Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2016
Македонија – безизлез на либералната демократија
Случувањата во Македонија во последните 2 години покажаа дека преговорите на политичките елити немаат капацитет да исплодат вистински одржливи решенија за системските проблеми кои генерираат простор за криминална и авторитарна пракса.
По бранот на протести во мај 2015 годинасе случија оставки на високи владини функционери. Тогаш и завршија протестите кои кулминираа со масовен митинг на 17 мај 2015 година организиран од најголемата опозициска партија, а поддржан од помали опозициски субјекти и невладини организации, (види линк на англ. http://www.marxist.com/which-way-forward-for-mass-movement-in-macedonia.htm) Токму тие што дадоа оставки беа директно инволвирани во криминалните активности кои беа обелоденети од т.н. политички бомби. Атмосферата која се создаде со оставките беше атмосфера на еуфорија и се чувствуваше победата од страна на масовното движење. Сепак, оваа почетна победа не се искористи во правилна насока, т.е. енергичноста кај протестното движење се расеја во карневализација на револтот и кампување пред зградата на Владата, наместо да се продолжи со вистински протести и со други можни методи на борба (окупации, блокади и сл). повеќе…
2015
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ПО ПОВОД ФОРМИРАЊЕТО НА НОВАТА ПАРТИЈА „ЛЕВИЦА“
Само Партија може да запре партија!
Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“ ја известува слободоумната македонска јавност дека го поздравува основањето на новата автентична политичка партија во Македонија – „ЛЕВИЦА“ создадена од сосема нови лица со кредибилитет стекнат преку долга километража на неколкугодишен искрен активизам позади себе.
Сакаме јавно да ги потврдиме медиумските написи од последниве неколку дена и да обзнаниме дека речиси целокупното активно членство на ДСП „ЛЕНКА“ работи во насока на популаризирање и идна судска регистрација на Партијата –но, притоа ЛЕНКА ќе продолжи да постои како самостоен правен субјект.
Нашите членови се решија на ваков потег со цел да дадат до знаење дека, за разлика од постоечките партии на македонската политичка сцена, ЛЕВИЦА е единствената која се создава „одоздола“, преку политичко зреење на досегашните неизвалкани граѓански активисти кои, согласно духот на времето, сфатија дека нема никаква поголема општествена корист од утопистички хоризонтални движења, краткорочни идеолошки непрофилирани акции и иницијативи или создавање на проектно ориентирани невладини организации.
Македонските прилики бараат сериозна и посветена структура која ќе ги обедини досегашните дисперзирани движења на отпорот во една организирана сила, создадена од нови еманципирани и класно освестени млади луѓе, кои работејќи заедно за општото добро, како што покажале многупати досега во изминативе осум години – секогаш ќе го артикулираат гласот на безгласните.
Улиците не ги напуштаме, но и Парламентот не им го оставаме!
Кога институциите се глуви, време е да влеземе во нив!
Подобро општество е неопходно, подобро општество е можно!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ
Скопје
15 ноември 2015
- Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон