Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ПО ПОВОД ФОРМИРАЊЕТО НА НОВАТА ПАРТИЈА „ЛЕВИЦА“
Само Партија може да запре партија!
Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“ ја известува слободоумната македонска јавност дека го поздравува основањето на новата автентична политичка партија во Македонија – „ЛЕВИЦА“ создадена од сосема нови лица со кредибилитет стекнат преку долга километража на неколкугодишен искрен активизам позади себе.
Сакаме јавно да ги потврдиме медиумските написи од последниве неколку дена и да обзнаниме дека речиси целокупното активно членство на ДСП „ЛЕНКА“ работи во насока на популаризирање и идна судска регистрација на Партијата –но, притоа ЛЕНКА ќе продолжи да постои како самостоен правен субјект.
Нашите членови се решија на ваков потег со цел да дадат до знаење дека, за разлика од постоечките партии на македонската политичка сцена, ЛЕВИЦА е единствената која се создава „одоздола“, преку политичко зреење на досегашните неизвалкани граѓански активисти кои, согласно духот на времето, сфатија дека нема никаква поголема општествена корист од утопистички хоризонтални движења, краткорочни идеолошки непрофилирани акции и иницијативи или создавање на проектно ориентирани невладини организации.
Македонските прилики бараат сериозна и посветена структура која ќе ги обедини досегашните дисперзирани движења на отпорот во една организирана сила, создадена од нови еманципирани и класно освестени млади луѓе, кои работејќи заедно за општото добро, како што покажале многупати досега во изминативе осум години – секогаш ќе го артикулираат гласот на безгласните.
Улиците не ги напуштаме, но и Парламентот не им го оставаме!
Кога институциите се глуви, време е да влеземе во нив!
Подобро општество е неопходно, подобро општество е можно!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ
Скопје
15 ноември 2015
2015
С О О П Ш Т Е Н И Е
по повод исклучувањето на МЕСО од ССМ
ДСП Ленка остро го осудува исклучувањето на МЕСО, синдикатот за образование од страна на раководството на ССМ, кое даде наводно „образложение“ дека МЕСО го крши Статутот и Одлуките на соодветните тела и органи во рамки на ССМ.
Без да ја достави одлуката за исклучување до МЕСО, наложено е иселување на МЕСО од ССМ во рок од три дена. Во овој случај, не се почитуваше правото на приговор што секој синдикат член на ССМ го има согласно Статутот на ССМ. Ова доволно говори за фактот дека самоволието на Живко Митревски е побитно од синдикалната борба и дека најголемата конфедерација одамна е окупирана од бирократи кои најмногу мислат на сопствената фотелја. Она што Митревски не може да го прости е критичкиот (исправен) однос на МЕСО кон сервилниот однос на бирократијата во ССМ кон власта и работодавачите. Исто така „гревот“ на ССМ е што е потписник на неформалната Синдикалната Повелба за солидарност, каде што членуваат автентични синдикати и организации кои стојат рамо до рамо со МЕСО, обединети заедно поради потребата за синдикална борба, притиснати од бирократизираноста и нефункционалноста на големите бирократски централи.
МЕСО беше и ќе продолжи да биде вистински и доследен синдикат и без оглед на оваа одлука, синдикат кој секогаш реагира кога се напаѓаат работничките права, синдикат кој знае да излезе и од сопствената рамка на работничка борба и да поддржи и други прогресивни изблици во нашето општество.
Правдата е на страна на МЕСО, а овој потег на испаничените бирократи само говори дека ССМ се плаши од доследниот синдикализам во своите редови.
ДСП ЛЕНКА
24.09.2015 година
2015
СООПШТЕНИЕ
по повод најновиот упад во синдикатот во Битола
Уште еден удар врз синдикатите. Имено, поништен е легалниот и легитимниот избор на претседателката на синдикалната организација на СОНК при О.У. „ Елпида Караманди “ – Битола, д-р Фанче Јошевска. Таа истовремено беше претседател на регионалниот одбор на СОНК за Битола, Ресен и Демир Хисар.
Што се случи? На 27. 04. 2015 година, како единствен кандидат за претседател, д-р Фанче Јошевска беше реизбрана за претседател во синдикалната организација во О. У. „ Елпида Караманди “ – Битола. Во меѓувреме донесена е одлука за поништување на изборот, за што претседателката не била известена и не ѝ била дадена можност јавно да се обрати на советот. Подоцна, на 19.09.2015 година на одржаниот повторен избор за претседател на синдикалната организација беше избран поранешниот директор на училиштето Илија Белџигеровски. Изборот е извршен на брутален начин и со прекршување на Статутот на СОНК. Иако на состанокот синдикалците инсистираа да се одржи тајно гласање, тоа не беше овозможено. Згора на ова дојде до вербални закани и принуда врз членовите на синдикалната организација да гласаат за јавно гласање на кандидатите. Со тој притисок реално се создаде ситуација без услови за демократски избори и изразување на вистинската волја на гласачите. Голем дел од синдикалците ја напуштија просторијата и училиштето. Дел од оние кои го напуштија состанокот ги принудија да се вратат во училиштето за да се достигне кворум.
Навикнавме на газење врз правата на работниците, бидејќи молчиме и премолчуваме. Време е да ја рашириме идејата за солидарност. Работниците може да се потпрат само на себе.
ДСП Ленка веќе контактираше и оствари средба со разрешената претседателка и одлучно застанува во одбрана на автентичниот синдикализам. Борбата мора да продолжи.
ДСП Ленка
22.09.2015 година
2015
ДЕН ПОСЛЕ ПОБЕДАТА НА ЏЕРЕМИ КОРБИН (И што тоа би можело да значи за Европа и Македонија)
Џереми Корбин е нов лидер на Лабуристичката партија во Велика Британија. И тоа со победа во првиот круг и освоени 59,5 проценти, оставајќи ги против-кандидатите со минорна поделба на остатокот гласови. Оваа вест одекна како бомба и уште на денот на објавата ја подели британската и светска јавност на два дела. Едни со голем ентузијазам споделија и со големи надежи гледаат на овој избор. Други го дочекаа на нож, повторувајќи ги старите и излитени напади кои секогаш ги добива левицата која се отргнува, барем за момент, од прегратките на капиталот.
Дали дуваат нови ветрови, ветрови на промена од Запад? Овојпат во обратен правец од тој од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите? И дали овие ветрови ќе донесат промени и во останатите делови од Европа и пошироко? повеќе…
2015
МАРЈАН РИСТЕСКИ: СОЛИДАРНОСТ ПОМЕЃУ РАБОТНИЦИТЕ ПОСТОИ, НО НЕМА СОЛИДАРНОСТ ОД ВОДАЧИТЕ НА СИНДИКАТИТЕ!
Веќе неколку дена трае штрајкот на железничарите кој започна поради неисплатени плати и придонеси. Ова не е првпат железничарите да се одлучат на ваков чекор, тие се познати по својата синдикална борба и решителност во вакви клучни моменти. ДСП Ленка го поддржува овој штрајк, како и секоја друга автентична работничка борба и за таа цел поразговаравме со Марјан Ристески – претседател на независниот синдикат КСОМ (кој е дел од Повелбата за солидарност) со цел од прва рака да добиеме мислење и информации за овој штрајк. повеќе…
2015
Грција: Новиот договор – разочарување и казна за изборот „не“ на народот
(Напишано од комунистичката тенденција на Сириза, понеделник, 13 јули, 2015)
Да се организира масовен отпор против хунтата – составена од Тројката, олигархијата и капиталистичката влада – да се спречи верификувањето на договорот во парламентот.
Што треба да прават членовите на Сириза и на Левата платформа?
Меморандумскиот договор кој го потпиша премиерот на ЕУ самитот утрово и кој вклучува сериозни ограничувања, нови нивоа на превисоко оданочување на луѓето, пошто – зашто приватизации и кратења на платите и пензиите – не е ништо друго туку разочарување и предавање пред барањата на Тројката. Исто така, тој е казна за народот поради неговиот храбар, класно втемелен глас „не“ (на референдумот минатата недела).
Владата и водството на Сириза капитулираа. Ама работниот народ и младина нема да го сторат истото. Најзначајна задача во моментов е да се создаде масовно револуционерно „не“ движење на работничката класа со цел да се спречи прифаќањето на новиот меморандум од страна на парламентот и да се порази парламентарната хунта на „национално единство“. повеќе…
-
Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“
Дорис Лесинг
Златната тетратка