредбено беа и неефикасни, ја уништија античката култура која се наоѓаше во еден агол на Европа. Но, денес ние ја гледаме светската цивилизација, обединета во својата историска судбина, како паѓа под ударите на реакционерните сили вооружени со целиот арсенал на модерната технологија. Ние во никој случај не размислуваме единствено само за војната која се приближува. Дури и во време на „мир“ ситуацијата со науката и уметноста постана апсолутно неподнослива.
- Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter