Движење за социјална правда

Збор-два за перспективата на македонската демократија

lenkaLogo-565x320

  1. Да почнеме со појаснување на поимите кои се клучни за разбирање на текстот. Таквите поими имаат различно значење и често се користат како флоскули во актуелниот општествен живот: демократија, слобода, народ, итн. Постапката на избирање на претставници во политичката сфера од локално до републичко ниво со тајно гласање без присила, уценување, како и други манипулации, и нивното овластување да одлучуваат според мислењето на избирачите е само привид на демократија. Дури и да се почитуваат основите правила на фер избори т.е. на отсуство на присила, како брутална сила така и прикриена сила со заплашување од секаков вид, кои во голема мера се постигнати во развиените западни држави, слободата на избор е под директна врска со материјалните и финансиските средства на политичкиот субјект, а идеолошкото загадување на мнозинството од страна на малцинството е професионализирано. Еве на пример, се согласуваме за момент дека системот е демократски поставен како е задоволено горното правило. Се избираат претставници на база на нивни намери и програма. Се спроведува референдум со јасно прашање. Но, нашето искуство вели дека политичките програми, идеи и визија се само празни зборови на потрошена хартија која поради квалитетот ни за ВЦ не може да се искористи. Тоа е јасно за Македонија, некој ќе рече, ама во вистинските демократии не е така. Ама како е? Во Грција имаше дури и референдум со кој се кажа НЕ на третиот Меморандум. Како попчиња од СИРИЗА го протнаа Меморандумот без дебата во Парламентот. Нивниот мандат повеќе не е легитимен во однос на демократското претставување.

повеќе…

Кратка анализа по терористичкиот напад во Куманово

Напомена: Оваа анализа е пишувана за веб порталот „In Defence of Marxism, гласило на Меѓународната Марксистичка Тенденција (IMT).

kumanovo_zad_Zid

Нападот кој се случи на 9 и 10 мај во Куманово, по својот интензитет многу наликуваше на случувањата од воениот конфликт од 2001, кога вакви жестоки борби се водеа по кумановските села, Слупчане, Матејче, Ваксинце и другите. Кумановскиот регион од секогаш претставувал микс од различни народи (Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци и тн.), но исто така и претставува регион кој има долга традиција на соживот и заедничка, надетничка борба – како пример би ја навеле борбата на партизаните која не беше само антифашистичка борба туку и социјалистичка борба, борба на работниците (од сите етникуми) за поправедно и похумано општество. Заедништвото помеѓу работниците во Југославија започна да исчезнува кога класната реторика се отфрли и се замени со нова националистичка, шовинистичка и етноцентристичка, тогаш повеќето луѓето-работници, студенти, почнаа во другиот да не гледаат другар работник, студент, туку Македонец, Албанец, Србин итн. повеќе…

СООПШТЕНИЕ

lenkaLogo-565x320

По повод нападот на караулата во село Гошинце

Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“ остро го осудува нападот на караулата во с. Гошинце (Липковско). Според изјавата на портпаролот Иво Котевски, дадена без спроведена истрага, зад нападот стои терористичка група, наводно УЧК. Сметаме дека МВР, при толкувањето на мотивите за нападот, е многу конфузно и дополнително потенцирајќи дека станува збор за „терористи кои зборувале на албански јазик“ директно учествува во подгревањето на меѓуетничките тензии во РМ.

Апелираме до нашите сограѓани да не подлегнуваат на вакви провидни провокации и лошо намонтирани сценарија за дестабилизација и до крај да останат трезвени и разумни во своите постапки. На владејачките партии им порачуваме да не ја дефокусираат македонската јавност како би ја избегнале одговорноста за сопствените криминални и неморални постапки, а на опозициските партии им порачуваме да не ја злоупотребуваат оваа сензитивна проблематика којашто може да предизвика несогледиви последици на македонското општество.

Прогнозираме дека кога шовинистичките испарувања ќе изчезнат, масите ќе ја земат во предвид својата реална состојба и самите ќе почнат да извлекуваат свои заклучоци. Нивниот бес тогаш ќе се усмери кон владеачките врхушки и од македонска и од албанска националност, коишто ги наведуваат на смртоносен пат, полн со социјално уништување и економско осиромашување на народот.

Нас не ни е потребна нова меѓуетничка војна!

Нас ни е потребна надетничка КЛАСНА БОРБА.

 

ДСП ЛЕНКА

22.04.2015 година

Цитати
  • Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото. Мари Букчин
    Екологија на слобода
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!