Движење за социјална правда

Штрајк во текстилната фабирка „Родон“ – Битола

B687D98E79EE71469CA1E195D25772E2

                Веќе два дена текстилната фабрика „ Родон “ од Битола штрајкува.  Над триста вработени решија да го кренат својот глас во борбата за она што нив им припаѓа –  правото над  неисплатени плати и неисплатен регрес за годишен одмор (односно К-15), и правото над здравственото осигурување.  Во текот на вчерашниот ден, откако започна спонтаниот штрајк, вравотените добија известување дека е донесена одлука со која истите се испратени на принуден одмор.  Но, и покрај ваквиот притисок,  вработените одлучија да го продолжат штрајкот и денес во дворот на фабриката, да укажат дека тие не се на принуден одмор, туку дека сето тоа е последица на нивниот штрајк.  повеќе…

0
img

8. март – Меѓународен Ден На Работните Жени

1

 

 

8. март се одбележува како ден на сеќавање на бунтот на работничките од текстилната индустија од 1857 година во Њујорк. Притиснати од лошите работни услови и уште полоши плати, излегуваат на улиците каде што ги дочека “демократскиот” пендрек на насилните државни органи на САД. Сепак овие жени не се откажале, и покрај притисокот, два месеци подоцна основаат синдикат.

 

Борбата на работничката класа има богата историја, којашто е херојска барем толку колку што е и крвава. Во таа борба жените секогаш се истакнувале со своето херојство, борејќи се рамо до рамо со своите машки колеги, неретко и предводејќи ги, сфаќајки дека борбата за општочовечката еманципација на работникот е единствениот начин да се постигне и еманципација на жената, која претставува неодвоив дел од таа општочовечка еманципација. повеќе…

ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА СИТУАЦИЈА

Protest-honorarci-9-Skopje 

Во изминатиот период на политичката сцена во Македонија се случија важни потреси, после кои се менува општата перцепција за општествениот ангажман со што уште еднаш се покажа дека ваквиот ангажман има резултати во борбата за општо добро и е полезен во подобрување на севкупната атмосфера. Исто така, важна поука од сите настани е дека борбата не смее да биде делумна и половична и дека понекогаш барањето на невозможното ги поместува границите за истото тоа да стане реална и опиплива категорија. Во оваа кратка анализа ДСП Ленка ќе ги обработи и образложи поважните настани од македонската политичка реалност од последните неколку месеци, за кои многу често се кажува дека донеле пролет на сред зима. повеќе…

0
img

Левичарски изгледи за решавање на проблемот со хонорарците

Овој краток документ е официјален став на ДСП Ленка околу прашањето за хонорарците и негово ставање во еден поширок општествен контекст. Сметаме дека во еден ваков систем, каде што економската детерминантна влијае на секој сегмент од животот, би било грешка доколку овој проблем го разгледуваме изолирано и надвор од тоталитетот.

Длабокото проникнување во скоро секој општествен проблем ќе покаже дека самото општество е еден организам каде што импликациите во поместувањата помеѓу неговите делови имаат причинско-последична врска во однос на резултатите во секој негов одделен сегмент. Кога пак се работи за материјалните ресурси, таа врска скоро секогаш е обратно пропорционална. Односно, финансирањето на решавање на одреден проблем, каков што на пример е овој со прекаријатната класа на работници, е на штета на одредени други проблеми кои помалку или повеќе бараат одредени материјални услови за нивно решавање. Дилемата се поставува во приоритетите и балансот на законодавецот, односно во либералната демократија, на партијата која има мнозинство во парламентот.

На почеток не е на одмет уште еднаш накратко да ги погледнеме импликациите од новите законски решенија предвидени од законодавецот:

Накратко оваа политика предвидува намалуваање на класата работници кои немаат никакво осигурување. Тоа е планирано да се постигне преку тоа што ке се оданочуваат (односно ке се изземаат средства од делот од хонорарите како придонеси за пензиско и здравствено осигурување) приходите по основ за хонорар исто како приходите кои се од редовен работен однос. Но, да ги погледнеме материјалните услови во кои треба да се спроведат овие мерки. повеќе…

Новите законски измени за хонорарците – социјална мерка или популистички маневар?

 10814236_10202260686958902_2084995573_n-1

Социјално одговорна власт!!??

 

        Многу често во македонската јавност се случува неосновано репродуцирање на еден став, а тоа е дека последната владеачка гарнитура, која ја води државата во последните осум и пол години е претежно социјално ориентирана, дека презема крупни социјални мерки, дека иако е десна и конзервативна се служи често со левичарски мерки во корист на најсиромашните. Имено, последната мерка која предвидува задолжително плаќање социјално осигурување за хонорарците и со тоа повлекува измена на пет постоечки закони, треба да е крунски доказ на социјалната ориентација на моменталната гарнитура и грижата за ранливите категории. Притоа, кога се репродуцираат овие стереотипи, постои тенденција да се заборават многу крупни анти-социјални и про-капиталистички потези на власта. Се заборава дека тоа е истата власт која го укина ионака недоволното прогресивно оданочување во 2006 година и воведе стапка на рамен данок на добивка и персонален данок на доход од 10%, се заборава дека тоа е власта која од 2008 година па навака ги намали сите стапки на придонеси за социјално осигурување кои газдите им ги плаќаат на своите вработени, се заборава дека тоа е власта која наоколу се фали со ниски трошоци за стопанствениците и лесната можност за отпочнување на бизнис во Македонија, се заборава дека тоа е истата власт која преку последните уставни измени го втемели принципот на финансиска екстериторијалност за странски компании кои ќе бидат изземени од важењето на домашното законодавство, освен Кривичниот законик. Се „забораваат“ и многу вакви поситни работи од секојдневието кои тотално го демаскираат вистинскиот анти-социјален карактер на власта и кои ги претставуваат сите нејзини социјални мерки како обични популистички маневри или народски кажано „фрлање на трошки“. Од текстот кој следува подолу, ќе може да се заклучи дека истата приказна ја следи и оваа мерка. повеќе…

0
img

Заеднички став на потписниците на Синдикалната повелба по повод воведувањето на плаќање на придонеси за задолжително социјално осигурување

10814236_10202260686958902_2084995573_n-1

Длабоко загрижени за ефектите што ќе ги предизвика воведувањето на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите по материјалната положба и правата на лицата кои вршат работа без договор или врз основа на договор на дело, но и на останатите работници, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права (Синдикатот на УПОЗ, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“) бараат од Владата на Република Македонија:

1) да ја одложи примената на измените на законите со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, со цел да се отвори простор јавноста да се произнесе за реперкусиите од нивното воведување и да се изнајде најповолно законско решение;

2) преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнато вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што за работниците не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување. повеќе…

0
img
Цитати
  • Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!