Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
Платформа
П л а т ф о р м а
на Движењето за социјална правда – ЛЕНКА
(Пречистен текст)[1]
Борбата за хумано општество продолжува…
Го носиме пламенот на генерации револуционери и реформатори, преродбеници и активисти, работници и пролетери, мислители и уметници, научници и истражувачи – сите луѓе кои вградиле дел од себе во придвижување на општочовечки напредок.
Цел
Ние, членовите на Движењето за социјална правда – ЛЕНКА, се залагаме за воспоставување општетсво базирано на хумани вредности, директно-демократско одлучување и праведна распределба на средствата на производство; општество кое нема да биде владеано, туку управувано; кое нема да биде компетитивно, туку солидарно; општество кое нема да се заснова на национализам, милитаризам, авторитарност, клерикализам, конзервативизам, дискриминација и трудова експлоатација, туку ќе се стреми кон односи што ќе поттикнуваат соработка, взаемна помош, мирољубивост и напредок на целото човештво; општество што ќе се заснова на слобода, рамноправност и социјална правда.
Декларација
Реалноста во која живееме не им одговара на основните човечки потреби, како на глобално така и на локално ниво.
Затоа:
• им се придружуваме на прогресивните сили ширум светот во општочовечкиот фронт за прогрес, правда, солидарност и рамноправност;
• се спротивставуваме на т.н. глобализација и растечкото влијание на големите мултинационални корпорации затоа што предизвикуваат невидена беда, глобална еколошка катаклизма, безмилосна експлоатација на природните ресурси и уништување на животната средина;
• застануваме против борбата за доминација на светските суперсили што го прават светот опасно место за живеење – тргнувајќи од безочното предизвикување војни во земјите надвор од т.н. слободен свет, па сè до наметнување на контролирана нестабилност и милитаризација на општествата;
• се спротивставуваме на сите облици на дискриминација и социјално исклучување;
• сметаме дека капитализмот, особено неговата неолибералистичка варијанта, е неприфатлив систем што предизвикува страдање и неправда за мнозинството;
• ги поддржуваме сите прогресивни сили и застануваме зад секоја иницијатива што ги разобличува робовско-експлоататорскиот, клерикалистичкиот, конзервативниот и патријархалниот морал;
• застануваме против сè понерамномерната распределба на богатството во општеството;
• се спротивставуваме на секој обид за поттикнување на етноцентризмот, односно национализмот кој предизвикува поделби и конфликти со несогледиви последици;
• се залагаме за антиавторитарно, децентрализирано и дебирократизирано општество како единствен начин да се обезбеди вистинска демократија.
• застануваме на патот на угнетувањето, понижувањето, злоупотребата и обесправувањето по секоја основа;
ДСП „Ленка“, како политичка организација, не ја исклучува можноста од институционално делување и активирање, сама или во сојуз со други прогресивни левичарски организации, иницијативи или поединци.
Во глобалните процеси Република Македонија има позиција на послушен сателит на големите играчи на светската сцена и е непрекинато уценувана преку контролирана нестабилност и водена преку корумпирани елити.
Затоа:
• се спротивставуваме на приватизацијата на државниот и јавниот имот што изминатиов период наликуваше на ранофеудално приграбување од страна на поединци;
• не го прифаќаме неаргументираното и неоправдано промовирање на странските инвестициии, кредитите од измамничките ММФ и Светска Банка затоа што се инструменти на империјализмот и на глобализмот;
• застануваме против милитаристичката и вазалска политика на владејачките елити и македонското учество во војните, како оние во Ирак и Авганистан, барајќи итно повлекување на македонските војници од таму, како и осуда на овие и сите други војни од страна на Република Македонија;
• се спротивставуваме на сојузништвото на Р. Македонија со реликтот од Студената војна – воениот пакт НАТО, „стратешка цел“ која е наметната и изнудувана преку манипулација и застрашување;
• бараме отворена дебата за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија со што граѓаните ќе можат вистински да се запознаат со нејзината суштина и која ќе помогне да се донесуваат исправни одлуки;
• се залагаме за обединување на работничката класа и сите други обесправени и експлоатирани групи на транс-национална основа во сојус (федерација или конфедерација) кој ќе им пружи вистинска еманципација на истите.
Нашата борба е за посветла иднина и свет базиран на слобода, демократија, емпатија, мир, правда, еднаквост, соработка и исполнување на човековите потреби. Таа иднина може да се оствари само ако луѓето самите ги контролираат околностите во кои живеат, само ако ја градат својата свест преземајќи одговорност за своите постапки и ако ги изразуваат своите ставови преку активизам и солидарност.
Подобар свет е неопходен!
Подобар свет е можен!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!!!
[1] Пречистениот текст на Платформата на ДСП „ЛЕНКА“ е утврден на Вонредното собрание на Организацијата одржано на 20.IX.2014 година во Скопје.
- Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres