Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2016
Македонија – безизлез на либералната демократија
Случувањата во Македонија во последните 2 години покажаа дека преговорите на политичките елити немаат капацитет да исплодат вистински одржливи решенија за системските проблеми кои генерираат простор за криминална и авторитарна пракса.
По бранот на протести во мај 2015 годинасе случија оставки на високи владини функционери. Тогаш и завршија протестите кои кулминираа со масовен митинг на 17 мај 2015 година организиран од најголемата опозициска партија, а поддржан од помали опозициски субјекти и невладини организации, (види линк на англ. http://www.marxist.com/which-way-forward-for-mass-movement-in-macedonia.htm) Токму тие што дадоа оставки беа директно инволвирани во криминалните активности кои беа обелоденети од т.н. политички бомби. Атмосферата која се создаде со оставките беше атмосфера на еуфорија и се чувствуваше победата од страна на масовното движење. Сепак, оваа почетна победа не се искористи во правилна насока, т.е. енергичноста кај протестното движење се расеја во карневализација на револтот и кампување пред зградата на Владата, наместо да се продолжи со вистински протести и со други можни методи на борба (окупации, блокади и сл). повеќе…
2016
А народот кој ПОВЕРУВА имаше едно срце и една душа И НИКОЈ НЕ ВЕЛЕШЕ ДЕКА НЕШТО ОД НЕГОВИОТ ИМОТ Е НЕГОВО ТУКУ СЕ’ ИМ БЕШЕ ЗАЕДНИЧКО
“А народот кој ПОВЕРУВА имаше едно срце и една душа И НИКОЈ НЕ ВЕЛЕШЕ ДЕКА НЕШТО ОД НЕГОВИОТ ИМОТ Е НЕГОВО ТУКУ СЕ’ ИМ БЕШЕ ЗАЕДНИЧКО„ (Евангелије по Лука 4:32)
Празниците се празнуваат само ако е исполнета нивната суштина, можат да слават само оние што суштината нивна ја живеат!
Денес два големи празника во еден ден, но чуму празници ако славениците едвај преживуваат преку цела година!? Празниците во вакви околности се само лажна вредност во суровата реалност, како на работникот така и на верникот.
Работиците обесправени, нивните права погазени, разединети и поробени од шака народ кои средствата за производство ги држат во свои раце, капиталисти! Работниците кои ги создаваат сите добра во заедницата човекова, бдеат во беда на социјалната периферија на истата таа заедница, чуму таков празник!
Верниците, они кои го слават воскресението на нивниот учител, следбеници на денешните црно-мантијаши и црквеници како самодекларирани наследници на ликот и делото Христово. Верниците кои на богослужбите од своите разурнати, влажни и тесни домови доаѓаат во раскошните и позлатени храмови во какви Христос никогаш не беше стапнал. Клеровите ги прелажаа верниците, своите домови ги претворија во сараи и палати во името на Бога а на верниците им го одземаа достоинството како работници и ги оставија и понатаму да страдаат за основните нивни потреби за преживување во секојдневниот живот.
Напишано е: „Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бог“. Напишано е исто така: „Не искушувај го Господ, твојот Бог., Бегај од мене сатано, зашто е напишано: На Господ твојот Бог да му се поклонуваш и само него да му служиш“.
Работникот и Верникот имаат исти интереси и непријатели:
– НЕ ЗА ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ!
– ПРОТИВ КЛЕРОВИТЕ и КАПИТАЛИСТИТЕ!
ЗА СОЦИЈАЛИСТИЧКО И ПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО!
ДСП „Ленка“
1. Мај 2016
2016
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС
Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија го испраќаат следниот
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС
Постојаното погазување на правата и достоинството на работниците е една од клучните неправди што ги живееме. Заедно да го кренеме гласот на протестен марш!
Се обединуваме во борбата за остварување на следниве заеднички Ц Е Л И:
- донесување нов Закон за работни односи кој што ќе овозможи вистинска заштита за работниците во приватниот и во јавниот сектор, преку:
– ослободување на правото на штрајк, бидејќи, преку спорни одредби во актуелните закони, на работниците им е отежната борбата за своите права преку штрајкови;
– нормализирање на процесот за регистрација на синдикатите и синдикалните организации согласно одредбите на Конвенциите 87 и 96 на Меѓународната организација на трудот (МОТ);
- итно изедначување на минималната плата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со сите останати категории работници согласно Уставот и законите на РМ, како и конвенциите потпишани од страна на државата;
- промени во Законот за безбедност и здравје при работа со кои здравјето на работниците ќе се стави како приоритетен аспект на работниот однос;
- повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор – два закони што го киднапираа достоинството на вработените во јавниот сектор;
- со повлекувањето на горенаведените закони, бараме враќање на Законот за државните службеници со оригиналниот текст од 2000 гoдина
- повлекување на Законот за културата и на подзаконските акти донесени врз основа на истиот;
– со повлекувањето на горенаведениот закон, бараме враќање на Законот за култура од 1998 и отпочнување преговори за потпишување на Колективен договор за вработените во културата;
- повлекување на сите измени и дополнувања на Законот за високо образование од 2008 година до денес, сè до донесувањето нов ЗВО во кој ќе се обезбеди потполно почитување на правото на автономија на Универзитетот, квалитетен и одржлив развој на вискообразованата дејност, како и изземање на јавните високообразовни установи од системот на трезорско финансирање.
- законско регулирање на партиципативно студентско организирање и демократска студентска репрезентација во високообразовните установи;
- повлекување на сите измени на постојниот Закон за надворешни работи од 2008 година до денес и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени
– враќање на оригиналниот текст на ЗНР од 2006 година во сила, со единствена цел за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика;
- донесување нов Закон за медиумите кој ќе биде прифатлив за новинарите и медиумските работници и регулирање на платите и останатите права преку законска рамка (односно Колективен договор изготвен од ССНМ)
- вклучување на сите грански синдикати во процесот на социјален дијалог на би- и три-партитно преговарање
- отпочнување со инклузивен процес на преговарање за нови Општи колективни договори за вработените во приватниот и во јавниот сектор;
- потпишување Колективни договори за сите гранки и дејности кои ќе ја отсликаат вистинската слика на борбата за подобри работнички права во Република Македонија.
Повикуваме на здруженост во борбата за поголеми права и подобри услови за работа. Вруваме дека само преку соработка и работничка и синдикална солидарност можеме да се спротиставиме на притисокот на актуелните антиекономски и антисоцијални политики.
Потписници на Повелбата за солидарност:
Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС) , Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ, Движење за социјална правда ЛЕНКА, Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО), Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС) и Младинска организација МУГРА
2016
Фундаменталистичкиот став кон жените на граѓанското здружение „Ќопру“ (Köprü)
Деновиве редакцијата на Ленка го доби ова Писмо од девојка која порано работела во граѓанското здружение за кое што станува збор во истото.
Писмото во целост ви го пренесуваме како превод на Редакцијата од турски јазик. Притоа, напоменуваме дека авторката сака да остане анонимна.
Граѓанското здружение „Ќопру“ кое во Македонија е активно уште од 2002 година па наваму и кое во своите декларативни цели наведува дека се залага и активно делува во областа на уметноста, културата и образованието, а добива сериозна, како материјална, така и идејна поддршка од Република Труција, со својот односот кон младите и своите вработени, покрај работничките ги крши и основните човекови права. Односот на ова здружение кон младите е надвор од почитување на осносвните слободи и права на индивидуата.
2016
За хуманистичката иднина низ историскиот тоталитет на класната борба
Историјата на секое досегашно општество е историја на класни борби
Оваа сурова борба низ историјата се водеше низ различни форми на привидение. Модерно современа и најпозната е борбата на црнечката раса како подредена во Американското општество. Она што еден од предводниците на страната на црнечката раса Мартин Лутер Кинг ќе го забележи може да го поимаме како такво за сите досегашни судири на класни форми. Имено, Кинг ќе предпостави дека цекот од сегрегацијата на црнечкиот народ на американското опшетство ќе му се врати многу поголем и поскап кој би можел да води дури и до самоуништување на таа политичка заедница. Но, дали цекот се уште не е прескап?! Се чини дека светот веќе ги надмина сите НЕцивилизациски појави но, сепак цекот кој го плаќа е голем и води кон самоуништување!
2015
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ПО ПОВОД ФОРМИРАЊЕТО НА НОВАТА ПАРТИЈА „ЛЕВИЦА“
Само Партија може да запре партија!
Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“ ја известува слободоумната македонска јавност дека го поздравува основањето на новата автентична политичка партија во Македонија – „ЛЕВИЦА“ создадена од сосема нови лица со кредибилитет стекнат преку долга километража на неколкугодишен искрен активизам позади себе.
Сакаме јавно да ги потврдиме медиумските написи од последниве неколку дена и да обзнаниме дека речиси целокупното активно членство на ДСП „ЛЕНКА“ работи во насока на популаризирање и идна судска регистрација на Партијата –но, притоа ЛЕНКА ќе продолжи да постои како самостоен правен субјект.
Нашите членови се решија на ваков потег со цел да дадат до знаење дека, за разлика од постоечките партии на македонската политичка сцена, ЛЕВИЦА е единствената која се создава „одоздола“, преку политичко зреење на досегашните неизвалкани граѓански активисти кои, согласно духот на времето, сфатија дека нема никаква поголема општествена корист од утопистички хоризонтални движења, краткорочни идеолошки непрофилирани акции и иницијативи или создавање на проектно ориентирани невладини организации.
Македонските прилики бараат сериозна и посветена структура која ќе ги обедини досегашните дисперзирани движења на отпорот во една организирана сила, создадена од нови еманципирани и класно освестени млади луѓе, кои работејќи заедно за општото добро, како што покажале многупати досега во изминативе осум години – секогаш ќе го артикулираат гласот на безгласните.
Улиците не ги напуштаме, но и Парламентот не им го оставаме!
Кога институциите се глуви, време е да влеземе во нив!
Подобро општество е неопходно, подобро општество е можно!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ
Скопје
15 ноември 2015
- Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter