Движење за социјална правда

ПОВИК ЗА НАБЉУДУВАЧИ НА ПРЕТСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

Се наоѓаме пред голем тест за македонската демократија – референдумот кој ќе се одржи на 30 септември. Во изминатите неколку месеци бевме сведоци на насилничкиот марш на власта која за да обезбеди потребниот цензус за референдумот, најгрубо ги прекрши законските процедури и уставните обврски, а згора на тоа води манипулативна кампања ЗА Европска Македонија, иако се работи ЗА Натовска Северна Македонија.

Институциите потфрлија, а политичките партии од Пржинската четворка практично се во дослух со своите странските налогодавачи. Чашата ја прелеа одлуката на Уставниот суд кој не презеде мерки против референдумскиот инжинеринг на власта. Практично народот е оставен самиот на себе.

Согласно правилникот на Државната изборна комисија, овластени набљудувачи за референдумот може да делегираат само домашни здруженија на граѓани, странски организации и претставници на странски земји.
Но ние немаме доверба во домашните невладини организации кои отворено агитираат да се излезе и да се гласа на референдумот. Немаме доверба ни во странците.

Затоа ДСП Ленка го упатува следниот повик:

Граѓани на Република Македонија, работници, млади и стари, исполнете ја својата граѓанска должност пред Република Македонија, и пријавете се за набљудувачи, овластени од  ДСП ЛЕНКА, за престојниот референдум. Набљудувач може да биде секој жител на РМ со право на глас, подготвен непристрасно да го набљудува референдумскиот процес.

Да не дозволиме манипулации со нашите гласови! Доста беа кражби и наместени резултати! Неопходно е да го набљудуваме референдумот на 30 септември!

Податоци со кои се пријавувате за набљудувач се: име и презиме, матичен број, број на Лична Карта, општина и место на живеење и контакт телефон.  

Овие податоци испратете ги на мејлот на ДСП Ленка каде ќе добиете понатамошни инструкции и информации, или ако не сте во можност да пратите мејл, тогаш јавете се на телефонот приложен за вашата општина или најблиската до неа. 

e-mail: lenka.dsp@gmail.com

Контакт телефони:

  1. Гази Баба  070/323-961
  2. Ѓ. Петров  075/388-672
  3. Карпош  078/326-023
  4. Центар 078/306-617
  5. Аеродром/Кисела Вода 075/387-511
  6. Битола 078/710-850
  7. Куманово 075/505-697
  8. Струмица  075/655-174
  9. Прилеп  075/825-353
  10. Кратово  070 365-899
  11. Гевгелија 078/846-013
  12. Струга/Охрид 078/710-850
  13. Кавадарци 075 590 856
  14. Крива Паланка 071/359-173
  15. Кочани  078/426-916
  16. Штип  070/322-845
  17. Велес 076/848-802
  18. Гостивар 071/391-555
  19. Неготино  075/700-736
  20. Кичево 075/781-307
  21. Македонски Брод 077/744-846

Повикот за пријавување завршува во недела (23 септември) на полноќ. Ве молиме забележете дека не е потребен никаков надоместок за пријавените, се бараат волонтери кои ќе го набљудуваат гласањето доброволно. 

Цитати
  • Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!