Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
СООПШТЕНИЕ
по повод најновиот упад во синдикатот во Битола
Уште еден удар врз синдикатите. Имено, поништен е легалниот и легитимниот избор на претседателката на синдикалната организација на СОНК при О.У. „ Елпида Караманди “ – Битола, д-р Фанче Јошевска. Таа истовремено беше претседател на регионалниот одбор на СОНК за Битола, Ресен и Демир Хисар.
Што се случи? На 27. 04. 2015 година, како единствен кандидат за претседател, д-р Фанче Јошевска беше реизбрана за претседател во синдикалната организација во О. У. „ Елпида Караманди “ – Битола. Во меѓувреме донесена е одлука за поништување на изборот, за што претседателката не била известена и не ѝ била дадена можност јавно да се обрати на советот. Подоцна, на 19.09.2015 година на одржаниот повторен избор за претседател на синдикалната организација беше избран поранешниот директор на училиштето Илија Белџигеровски. Изборот е извршен на брутален начин и со прекршување на Статутот на СОНК. Иако на состанокот синдикалците инсистираа да се одржи тајно гласање, тоа не беше овозможено. Згора на ова дојде до вербални закани и принуда врз членовите на синдикалната организација да гласаат за јавно гласање на кандидатите. Со тој притисок реално се создаде ситуација без услови за демократски избори и изразување на вистинската волја на гласачите. Голем дел од синдикалците ја напуштија просторијата и училиштето. Дел од оние кои го напуштија состанокот ги принудија да се вратат во училиштето за да се достигне кворум.
Навикнавме на газење врз правата на работниците, бидејќи молчиме и премолчуваме. Време е да ја рашириме идејата за солидарност. Работниците може да се потпрат само на себе.
ДСП Ленка веќе контактираше и оствари средба со разрешената претседателка и одлучно застанува во одбрана на автентичниот синдикализам. Борбата мора да продолжи.
ДСП Ленка
22.09.2015 година
2015
С О О П Ш Т Е Н И Е
по повод новите предизборни потфати на Владата и т.н. Договор од Пржино
Движењето за социјална правда „Ленка“ апелира до јавноста за можноста од предизборни манипулативни и популистички потфати како на власта, така и на опозицијата. Затоа, во овој политички кризен период, ДСП „Ленка“, како политичка организација, се залага за следново: повеќе…
2015
С О О П Ш Т Е Н И Е
по повод новиот политички договор за излез од кризата
Движењето за социјална правда „Ленка“ го доведува во прашање триумфализмот со кој политичките елити во Македонија го означија постигнувањето на новиот политички договор како „победа на демократијата“ и „победа на Република Македонија“. Овој договор предвидува предвремени парламентарни избори во април, поделба на пет клучни министерства помеѓу власта и опозицијата од октомври, како и избор на нов јавен обвинител од септември кој треба да ги истражи случаите на прислушкување. Овој договор предвидува и воспоставување на принцип за сите наредни парламентарни избори, 100 дена пред нивното одржување, Владата да си поднесе оставка и истите да ги спроведе преодна Влада.
Сметаме дека, во овој зад врати постигнат договор не постојат никакви показатели дека во иднина ќе бидат воспоставени демократски механизми и инструменти според кои, ќе дојде до израз волјата на народот. Во овој договор не постои ништо суштинско кое се однесува на демократизацијата на општеството. Уште повеќе, тврдењето на Премиерот дека „економијата се ослободува од стегите кои и` ги наметна кризата“ и дека таа магично ќе расте со што би имале општ благодет, воопшто не соодветствува со реалноста во која живеат македонските работници, грубо експлоатирани во новите странски директни инвестиции, кои и` служат на моменталната гарнитура како најголема реклама за нејзините таканаречени „остварувања“.
Целата реторика со која политичките лидери се служеа последните неколку месеци: диктатура, странски служби и предавници, затвор за политичкиот опонент и слично, во крајна линија се испостави дека е само добар политички маневар за интерна употреба, како секој би ги задоволил апетитите на своето членство. Целата оваа реторика, падна во сенка со самиот факт дека и покрај сите изречени квалификации, политичките лидери сепак седнаа на маса да преговараат со посредништво на евро-комесарите и на тој начин беше легитимиран целиот авторитарен режим, цело време оспоруван и напаѓан од страна на опозицијата.
ДСП „Ленка“ како левичарска и класно ориентирана организација продолжува будно да ги следи настаните, ставајќи се првенствено на страна на големото и тивко мнозинство, борејќи се рамо до рамо со сите обесправени против овој и секој нареден анти-народен и анти-социјален режим.
ДСП ЛЕНКА
16.07.2015 година
2015
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Движењето за социјална правда „Ленка“ ја информира јавноста дека нејзини членови ќе учествуваат на големиот граѓански ПРОТЕСТ закажан за недела – 17 мај 2015 год.
Сметаме дека денес, кога благодарение на погубните неолибералистички политики спроведувани во целиот период од независноста, квалитетот на животот на нашите сограѓани станува мизерен – неприкосновено право на граѓаните е слободно да го изразат својот РЕВОЛТ од постојаното осиромашување и зголемувањето на класните разлики, како и од последните криминални корупциски скандали кои ја потресоа македонската јавност.
Цениме дека последните случувања во државава под палката на сегашната власт, проследени со серија апсења на студенти и други граѓани, линчувања, етикетирања, навреди, закани и притисоци за неистомислениците се само поттик повеќе НАРОДОТ да го искаже својот акумулиран гнев и преку протест да прати јасна порака дека не се согласува со актуелните погубни политики и дека му е потребна трета радикално левичарска опција составена од нови неискомпромитирани ликови на политичката сцена.
Особено ги повикуваме работниците и студентите да излезат на овој и на секој следен протест за поддршка на новата автентична левица и конечно, преку сопствен политички опит во праксата, да ги преземат работите во свои раце, задавајќи им смртоносен удар на двете најголеми транзициски политички партии – затоа што, согласно нашата идеологија, СЛОБОДАТА претставува историско дело, а не дело на мислата!
ПОДОБАР СВЕТ Е НЕОПХОДЕН!
ПОДОБАР СВЕТ Е МОЖЕН!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ
ДСП „ЛЕНКА“
15.05.2015
2015
НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!!!
Последните два дена станува јасно дека револтот кај масите веќе не може да се контролира и се излива по скопските улици. Соочени со бесперспективноста и притиснати од секојдневието сервирано од владеачката елита, особено од последните објавени прислушкувани разговори, луѓето сфаќаат дека отпорот е единствен излез во ситуација кога се соочени со отворено репресивен апарат.
Ноќта на 5 Мај беше на некој начин клучна и после таа ноќ имаме отворен фронт. Таа вечер репресивниот полициски апарат тепаше и апсеше луѓе од сите возрасти на доста брутален начин и јасно ни даде на знаење дека не се предава без сериозна борба. Прикривањето на убиството на младиот Нешкоски ја сензибилизира целата маса и сите се ставија во улогата на тоа дека Мартин може да биде сечиј син, брат, другар; Ако за Таксим иницијалната каписла за протестите беше “сечењето на неколку дрвја” во Гези паркот, тогаш убиството и прикривањето на истото претставува многу поголема причина за барање на промени во општеството. повеќе…
2015
СООПШТЕНИЕ
По повод нападот на караулата во село Гошинце
Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“ остро го осудува нападот на караулата во с. Гошинце (Липковско). Според изјавата на портпаролот Иво Котевски, дадена без спроведена истрага, зад нападот стои терористичка група, наводно УЧК. Сметаме дека МВР, при толкувањето на мотивите за нападот, е многу конфузно и дополнително потенцирајќи дека станува збор за „терористи кои зборувале на албански јазик“ директно учествува во подгревањето на меѓуетничките тензии во РМ.
Апелираме до нашите сограѓани да не подлегнуваат на вакви провидни провокации и лошо намонтирани сценарија за дестабилизација и до крај да останат трезвени и разумни во своите постапки. На владејачките партии им порачуваме да не ја дефокусираат македонската јавност како би ја избегнале одговорноста за сопствените криминални и неморални постапки, а на опозициските партии им порачуваме да не ја злоупотребуваат оваа сензитивна проблематика којашто може да предизвика несогледиви последици на македонското општество.
Прогнозираме дека кога шовинистичките испарувања ќе изчезнат, масите ќе ја земат во предвид својата реална состојба и самите ќе почнат да извлекуваат свои заклучоци. Нивниот бес тогаш ќе се усмери кон владеачките врхушки и од македонска и од албанска националност, коишто ги наведуваат на смртоносен пат, полн со социјално уништување и економско осиромашување на народот.
Нас не ни е потребна нова меѓуетничка војна!
Нас ни е потребна надетничка КЛАСНА БОРБА.
ДСП ЛЕНКА
22.04.2015 година
- Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter