Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
С О О П Ш Т Е Н И Е
по повод исклучувањето на МЕСО од ССМ
ДСП Ленка остро го осудува исклучувањето на МЕСО, синдикатот за образование од страна на раководството на ССМ, кое даде наводно „образложение“ дека МЕСО го крши Статутот и Одлуките на соодветните тела и органи во рамки на ССМ.
Без да ја достави одлуката за исклучување до МЕСО, наложено е иселување на МЕСО од ССМ во рок од три дена. Во овој случај, не се почитуваше правото на приговор што секој синдикат член на ССМ го има согласно Статутот на ССМ. Ова доволно говори за фактот дека самоволието на Живко Митревски е побитно од синдикалната борба и дека најголемата конфедерација одамна е окупирана од бирократи кои најмногу мислат на сопствената фотелја. Она што Митревски не може да го прости е критичкиот (исправен) однос на МЕСО кон сервилниот однос на бирократијата во ССМ кон власта и работодавачите. Исто така „гревот“ на ССМ е што е потписник на неформалната Синдикалната Повелба за солидарност, каде што членуваат автентични синдикати и организации кои стојат рамо до рамо со МЕСО, обединети заедно поради потребата за синдикална борба, притиснати од бирократизираноста и нефункционалноста на големите бирократски централи.
МЕСО беше и ќе продолжи да биде вистински и доследен синдикат и без оглед на оваа одлука, синдикат кој секогаш реагира кога се напаѓаат работничките права, синдикат кој знае да излезе и од сопствената рамка на работничка борба и да поддржи и други прогресивни изблици во нашето општество.
Правдата е на страна на МЕСО, а овој потег на испаничените бирократи само говори дека ССМ се плаши од доследниот синдикализам во своите редови.
ДСП ЛЕНКА
24.09.2015 година
- Револуцијата испарува и го остава зад себе само шлајмот на новата бирократија. Синџирите на измаченото човештво се направени од црвена лента. Франц Кафка