Движење за социјална правда

Македонија – безизлез на либералната демократија

 

Случувањата во Македонија во последните 2 години покажаа дека преговорите на политичките елити немаат капацитет да исплодат вистински одржливи решенија за системските проблеми кои генерираат простор за криминална и авторитарна пракса.

 

По бранот на протести во мај 2015 годинасе случија оставки на високи владини функционери. Тогаш и завршија протестите кои кулминираа со масовен митинг на 17 мај 2015 година организиран од најголемата опозициска партија, а поддржан од помали опозициски субјекти и невладини организации, (види линк на англ. http://www.marxist.com/which-way-forward-for-mass-movement-in-macedonia.htm)  Токму тие што дадоа оставки беа директно инволвирани во криминалните активности кои беа обелоденети од т.н. политички бомби. Атмосферата која се создаде со оставките беше атмосфера на еуфорија и се чувствуваше победата од страна на масовното движење. Сепак, оваа почетна победа не се искористи во правилна насока, т.е. енергичноста кај протестното движење се расеја во карневализација на револтот и кампување пред зградата на Владата, наместо да се продолжи со вистински протести и со други можни методи на борба (окупации, блокади и сл). повеќе…

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

11

Движењето за социјална правда „Ленка“ ја информира јавноста дека нејзини членови ќе учествуваат на големиот граѓански ПРОТЕСТ закажан за недела – 17 мај 2015 год.

Сметаме дека денес, кога благодарение на погубните неолибералистички политики спроведувани во целиот период од независноста, квалитетот на животот на нашите сограѓани станува мизерен – неприкосновено право на граѓаните е слободно да го изразат својот РЕВОЛТ од постојаното осиромашување и зголемувањето на класните разлики, како и од последните криминални корупциски скандали кои ја потресоа македонската јавност.

Цениме дека последните случувања во државава под палката на сегашната власт, проследени со серија апсења на студенти и други граѓани, линчувања, етикетирања, навреди, закани и притисоци за неистомислениците се само поттик повеќе НАРОДОТ да го искаже својот акумулиран гнев и преку протест да прати јасна порака дека не се согласува со актуелните погубни политики и дека му е потребна трета радикално левичарска опција составена од нови неискомпромитирани ликови на политичката сцена.

Особено ги повикуваме работниците и студентите да излезат на овој и на секој следен протест за поддршка на новата автентична левица и конечно, преку сопствен политички опит во праксата, да ги преземат работите во свои раце, задавајќи им смртоносен удар на двете најголеми транзициски политички партии – затоа што, согласно нашата идеологија, СЛОБОДАТА претставува историско дело, а не дело на мислата!

ПОДОБАР СВЕТ Е НЕОПХОДЕН!

ПОДОБАР СВЕТ Е МОЖЕН!

ЌЕ ПОБЕДИМЕ

ДСП „ЛЕНКА“

15.05.2015

Цитати
  • Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!