Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2016
НАТО и противречностите во западниот империјализам
Бен Глиниецки и Хамид Ализадех
22.07.2016
Неодамнешниот самит во Варшава беше полн со противречности и напнатост меѓу членките на Пактот. На виделина излегоа кршливоста на моќта на НАТО и нестабилноста на светските односи.
(Забелешка: Статијата е напишана пред неодамнешните изјави на Доналд Трамп за НАТО и пред кризата која изби помеѓу НАТО и Турција. Овие настани сепак служат само за да се потврди генералниот процес кој е опишан во статијата.)
Водечката одлука донесена на самитот беше стационирањето на четири баталјона на мултинационалните сили во Полска и балтичките земји на ротирачка база. Ова беше договорено пред две години на самитот на НАТО во Велс, но на членките на НАТО им требаа две години за да присоберат 4000 војници, чија главна задача е да се обесхрабри руска агресија во регионот.
Но, идејата дека толку мала сила може да ја обесхрабри силната руска армија е смешна и НАТО веќе призна дека тоа не се сериозни борбени сили. Пред новите распоредувања, Пентагон и корпорацијата РАНД, важен тинк-тенк што води низа воени игри, откриле дека руската армија би можела да ги окупирабалтичките земји за 60 часа. Корпорацијата РАНД предлага распоредување на минимум седум бригади (т.е. помеѓу 30 и 40 илјади војници!) придружени со значајна воздушна и логистичка поддршка за да спречи таква инвазија. Дури и тогаш, пишуваат тие, таа сила „нема да биде доволна за одржлива одбрана на регионот“. повеќе…
2015
Странски инвестиции – концентрациони логори во Македонија и Балканот
Исцедете, ограбете
пот и труд и меса голи,
уста пуста затворете
да не каже оти боли.
Очи црни ископајте
да гледајат не давајте,
раци машки прекршете
срце лудо наранете.
Угаснете и светлини!
Мрак да биде – каракамен
(Коста Солев Рацин)
Империјализмот во балканските држави има квалитативно својство на странски инвестиции и воедно тој е највисокиот облик на капитализмот – оној, најперверзниот кој се појавува како спасител.
Странските инвестиции во Македонија се толку естетски наџиџани од шминкерајот на правниот позитивизам и парламентарната аристократија што тие самоотуѓувањето и самоуништувањето на работниците го сервираат како врвно етичко задоволство на заедницата.
Во екот на „политичкава криза“ во Македонија сведоци сме на случаи на мртви (!) работници на работно место и тоа скоро да не предизвика никаков ефект во заедницата, а камоли пак ефект на „бомба“ со кои опозицијата се расфрла во последно време. Капитализмот одамна излезе од фазата каде тој беше само како апстрактен кривец за распад на заедницата, застрашувачките последици на капитализмот и западниот империјализам се емпириски факт. А сепак тоа е најмалку оспоруваната (скоро воопшто неопсорувана) причина на опозицијата обидувајки се да го собори овој режим. КАПИТАЛИЗМОТ НА БАЛКАНОТ Е НЕПРИКОСНОВЕН! повеќе…
-
Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото.
Мари Букчин
Екологија на слобода