Движење за социјална правда

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ


lenkaLogo-565x320

СО ПОВИК ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

ПО ПОВОД ПОДНЕСУВАЊЕТО ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА НА НЕВРАБОТЕНИТЕ

 

Во втората половина на ланската 2014-та година енормна бројка од илјадници невработени лица на ниво на држава – меѓу нив и доктори на науки, магистри, лица со завршено високо, вишо или средно образование, млади луѓе, студенти, занаетчии, земјоделци, трговци-поединци, хонорарци итн. – по барање на Фондот за здравствено осигурување на РМ (ФЗОМ) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), речиси во сите градови низ Републиката, со кривични пресуди беа прогласени за виновни и им беа отворени криминални досиеја во официјалната судска евиденција затоа што, наводно, го сториле кривичното дело „Употреба на изјава со лажна содржина“ бидејќи пред ФЗОМ изјавиле дека немаат остварено приходи над 96.000 МКД.

 

Поради тоа што одредбата врз основа на која овие лица се казнети е веќе еднаш укината со одлука на Уставниот суд на РМ, и тоа токму по иницијатива на ДСП „ЛЕНКА“, ние одлучивме да поднесеме иницијатива за носење Закон за амнестија на овие неправедно осудени лица.

 

По тој повод, Движењето за социјална правда „Ленка“ закажува прес-конференција на ден 27 март 2015 година (петок), со почеток во 10:30 часот, пред зградата на Собранието на РМ, на којашто претставници на нашиот правен тим ќе ја образложат потребата и итноста од носењето на овој предложен Закон, како единствен правен начин за надминување на овој мошне сериозен и масовен проблем кој се заканува да има несогледливи и штетни последици.

 

Izvestuvanje Sobranie

 

С к о п ј е

26 март 2015

Со почит,

ДСП „ЛЕНКА“

 

С О О П Ш Т Е Н И E – по повод актуелните политички збиднувања

11

Движењето за социјална правда – Ленка, смета дека власта уште еднаш го покажа својот ригиден и тоталитарен начин на владеење и бара да се обезбедат барем минимални демократски услови за политичко делување и мнение различно од нејзиното, без притоа чинителите на истото да бидат кривично процесуирани пред „независните“ управни и правосудни институции на системот. Неспорно, евидентен е стравот кој е се` повеќе присутен кај ВМРО-ДПМНЕ, од зачестените и основани социјални изблици на различните општествени категории и групи во РМ, кои не се согласуваат со нерационалното однесување на власта.

повеќе…

0
img

Поддршка за протестот против пресудата за Кежаровски

10599549_10152670311091314_7040136842028196184_n

СООПШТЕНИЕ

Поддршка за протестот против пресудата за Кежаровски

ДСП Ленка во целост го поддржува протестот против пресудата за новинарот Томислав Кежаровски и барањето за негово ослободување, организиран од страна на ССНМ, ЗНМ и иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски, кој ќе започне на 20.01.2015 година во 12:00 часот пред Апелациониот суд – Скопје.

Оваа Пресуда, проследена со сите правни и процедурални недостатоци, претставува крунски доказ за ударот врз медиумската слобода и за репресијата која се принудени да ја трпат многу од новинарските и медиуските работници, особено ако се осмелат пред лицето на јавноста да ги обелоденат игрите на државниот апарат. повеќе…

0
img

Заеднички став на потписниците на Синдикалната повелба по повод воведувањето на плаќање на придонеси за задолжително социјално осигурување

10814236_10202260686958902_2084995573_n-1

Длабоко загрижени за ефектите што ќе ги предизвика воведувањето на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите по материјалната положба и правата на лицата кои вршат работа без договор или врз основа на договор на дело, но и на останатите работници, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права (Синдикатот на УПОЗ, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“) бараат од Владата на Република Македонија:

1) да ја одложи примената на измените на законите со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, со цел да се отвори простор јавноста да се произнесе за реперкусиите од нивното воведување и да се изнајде најповолно законско решение;

2) преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнато вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што за работниците не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување. повеќе…

0
img

Соопштение до јавноста по повод оркестрираната антикампања против ЛЕНКА

Со ова сооопштение покрај тоа што сакаме да ја информираме јавноста за новите суштински измени и дополнувања во Статутот и Платформата на организацијата, донесени на последното Вонредно собрание, би сакале да ги разјасниме и дилемите настанати во јавноста во врска со упатените клевети од страна на некои наши поранешни членови и од некои елитистички НВО кругови. повеќе…

Клучни зборови: , ,
0
img

Поддршка за студентскиот марш

С О О П Ш Т Е Н И Е

Поддршка за студентскиот марш

ДСП „Ленка“ во целост го поддржува Студентскиот марш кој ќе започне во Понеделник на 17.11.2014 година во 12:00 часот од Платото на УКИМ. Студентите преку неформалната студентска иницијатива „Студентски Пленум“ имаат легитимно право да ги одбранат Универзитетите од противуставното и противзаконско навлегување во нивната загарантирана автономија, со новите најавени реформи кои предвидуваат екстерно тестирање за студентите во втора и четврта година. Исто така сметаме дека од оваа реформа, покрај студентите се засегнати и професорите како научни работници, па во таа насока, би ги охрабриле општествените интелектуалци да бидат похрабри во спротиставувањето на овие негативни трендови во високото образование. Позитивен пример за ова е поддршката која студентите ја добија од МЕСО (Мултиетнички синдикат за образование), грански синдикат кој е дел од ССМ. повеќе…

0
img
Цитати
  • Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!