Движење за социјална правда

ЛЕНИН: Раѓањето на масовна партија во текот на револуцијата од 1905 година (2)

120501leninВо првите години на XX век Ленин се залага за демократска и централизирана револуционерна партија, составена од посветени активистки и активисти, способни да го внесат духот на социјалистичката политика во работничките борби. Тука Лениновите болшевици се оделија од меншевиците, кои сакаа условите за членување во партијата да ги постават на многу поширока основа. Ленин успеа да изгради релативно стабилна underground т.е. илегална организација на болшевички комитети низ Русија.

Првиот тест за болшевиците е 1905 година – година на масовни штрајкови и револуции. Барањата за демократија па дури и за царскиот престол манифестирани со огромните штрајкови ја дестабилизираа Русија. Раборничката класа во најважниот руски град, Петроград (Санкт Петербург), формирала совјет, односно работнички совет. Совјетот претставувал институција заснована на непосредно избрани и исто така непосредно отповикливи делегати на сите работни места. Бил далеку порепрезентативен и подемократски во однос на било кој парламент. повеќе…

0
img

ЛЕНИН: Кога спонтаните борби не се доволни (1)

0e17febd522cd9389b04ce5c00f25aec_M

Ви го претставуваме првиот од четирите дела од фељтонот за Владимир Илич Ленин во авторство на британскиот марксист Ден Мејер, преведено од редакцијата на ДСП Ленка. Во овој фељтон се фрла акцент на организирањето на револуционерна социјалистичка борба во кризни времиња и раскинување со фетишот на политичката спонтаност. Иако обработува едно друго време, сепак сметаме дека генералните насоки се актуелни и денес, особено ако сакаме да извлечеме сериозни заклучоци за силните и слабите страни на револуционерното движење.

Самото име на Ленин умее да предизвика две сосема спротивни реакции меѓу денешните антикапиталистки и антикапиталисти. Како бескомпромисен револуционер, посветен на работничката ствар, Ленин сè уште претставува инспирација за многумина.

Многу луѓе, сепак, чувствуваат аверзија кон идејата за неопходноста да се “изгради партија”, или фразите како “демократски социјализам”. Многумина ја фалат енергичната спонтаност на денешните движења, наспроти ригидните бирократи од редовите на старите партии, каква што е Лабуристичката (во Велика Британија). повеќе…

0
img

14 темелни точки на фашизмот

Политичкиот теоретичар Lawrence Britt, анализирајќи ги фашистичките режими на Хитлер, Мусолини и Франко издвоил 14 темелни точки на фашизмот. Но се поставува критичко прашање дали фашистички режими се само тие и дали истите се појавиле одеднаж од нигде никаде, или пак има историско материјалистичка нишка, односно причини за нивна кулминација во таков отворено репресивен режим. Фашистичкото општесво е врв на секаков вид насилство.  Доаѓање на едно општество до оваа точка на зенитот од насилството воопшто не е тешко и воопшто не е далеку ако работите ги погледнеме историско-материјалистички. Во оваа насока да видиме кои се овие темелни карактеристики на фашизмот и колку истите може да ги согледаме и предвидеме денес. повеќе…

MUJERES LIBRES: Женското анархистичко движење во текот на Шпанската граѓанска војна

Mujeres Libres (слободни жени) била група на жени, анархистки кои во текот на Шпанската граѓанска војна се организирале и се бореле како за женското ослободување така и за анархистичка револуција. Она што го постигнаа беше навистина инспиративно. Од нивниот пример се гледа како може борбата против потчинетоста на жените и борбата против капитализмот да се спои во една борба за слобода.

повеќе…

Вториот бран на феминизмот и „новиот дух на капитализмот“-Ненси Фреjзер

 

Интересно е да се запази дека вториот бран на феминизмот цвета во нови услови. Она што започна како радикално контракултурно движење сега е на пат да стане широка, масовна општествена појава. Привлекувајќи приврзаници од сите класи, ентицитети, нациналности и политички идеологии, идеите за феминизам си пронајдоа свој пат до секој агол на општественото живеење и го променија своето разбирање на оние со кои доаѓаа во допир. Резултат на ова, не беше чистото проширување на активистичките редови, туку и преобликување на здраворазумското сфаќање на семејството, трудот и достоинството.

повеќе…

Трагедијата на женската еманципацијa – Ема Голдман

1906.

Почнувам со признание: без оглед на сите политички и економски теории, кои се занимаваат со основните разлики меѓу различните групи на човековиот род, без оглед на класната и расната разлика, без оглед на сите вештачки граници помеѓу женските и машките права, сметам дека тие разликувања би можеле да се сретнат во една точка и да прераснат во една совршена целина.
Под тоа не подразбирам предложување на мировен договор. Општиот општествен антагонизам кој денес го зафати целиот  јавен живот, создаден од силата на спротивставените и противречни интереси, ќе се распарча на делчиња кога преустројувањето на нашиот општествен живот, заснован на принципите на економска правда, ќе стане реалност.
повеќе…

Цитати
  • Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“ Дорис Лесинг
    Златната тетратка
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!