Движење за социјална правда

Феноменот на глобализацијата/Глобализацијата на ремонт (целосни одговори на прашањата за весникот Нова Македонија)

Подолу ви ги пренесуваме целосните одговори на нашите членови Хактан Реџеп Исмаил и Зоран Василески на прашањата од дневниот весник Нова Македонија во врска со феноменот на глобализацијата, а коишто  беа  објавени делумно од страна на весникот на следниов линк: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%93%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82&id=08497d5b-380e-4a83-b395-2e2ff4b5283a.

  1. Зошто идејата за глобализација е во криза?

Глобализацијата е доста „шаренолик“ и контроверзен поим за да може децидно да се констатира дека таа е во криза, како што впрочем прејудицира ова прашање; или пак дека не е во криза, земјаќи ги во обзир распалените меѓународни односи и социјални деструкции низ одредени делови од денешниот свет.. Но, ако појдеме од тоа дека глобализацијата е процес на некакви си промени кои што притоа имаат нешто заедничко, а што се случуваат во различните политички заедници низ целиот свет, тогаш ќе воочиме дека, тоа заедничко е капитализмот и ширењето на неолибералните идеи. Капитализмот е мотор на глобализицијата, денес не може да се замисли глобализирање на едно општесво без негова претходна или континуирана нео-либерализација! повеќе…

Ноемвриските тези – за илузиите на ревизионистите и реформаторите

Критиката на политиките кои заговараат еднаквост и правичност, покрај другите, има и една исклучително важна карактеристика, а тоа е демаскирање на популистиките намери на оние кои тие политики ги обелоденуваат. Во насока на критичкиот пристап кон сето она што не опкружува, па и кон самите себе, односно самокритиката, еве еден аргументиран текст во врска со програмата 1:12 која беше ставена на референдумско прашање во Швајцарија и имаше за цел намалување на класната раслоеност и подобрување на правичната распределба на капиталот. повеќе…

0
img

Венецуела: Против економската војна – работничка контрола и експропријација на олигархијата

Во последните денови Претседателот Мадуро правилно ја објасни сериозноста на економската војна против Боливарската револуција, поентирајќи дека злосторниците се капиталистите (Fedecamaras, Consecomercio and Venamcham) и објави серија од мерки за борба против нив.

Соопштение на Борба на Класите (Lucha de Clases) – Венецуелската секција на Интернационалната Марксистичка Тенденција

повеќе…

Револуцијата нема да биде филантропизирана!

Ви ја пренесуваме следната кратка анализа со цел да го разгледаме проблемот на хуманизмот и филантропија во рамки на денешните капиталистички односи. Имено, познато е она восхитување во  нашата јавност од добродушноста на одредени капиталисти чии филантропски потфати предизвикуваат воодушевување кај дел од луѓето поради нивниот наводен придонес за совладување на аномалиите на нееднаквост. Оваа кратка анализа ќе покаже дека на овој начин доста свесно и плански се лечат само симптомите, додека прашањето на главната болест се турка под тепих.

повеќе…

Отворена дискусија: Дали капитализмот е во криза?

Денес се повеќе се слуша фразата дека капитализмот е во криза и дека се бараат алтернативи. Но дали е тоа навистина така? Дали кризата во капитализмот е и криза на капитализмот? Што значат кризите во капитализмот?

Ова се само дел од отворените прашања кои ќе ги обработиме на нашата дискусија.

Време:     20:00 h,     20.08.2013

Место:    Ла Кања – Стара Скопска чаршија

prasalnik

Државата и капитализмот: Критика на економијата на јавните добра

Ви го претставуваме економскиот труд на Драган Драча насловен како Државата и капитализмот: Критика на економијата на јавните добра“. Трудот иако напишан пред 10-ина години, со својата универзалност и прецизност одлично го дисекцира капитализмот и неговите две доминантни лица (кејнсијанско и либертаријанско) и претставува добар теоретски увид кој би им служел на сите заинтересирани за економската критика на капитализмот.

kapitalizam повеќе…

Цитати
  • Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!