Движење за социјална правда

Грција: Новиот договор – разочарување и казна за изборот „не“ на народот

(Напишано од комунистичката тенденција на Сириза, понеделник, 13 јули, 2015)

 

communist-tendency-syrizaДа се организира масовен отпор против хунтата – составена од Тројката, олигархијата и капиталистичката влада – да се спречи верификувањето на договорот во парламентот.

Што треба да прават членовите на Сириза и на Левата платформа?

Меморандумскиот договор кој го потпиша премиерот на ЕУ самитот утрово и кој вклучува сериозни ограничувања, нови нивоа на превисоко оданочување на луѓето, пошто – зашто приватизации и кратења на платите и пензиите – не е ништо друго туку разочарување и предавање пред барањата на Тројката. Исто така, тој е казна за народот поради неговиот храбар, класно втемелен глас „не“ (на референдумот минатата недела).

Владата и водството на Сириза капитулираа. Ама работниот народ и младина нема да го сторат истото. Најзначајна задача во моментов е да се создаде масовно револуционерно „не“ движење на работничката класа со цел да се спречи прифаќањето на новиот меморандум од страна на парламентот и да се порази парламентарната хунта на „национално единство“. повеќе…

Клучни зборови: ,
0
img

ГРЦИЈА – ТУРЦИЈА

ДАЛИ ВЕТРОТ ДУВА И ВО ЛЕВИЧАРСКИТЕ ЕДРА НА КУРДИТЕ?

hdp_syrizaПобедата на СИРИЗА на последните избори во Грција не ја потресе само Европската Унија, туку и други земји во Егејот. Додека турскиот премиер Ахмет Давутоглу со стиснати заби му честиташе на Алексис Ципрас, провладините турски весници побрзаа да ја информираат јавноста за “опасноста” од една таква можна власт во Турција. Победата на СИРИЗА, исто така, предизвика бран на ентузијазам меѓу социјалистичките секуларисти и левите либерали, кои вообичаено се разединети, посветени во обидот да го олабават стисокот на се’ поавторитарната власт на АКП, со надеж да формираат демократско и секуларно движење инспирирано од изборите во Грција, што пак би можело да доведе до радикални промени не само западно, туку и источно од Атина.

 

Дали Грција преку демократските избори, би можела да биде за Турција тоа што беше Тунис за Египет со масовните протести во 2011? повеќе…

0
img

Не за коалицијата на Сириза со Независни Грци – Декларација на Комунистичката тенденција на Сириза

 

syriza-revolutionОвој документ е официјалниот став на Комунистичката тенденција – СИРИЗА (најрадикална малцинска марксистичка група во рамки на партијата) којa настапува со отворен критицизам кон коалицирањето на СИРИЗА со десните популисти од Независни Грци, потег критикуван од страна на револуционерната левица како погрешен и поткопувачки за класно ориентираните позиции. ДСП Ленка за цело ова време дава критичка поддршка кон СИРИЗА, па затоа нашата редакција го подготви овој превод со цел да го доближи ставот на револуцинерната левица кон прашањето.

 

Здружувањето со Независни Грци е кобна грешка на совест на Сириза. Да не ја пропуштиме оваа историска можност! Мора да има коалиција Сириза – КПГ.

повеќе…

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!