Движење за социјална правда

С О О П Ш Т Е Н И Е

lenkaLogo-565x320

по повод новиот политички договор за излез од кризата

 

 

Движењето за социјална правда „Ленка“ го доведува во прашање триумфализмот со кој политичките елити во Македонија го означија постигнувањето на новиот политички договор како „победа на демократијата“ и „победа на Република Македонија“. Овој договор предвидува предвремени парламентарни избори во април, поделба на пет клучни министерства помеѓу власта и опозицијата од октомври, како и избор на нов јавен обвинител од септември кој треба да ги истражи случаите на прислушкување. Овој договор предвидува и воспоставување на принцип за сите наредни парламентарни избори, 100 дена пред нивното одржување, Владата да си поднесе оставка и истите да ги спроведе преодна Влада.

Сметаме дека, во овој зад врати постигнат договор не постојат никакви показатели дека во иднина ќе бидат воспоставени демократски механизми и инструменти според кои, ќе дојде до израз волјата на народот. Во овој договор не постои ништо суштинско кое се однесува на демократизацијата на општеството. Уште повеќе, тврдењето на Премиерот дека „економијата се ослободува од стегите кои и` ги наметна кризата“ и дека таа магично ќе расте со што би имале општ благодет, воопшто не соодветствува со реалноста во која живеат македонските работници,  грубо експлоатирани во новите странски директни инвестиции, кои и` служат на моменталната гарнитура како најголема реклама за нејзините таканаречени „остварувања“.

Целата реторика со која политичките лидери се служеа последните неколку месеци: диктатура, странски служби и предавници, затвор за политичкиот опонент и слично, во крајна линија се испостави дека е само добар политички маневар за интерна употреба, како секој би ги задоволил апетитите на своето членство. Целата оваа реторика, падна во сенка со самиот факт дека и покрај сите изречени квалификации, политичките лидери сепак седнаа на маса да преговараат со посредништво на евро-комесарите и на тој начин беше легитимиран целиот авторитарен режим, цело време оспоруван и напаѓан од страна на опозицијата.

ДСП „Ленка“ како левичарска и класно ориентирана организација продолжува будно да ги следи настаните, ставајќи се првенствено на страна на големото и тивко мнозинство, борејќи се рамо до рамо со сите обесправени против овој и секој нареден анти-народен и анти-социјален режим.

 

ДСП ЛЕНКА

16.07.2015 година

2
img
Цитати
  • Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!