Движење за социјална правда

Работничката класа во Октомври

cw-11793-medium

Работничката класа, војската и селаните пред 1917 година повеќе пати имаа пробано да ја преземат власта. Кога мислеа дека се е завршено се случи неочекуваното, повторно тргнаа во поход. Работничката класа ја постигна целта кон крајот на октомври 1917-тата година, според стариот руски календар, а според новиот во почетокот на ноември 1917-тата. После Февруарската револуција, работничката класа очекуваше суштински промени од буржуазијата, патем која им ја презеде власта на работниците и направи привремена влада. Таа (работничката класа) не забележа никакви промени,  незадоволна од управувањето на буржоазијата, под слоганот „вие не можете да  управувате додека пак ние не сакаме да бидеме управувани“ се кренаа против буржоазијата во април, јуни и јули и секој нареден пат беа се пожестоки.

Буржоазијата, ситуацијата ја доведе до државен удар. При обидот за државен удар падна демократската маска на буржоаската влада, како што тоа секогаш се случува и подоцна низ целиот свет. Буржоазијата не остави простор за било какви реформи освен револуционерни промени, бидејќи само на тој начин можеа да се задоволуват основните потреби на народот, а тоа се, мир, земја и леб! Незадоволувањето токму на овие потреби доведе до долго очекуваната револуција.

Најважниот момент за Октомвриската револуција беше тоа што народните маси сватија дека единствениот излез е во револуционерната промена. Буржоаската влада отиде до таму што дури се служеше и со патриотизам за да го убеди народот за понатамошно учество во првата светска војна, а во исто време се служеа и со анти-комунистичка пропаганда, на сметка на болшевиците.

Болшевиците ја поддржуваа борбата против внатрешната буржоазија и често велеа дека борбата првенствено треба да се води внатре, против својата буржоазија, односно против државната. Додека растеше влијанието на болшевиците во масите, се ширеа лаги дека Лењин и Зиновјев се германски агенти! Овие лаги им наштетија на болшевиците со тоа што произлезе одлука за апсење на Лењин и Зиновјеј а тие се повлекоа на наопределено време. Троцки застана против јавното мислење и ги штитеше Лењин и Зиновјев со тоа што заработи затворска казна. Но на крајот, како секоја лага, се обелодени и оваа.

Борбата меѓу буржоазијата и болшевиците предизвика да падне патриотската маска на буржоазијата. Додека се ширеше работничкото движење во Петроград, буржоаската влада порадо ќе им ја предадеше земјата на германските империјалисти отколку на руските работници, дотолку одеше нивната идолошка заслепеност. Со тоа докажаа дека не се ниту патриоти а ниту пак мислат на својот народ, туку дека единствена цел им е да ја задржат власта и бенефициите кои ги носи истата. Тие се трудеа војниците револуционери да ги пратат на фронт, за истите да не можат да останат во Петроград бидејќи чувствуваа голем ризик. Буржоаската класа со своите дејствија покажа дека единствено решение за работниците е да ја преземат власта во свои раце.

После неуспешниот обид за државен удар на Корнилов кој беше спречен токму од болшевиците, кои пак после овој настан добија голема поддршка од војниците, работниците и селаните а пак буржоаската влада беше сосема демаскирана.

На чело на воениот револуционерен комитет беше поставен Лав Троцки. Тој ја поништи претходната одлука за одење на членовите на воениот револуционерен комитет на фронт и донесе нова одлука за истите да останат во Петроград, со што болшевиците добија поголема моќ. Всушност, буржоаската влада само сакаше да ги оддалечи нив од Петроград. Троцки даде наредба за оружјето од фабриката за оружје да им се предаде на болшевиците во Петроград. Додека војниците ги слушаа наредбите на Троцки, црвената милиција го завземаше градот. Кулата Пјотр и Павел била важна од стратешки причини. Троцки преку разговор и агитација успеал да ги смири групациите во кулата и истата станала револуционерна кула.

Официјално на власт беше буржоаската влада, но секој ден се повеќе ја губеше поддшката а со тоа и моќта. Додека пак, советите требаше да имаат заеднички одговор за ова ситуација. Троцки бил спремен очекуваниот напад да го искористи за целосно преземање на власта. Претседателот на привремената влада Керески го отпочна нападот со тоа што ја нападна болшевичката печатница.  Една млада работничка трчајќи стигна до советски штаб Смолниј барајќи помош од Троцки. Таа ноќ се испчатија илјадници болшевички весници кои го осудуваа конта-револуционерното дејствување на Керенски. Керенски објави војна. Револуционерните работници, селани и војници, теоретски и практично, беа подготвувани од страна на болшевиците токму за овој ден. После случувањата, одговорот беше јасен – револуција!

Посебно внимание се обрнуваше на тоа револуцијата да отпочне за време на рускиот конгрес на работниците, селаните и војниците. Многу е важно да се напомене дека болшевиците не сакаа да направат државен удар, туку народна вооружена револуција. Болшевиците може да ја преземат власта на различни начини, со манупулации, заговори и слично, но не го направија тоа, бидејќи целта не беше само да се освои власта, туку да се уништи буржоаскиот државен апарат и на негово место да се изгради нова пролетерска влада, односно да се воспостави диктатура на пролетаријатот. Или како што се нарекува и подоцна, работничка демократија која демократијата ја исполнува и суштински а не само како сувопарна форма во која работниците се нај недостојна класа која страда.

russian-revolution-HНовата влада, која никна од Советската демократија, се покажа како најдобар облик за овековечување на енергијата на револуционерниот народ, со целосно почитување на основните потреби на истиот. Советите обрнаа големо внимание на тоа во револуционерните процеси, работниците, селаните и војниците да добијат легитимитет. Но, револуцијата не е прашање по кое се гласа, туку тоа е војна на волјата. Поради таа причина болшевиците воопшто не помислуваа на гласање, туку избраа да ги окупираат важните места како што беа, железничката, ПТТ, електраните, клучните мостови, складилиштата за храна, големите печатници и секако, Државната банка. Овие дејствија ги направија без воопшто да се пролее крв. Конечно беше освоен и зимскиот дворец и беше отпочнат советскиот состанок. Против револуционерната волја застанаа ситните бужроаски групи, додека пак меншевиците го напуштија состанокот.

Откако падна буржоаската влада, министрите на истата беа уапсени, додека пак Керенски успеа да избега. Од друга страна пак, советските делегати со голем ентузијазам го прифатија советот на народните комесари на чело со Лењин. Револуционерите кои целиот нивен живот го имаа посветено на борбата не прифаќаа да бидат именувани како министри и затоа избраа ново име, а тоа е, Советот на народни комесари.

Не само називите на владата и функцинерите, во Русија се променија многу суштински работи во општествено-економското уредување.  Со тоа патот на пролетерската револуција веќе беше отворен за целиот свет!

 

Џејлан Велиу

Октомври, 2017. Скопје

Клучни зборови: , , ,
0
img

150 години од „забранетата“ книга – „Капиталот“

das kapital

Работникот колку повеќе богатство произведува, колку расте продуктивноста и силата на трудот, тој толку станува се посиромашен.

К.Маркс во „Капиталот“

„Капиталот“ е книга која 150 години го бранува светот. Ова е дело кое со своите наоди и темелни анализи за односот меѓу капиталот и трудот неколку пати го потресе светот, а и понатаму ги предизвикува етаблираните вистини од граѓанската економија. Дело каде овој однос на капиталот и трудот е како атом околу кој се врти целиот наш денешен општествен свет; дело пред кое јасно и прегледно лежи целата област на модерните социјални односи, како низини и полиња пред гледачот што стои на највисокиот врв.

Авторот на Капиталот како една револуционерна и автентична социјална наука е Карл Маркс. Во таа насока важност на револуционерните погледи и методи кои се развиени во ова дело најдобро се опишани од страна на Енгелс на посмртниот говор на гробот на Маркс од 1883 година: „Како што Чарлс Дарвин го откри законот за развој на органската природа, Маркс го откри законот за развој на човечката историја.“. Првиот том од оваа книга е отпечатен во Германија. Капиталот е пишуван цели 20 години, содржи три тома и претставува книга која ни ги открива „тајните“ на материјалниот свет кој не опкружува, поточно ги симнува маските од сите социјални и културни појави како последица на материјалните околности.

Карл Маркс работел исто како и работниците во тоа време, но со една многу голема разлика. Додека работниците работеле во две смени и во две различни групи, Маркс работел дење по 12 часа и во ноќните часови откако ќе заспиеле неговите деца. Во тие денови семејството Маркс минувало низ тежок период. Имало случај кога Маркс под „хипотека“ ги дал своите обувки и не можел да излезе од дома неколку дена.

Но сите тие лични страдања, пред се на самиот Маркс па и неговата фамилија, вредеа, се создаде Капиталот како радикална критика на политичката економија во чија точност убедени се и капиталистите, но не го признаваат тоа, бидејќи во спротивно ќе се соочат со тоа дека за нив нема излезно решение освен и тие според своите можности како и останатите да се вклучат во производствениот процес кој е неопходен за текот на секојдневието.

Модерниот свет после 1867 година веќе не веруваше дека светот е сопственост на буржоаската класа и дека работниците и селаните треба да бидат нивни робови кои секојдневно се повеќе ќе ги угнетуваат и газат и тоа само со една цел – зголемување на својот профит. И тоа само на сметка на работниците кои деноноќно животите си ги даваа за парче леб. Маркс објасни дека капитализмот претставува угнетувачки систем и систем кој нема иднина, кој вирусот што го напаѓа е токму произведен од него, а тоа се производителите и работници кои во одреден период од развитокот на системот во борбата против капитализмот немаат што да изгубат освен своите окови.

 

„Капиталот“ претставува ноќна мора за буржоаската класа.

Напишав „социјална наука“, но тоа не значи дека Капиталот треба да се држи со бели ракавици, не значи дека е книга која треба да се анализира во лабораторија, туку напротив. Капиталот е книга која е разбирлива и за работничката класа и за селаните како и за буржоаската класа. Капиталот е темелна обработка на Комунистичкиот Манифест, бидејќи во Капиталот обработени се деловите кои говорат за тоа како работничката класа, ќе ја превземе власта и во политички и во социјален сегмент.

Маркс и Енгелс се првите социјалисти кои зборуваат за натежнувањето на капитализмот врз работничката класа; за невработеноста, за сиромаштијата, за политичката и социјалната нееднаквост меѓу луѓето, и првите што бараат економска, социјална еднаквост на сите пред законите. Тие пишувале дека капитализмот е невозможен и дека треба да се промени со социјализам. Мислењата на Маркс и Енгелс се базираа на вистинските случувања и односи во светот, а не на добронамерните фантазии на социјал утопистите. Тие тврдеа дека досегашната историја е историја на класната борба. Исто така тврдеа дека капитализмот е систем во кој секогаш ќе има две спротивставени страни, се додека не преовлада работничката класа, затоа што, како што и напишав погоре, капитализмот е осуден на самоуништување, тој во себе ја произведува својата пропаст.

Во оваа борба за зголемување на капиталот, капиталистот мора да воведува нови мерки и нови технологии. Но ова, полека на сигурно, го поткопува капитализмот, се додека тој во иднина не се претвори во пречка пред средствата за производство што самиот ги создаде. Капитализмот нема да успее да се спаси од кризата во која ќе се вовлече. А во таков случај, единствениот излез е револуцијата. Револуцијата ќе биде потфат токму на работничката класа која што капитализмот ја создаде.

Во Капиталот објаснети се причините зошто никогаш газдите и работниците не можат да се согласат. Сите економисти, освен Маркс зборуваа за модалитети во кои газдата и работникот можат да се договорат и да дејствуваа заедно бидејќи и двајцата се борат за профит. Единствено Маркс зборува за тоа дека профитот на газдата е создаден од работникот и дека капиталистот е тој што го узурпира најголемиот дел од неговиот труд, оставајќи му ронки за да може да преживее и да продолжи да го оплодува и понатаму капиталот а згора на тоа и останувајќи му благодарен за ронките кои ги добива за возврат на неговиот труд. Маркс вели дека богатството на капиталистот потекнува од неговото угнетување на работникот, од крадењето на неговиот труд. Капиталистот, профитот кој го заработува преку угнетување на работникот, го претвора во нова инвестиција преку која угнетува нови работници и тоа така продолжува во круг.

Оваа угнетување е причина за постојаната борба меѓу угнетуваните и угнетувачите. Понекогаш борбата трае долго, затоа што угнетените се откажуваат од борбата или пак го одложуваат нејзиниот конечен крај. Се формираат синдикати дури и политички партии кои ги штитат класните интереси. Но сите договори на овие групации се минливи, не остануваат до крај, поточно не водат кон револуционерни промени, туку претставуваат компромис помеѓу угнетените, угнетувачите и „мировниците“ кои сакаат да направат компромис меѓу нив. Од друга страна пак, сопствениците на капиталот, газдите, иако навидум се согласуваат со договорот, сепак продолжуваат со скриени и интригантни напади кон работниците, нивните организации, синдикати па дури и нивните политички партии.

Колку и да било намалено угнетувањето сепак го имало. Затоа што средствата за производство ја прават посилна буржоазијата. Додека пак, работникот нема ништо друго освен неговиот труд. Профитот е најважен, тој управува дури и со државата. Работникот е оној кој постојано се бори, понекогаш добива некои битки но, тоа не става крај на угнетувањето на буржоаската класа.

 

Да ги угнетеме угнетувачите!

Инвеститорите секогаш се добро организирани за да можат полесно да го угнетуваат работникот. Големите претпријатија ја земаат работата не само на малите и семејни претпријатија туку и на локалните. Со тек на време производството се планира се во поголеми рамки.

Ова не се случува во поединечни земји и економии, туку во цел свет. Светската економија го зазема местото на националната економија воведувајќи секакви олеснителни околности за странските директни инвестиции, кои всушност претставуваат нови логори за работниците. За кои логори државата дава согласност – согласност за угнетување. Светската економија ги држи во рака конците на националната економија и ги испреплетува на таков начин што не можат да се одврзат. Оваа економија може да се развива само плански, но сепак средствата за производство остануваат приватни. На крај на краиштата, она што е потребно не е поголема економија односно повеќе производство туку еднаква распределба на веќе постоечкото кое и онака доволно го има за сите.

haos vo kapitalizmotСамо планска економија е таа кој може да создаде работничката класа која може да го изгради мостот од социјализам до комунизам. Да, капитализмот ќе се брани, тој до сега се покажа доста жилав и адаптабилен на се во име на профитот, нема лесно да се предаде, но револуцијата веќе преминува во потреба во целиот свет. Потребна ни е револуција за да се создаде бескласно општество – комунистичко. Како што вели Маркс, да ги угнетеме угнетувачите.

Реформистите кои во нивните фантазии создаваат подобар свет, се лажат. Човештвото ќе се спаси само кога двете најголеми сили ќе се судрат: силата на капиталот и силата на трудот; силата на угнетувачот и силата на угнетениот, но не заборавајте дека угнетениот ќе извојува победа поради големиот гнев што е собран во него, гнев кој е предизвикан од експлоатацијата на неговиот труд и страдањата на својот социјален вид наназад во историјата. Токму Маркс прогласува неминовност и неопходност од политичка партија, поточно работничката револуционерна парија која ќе ги води работниците кон ослободување од прангите на капиталот.

Капиталот на Маркс претставува најголема опасност за капитализмот, бидејќи во него го објаснува функционирањето на приватната сопственост, на угнетувањето, на крадењето на трудот на работниците и најважното, како да се стави крај на сето ова.

Работници од целиот свет, обединете се, бидејќи нема што да изгубите, освен вашите окови!

 

Џејлан Велиу

ДСП-Ленка, 21.10.2017.

Клучни зборови: , ,
0
img

Феноменот на глобализацијата/Глобализацијата на ремонт (целосни одговори на прашањата за весникот Нова Македонија)

Подолу ви ги пренесуваме целосните одговори на нашите членови Хактан Реџеп Исмаил и Зоран Василески на прашањата од дневниот весник Нова Македонија во врска со феноменот на глобализацијата, а коишто  беа  објавени делумно од страна на весникот на следниов линк: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%93%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82&id=08497d5b-380e-4a83-b395-2e2ff4b5283a.

  1. Зошто идејата за глобализација е во криза?

Глобализацијата е доста „шаренолик“ и контроверзен поим за да може децидно да се констатира дека таа е во криза, како што впрочем прејудицира ова прашање; или пак дека не е во криза, земјаќи ги во обзир распалените меѓународни односи и социјални деструкции низ одредени делови од денешниот свет.. Но, ако појдеме од тоа дека глобализацијата е процес на некакви си промени кои што притоа имаат нешто заедничко, а што се случуваат во различните политички заедници низ целиот свет, тогаш ќе воочиме дека, тоа заедничко е капитализмот и ширењето на неолибералните идеи. Капитализмот е мотор на глобализицијата, денес не може да се замисли глобализирање на едно општесво без негова претходна или континуирана нео-либерализација! повеќе…

Каде се работничките права?

1

Достоинството е над смртта.  Но, каде е достоинството на работникот?

Чикаго, 1886 година – околу 200.000 работници излегуваат да се борат за своите права.

Македонија, 21 век – константно кршење на работничките права.

„ Правилата на глобалната економија треба да бидат насочени кон подобрување на правата, благосостојбаta, безбедноста и можности за луѓето, семејствата и заедниците низ целиот свет . “ – Светската комисија за социјална димензија на глобализацијата, 2004

Живееме во земја каде работничите права се непознати за работникот.  Рабоникот е без достоинство, правда, еднаквост, сигурност…Кога Кочо Рацин би бил жив би се срамел од тоа дека се она што пишувал припаѓа токму денес, во ова време и во неговата сопствена земја.  Ништо не е променето од она што тој го доживувал и пренесувал на хартија.  Веројатно е само полошо.  Текстилните работници се крајно експлоатирани, а за тоа никој нема слух.  Имаат неисплатени плати, неисплатени придонеси, неисплатен регрес за годишен одмор, неисплатени прекувремени работни часови за кои не се ни зборува дека постојат, смрт на работно место за која никој не одговара како и ситуација кога дел од опремата за работа, којa според законските одредби мора да биде обезбеденa од работодавецот мораат да ja купуваат од сопствени финансиски средства.  Немање заштита при работа и мизерни услови во кои ги исполнуваат работните обврски.   Понижување, мобинг, одземање на секое работничко право се дел од секојдневието на македонскиот работник.  Постои агенда за пристојна работа на меѓународната организација на трудот, но очигледно намерно е заборавена односно за Македонија е непозната.  Каде се новите работни места кои на работникот ќе му претставуваат задоволство, а не мачење и каде е почитувањето на меѓународните стандарди на трудот? повеќе…

Македонија – безизлез на либералната демократија

 

Случувањата во Македонија во последните 2 години покажаа дека преговорите на политичките елити немаат капацитет да исплодат вистински одржливи решенија за системските проблеми кои генерираат простор за криминална и авторитарна пракса.

 

По бранот на протести во мај 2015 годинасе случија оставки на високи владини функционери. Тогаш и завршија протестите кои кулминираа со масовен митинг на 17 мај 2015 година организиран од најголемата опозициска партија, а поддржан од помали опозициски субјекти и невладини организации, (види линк на англ. http://www.marxist.com/which-way-forward-for-mass-movement-in-macedonia.htm)  Токму тие што дадоа оставки беа директно инволвирани во криминалните активности кои беа обелоденети од т.н. политички бомби. Атмосферата која се создаде со оставките беше атмосфера на еуфорија и се чувствуваше победата од страна на масовното движење. Сепак, оваа почетна победа не се искористи во правилна насока, т.е. енергичноста кај протестното движење се расеја во карневализација на револтот и кампување пред зградата на Владата, наместо да се продолжи со вистински протести и со други можни методи на борба (окупации, блокади и сл). повеќе…

А народот кој ПОВЕРУВА имаше едно срце и една душа И НИКОЈ НЕ ВЕЛЕШЕ ДЕКА НЕШТО ОД НЕГОВИОТ ИМОТ Е НЕГОВО ТУКУ СЕ’ ИМ БЕШЕ ЗАЕДНИЧКО

954619_10151609514041952_1451747105_n

 

 

“А народот кој ПОВЕРУВА имаше едно срце и една душа И НИКОЈ НЕ ВЕЛЕШЕ ДЕКА НЕШТО ОД НЕГОВИОТ ИМОТ Е НЕГОВО ТУКУ СЕ’ ИМ БЕШЕ ЗАЕДНИЧКО„ (Евангелије по Лука 4:32)

Празниците се празнуваат само ако е исполнета нивната суштина, можат да слават само оние што суштината нивна ја живеат!

Денес два големи празника во еден ден, но чуму празници ако славениците едвај преживуваат преку цела година!? Празниците во вакви околности се само лажна вредност во суровата реалност, како на работникот така и на верникот.

Работиците обесправени, нивните права погазени, разединети и поробени од шака народ кои средствата за производство ги држат во свои раце, капиталисти! Работниците кои ги создаваат сите добра во заедницата човекова, бдеат во беда на социјалната периферија на истата таа заедница, чуму таков празник!

 

Верниците, они кои го слават воскресението на нивниот учител, следбеници на денешните црно-мантијаши и црквеници како самодекларирани наследници на ликот и делото Христово. Верниците кои на богослужбите од своите разурнати, влажни и тесни домови доаѓаат во раскошните и позлатени храмови во какви Христос никогаш не беше стапнал. Клеровите ги прелажаа верниците, своите домови ги претворија во сараи и палати во името на Бога а на верниците им го одземаа достоинството како работници и ги оставија и понатаму да страдаат за основните нивни потреби за преживување во секојдневниот живот.

 

Напишано е: „Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бог“. Напишано е исто така: „Не искушувај го Господ, твојот Бог., Бегај од мене сатано, зашто е напишано: На Господ твојот Бог да му се поклонуваш и само него да му служиш“.

 

Работникот и Верникот имаат исти интереси и непријатели:

– НЕ ЗА ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ!

– ПРОТИВ КЛЕРОВИТЕ и КАПИТАЛИСТИТЕ!

ЗА СОЦИЈАЛИСТИЧКО И ПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО!

 

 

ДСП „Ленка“
1. Мај 2016

 

 

0
img
Цитати
  • Оној кој не се движи, не ги забележува своите окови. Роза Луксембург
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!