Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2018
Груп Јорум – нешто многу повеќе од музичка приказна
Групата Јорум (турс. Grup Yorum), е музичка дружина која е формирана во 1985 година од страна на четворица другари студенти при Универзитетот во Мармара. Јорум, уште од нејзиното формирање е многу повеќе од музичка група, впрочем самото име на групата („уorum“, мк. „став“ или букално „коментар“) алудира на тоа дека музиката која оваа дружина ја создава е само средство да се искажат ставовите во однос на политичките состојби како и да се деконструираат историските „вистини“ кои секојдневно се репродуцираат од страна на државата.
Групата, преку музиката го изразува револтот на народот опевајќи народни херои и компонирајќи и актуелизирајќи ги текстовите од разни помалку или повеќе популарни револуционерни поети како акт на борба против капитализмот, империјализмот и особено домашната елитна буржоазија. Групата, промовирајќи ги сопствените политички погледни не се однесува само како класична музичка група која одржува концерти и снима албуми, туку членовите на оваа музичка група со својата музика и дела учествуваат на разни протести, антикапиталистички и антиимперијалистичјки иницијативи, штрајкови како и окупации на универзитети и фабрики.
Поради радикланите политички погледни на членовите на групата како и пораката која ја носи самиот колектив нивните настапи, песни и албуми често биле забранувани а неретко членовите на Јорум биле приведувани и апсени. Групата често се поврзува со разни акции од политичката историја на Турција извршени од страна на радикланите левичарски групи.
Музиката на групата пренесува силни пораки за антиимперијалистичката борба, за убиствата во турските затвори, за политички мотивираните смртни казни, за страдањата и борбата на курдскиот народ, за слободниот свет…
Во 2006 година, на 10 месеци затворска казна е осудена девојка која во својот дом слушала песна од Јорум, под обвинение дека шири терористичка пропаганда. Сега во 2018 година, 10 членови на групата се во затвор, а за шест се води потрага, лудилото оди до таму што државата предвидува награда за оние кои ќе го кажат местото на членовите на групата за кои има потерница.
Денеска Јорум има две крила, едното крило кое дејствува во Турција и другото крило кое дејствува во Европа и ширум светот. Европското крило на 09.06.2018 година, одржа концерт во Софија во знак на поддршка на другарите кои се во затвор и оние против кои има потерница. Вакви концерти претродно се одржаа во неколку градови низ европа вклучитело непосредно пред концертот во Софија беше одржан концерт во Атина како и Солун во Грција.
Членовите на Ленка и Левица го поддржаа концертот на Груп Јорум во Софија, упатувајќи порака за ослободување на сите членови на групата кои се во затвор, бидејќи борбата е интернационална.
2013
Велес Капут – борба и победа [видео]
Еколошкиот документарен филм “Велес Капут” на велешаните Данчо Стефков, Владимир Тевчев и Александар – Сашко Кукулев , на експлицитен начин ја раскажува силната приказна на борбата на еден град за чист воздух и достоинствен живот. Системот познава брутални начини за да ги заштити елитите на сметка на невините луѓе, а последиците од неговото владеење преку работата на топилницата остави длабока трага врз Велес. Отпорот кој со децении се развиваше, на крај кулминира со најголемиот протест во историјата на македонскиот народ. На тој протест гласот го кренаа нешто помеѓу 15000 и 20000 луѓе. Со тој протест обичниот човек почна да го спасува градот. повеќе…
2013
[Видео] Работнички права – загарантирана или ограничена слобода?
Владеење на правото – Основно право или привилегија
Работнички права
Дали човекот се раѓа како слободна личност или како личност со одредени права препишани од страна на државата? Се раѓа со загарантирана или со ограничена слобода? И зошто се толку важни работничките права и борбата за нив во едно вакво време кога работничката експлоатација станува “легална”?
Погледне го документарниот филм на Сашка Цветковска (автор) и Борјан Јовановски (продуцент) “Работнички права”, во кој се обработува токму таа тема – постепеното укинување на работничките права и манипулирањето со едно од најважните од нив – правото на штрајк, смртни случаи и повреди на работно место за кои никој не одговара, како и човечкиот фактор, независен од каков било закон во заштита на работниците: нехуман третман на работникот.
Во филмот може да се слушнат и личните искуства на неколку работници чии права биле прекршени, а со тоа и загрозени нивните животи, како и нивните искуства при борбата за социјална правда.
- Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман