Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2016
НАТО и противречностите во западниот империјализам
Бен Глиниецки и Хамид Ализадех
22.07.2016
Неодамнешниот самит во Варшава беше полн со противречности и напнатост меѓу членките на Пактот. На виделина излегоа кршливоста на моќта на НАТО и нестабилноста на светските односи.
(Забелешка: Статијата е напишана пред неодамнешните изјави на Доналд Трамп за НАТО и пред кризата која изби помеѓу НАТО и Турција. Овие настани сепак служат само за да се потврди генералниот процес кој е опишан во статијата.)
Водечката одлука донесена на самитот беше стационирањето на четири баталјона на мултинационалните сили во Полска и балтичките земји на ротирачка база. Ова беше договорено пред две години на самитот на НАТО во Велс, но на членките на НАТО им требаа две години за да присоберат 4000 војници, чија главна задача е да се обесхрабри руска агресија во регионот.
Но, идејата дека толку мала сила може да ја обесхрабри силната руска армија е смешна и НАТО веќе призна дека тоа не се сериозни борбени сили. Пред новите распоредувања, Пентагон и корпорацијата РАНД, важен тинк-тенк што води низа воени игри, откриле дека руската армија би можела да ги окупирабалтичките земји за 60 часа. Корпорацијата РАНД предлага распоредување на минимум седум бригади (т.е. помеѓу 30 и 40 илјади војници!) придружени со значајна воздушна и логистичка поддршка за да спречи таква инвазија. Дури и тогаш, пишуваат тие, таа сила „нема да биде доволна за одржлива одбрана на регионот“. повеќе…
-
Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство.
Михаил Бакунин
Федерализам, социјализам и антитеологизам