Движење за социјална правда

НАТО и противречностите во западниот империјализам

Бен Глиниецки и Хамид Ализадех

22.07.2016

 

Неодамнешниот самит во Варшава беше полн со противречности и напнатост меѓу членките на Пактот. На виделина излегоа кршливоста на моќта на НАТО и нестабилноста на светските односи.

 

(Забелешка: Статијата е напишана пред неодамнешните изјави на Доналд Трамп за НАТО и пред кризата која изби помеѓу НАТО и Турција. Овие настани сепак служат само за да се потврди генералниот процес кој е опишан во статијата.)

NATO_-_Nicolas_Raymond_CC_BY_2.0Водечката одлука донесена на самитот беше стационирањето на четири баталјона на мултинационалните сили во Полска и балтичките земји на ротирачка база. Ова беше договорено пред две години на самитот на НАТО во Велс, но на членките на НАТО им требаа две години за да присоберат 4000 војници, чија главна задача е да се обесхрабри руска агресија во регионот.

Но, идејата дека толку мала сила може да ја обесхрабри силната руска армија е смешна и НАТО веќе призна дека тоа не се сериозни борбени сили. Пред новите распоредувања, Пентагон и корпорацијата РАНД, важен тинк-тенк што води низа воени игри, откриле дека руската армија би можела да ги окупирабалтичките земји за 60 часа. Корпорацијата РАНД предлага распоредување на минимум седум бригади (т.е. помеѓу 30 и 40 илјади војници!) придружени со значајна воздушна и логистичка поддршка за да спречи таква инвазија. Дури и тогаш, пишуваат тие, таа сила „нема да биде доволна за одржлива одбрана на регионот“. повеќе…

Солидарност со бегалците!

12003168_1222906207735214_6892304036338854489_n

Ова е говор на нашата другарка Марија Чубалевска, одржан на протестниот собир за поддршка на бегалците на ден 12.09.2015 година, организиран од страна на ЛД Солидарност.

Бегалците на нивниот долг пат мораат да се соочат со полициско насилство, грабежи, глад, жед и што ли уште не за да стигнат до некое сигурно место на кое можат да останат. Според официјални статистики над 20 000 бегалци се удавиле само годинава во средноземно море. И покрај тоа што очигледно никој таков потфат не се презема за забава, се уште е многу силен тој мит, дека бегалците можат да се поделат во добри и лоши. Во оние поштените, кои што бегаат од војна и диктатура и оние така наречени економски бегалци, кои што бегаат од сиромаштија во подобар живот. Поготово во Македонија, каде што секој втор или живеел или сака да живее во странство за да има повисок стандард, оваа поделба е крајно лицемерна. Се додека има богати и сиромашни земји, додека владее империјализам, масовната миграцијата е не само оправдана, туку и неизбежна. повеќе…

Клучни зборови: , ,
0
img

Бегалската Криза е Криза На Системот

aylan_KurdiДеновиве низ социјалните мрежи и медиумите кружи морничавата фотографија на безживотното тело на тригодишното дете Ајлан Курди, кое пред неколку дена беше исфрлено од морските води на брегот на Бодрум во Турција, како резултат на несреќата која ја доживеа семејството при превртување на нивниот напукнат чамец, кое бегајќи од Кобане (Сирија), преку Турција и Европа сакаше да се засолни во Канада. Светските медиуми ја опишуваат како симбол на бегалската криза која се интензивизира периодов, најголеми критики одат кон Европа, која не може(!?) да се справи со оваа криза, вклучувајќи го и претседателот на Турција, кој не барајќи ниту трошка вина во себе, веднаш го впери прстот кон Европа. Но, фотографијата на ова мртво дете не е симбол на бегалската криза, туку е симбол на причината за ова масовно иселување, тоа е капитализмот, системот кој насилно се воспоставува од страна на империјалистичките сили, во кој една класа на луѓе, властодржците и богатите живеат привилегирано и управуваат со животите на „Ајланите“, кои најчесто завршуваат несреќно. Едно е јасно: ние немаме проблем со мигрантите, ние имаме проблем со капитализмот. Тригодишниот Ајлан Курди е жртва на овој систем. повеќе…

Цитати
  • Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“ Дорис Лесинг
    Златната тетратка
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!