Движење за социјална правда

Стечаец

Да бидеш стечаец,
значи да си жртва.
Да живееш ден за пола ден,
и надежта за утре да ти е мртва.
Да бидеш стечаец,
значи да си згазен.
Да со спомени се тешиш,
но лежиш и чмаеш со стомак празен.
Да бидеш стечаец,
значи да си пијан и везден мрштен;
Во полна куќа огол сам,
и духовно и физички секогаш скршен.
Да бидеш стечаец,
значи да уметноста е далечна;
забавата и задоволство недопустливи
а пуста ти желба вечна!

 

Хактан

Клучни зборови: ,
0
img

До Народот на Англија

До Народот на Англија

1

Поданици на Англија, зошто сте се спрегнале
во плугот на лордовите што од ќеф залегнале?
Зарем не се со вашата мака и грижа фатирани
богатите облеки што ги красат вашите тирани?

2

Зошто штом пркнете од лулка па сé до гроб
секој од вас на неблагодарни трутови е роб?
Ги храните и заштитувате спокојно да спијат
оние што пот ви цедат и крвта ви ја пијат!

3

О, Пчели на Англија,зар секој вреден човек
камшици, синџири и мноштво оружје не кове
за тие килави трутови да имаат силна рака
со изнудените производи на вашата мака?

4

За раат, удопства и спокојство си желен,
да имаш стан, храна и од љубовта мелем!
И да можеш да купиш, ќе го кркаш стапот,
со стравот и болката сé ќе платиш скапо!

5

Семе ти сееш а за друг жетвата е добра;
сé вредно што најдеш друг си го собра;
со облеки што ти ги ткаеш друг се кити;
оружје што ти го ковеш другиот го штити.

6

Сеј семе за жетвата да е твоја, макар и слаба;
најди азно но не давај измамник да ти го граба;
ткај облека но не давај мрзливецот да се краси;
ковај оружје за со него сопствен бранител да си.

7

Набутани сте во дупки, подруми и колиби мали,
за туѓи уживања работите во фабричките хали.
Зошто носиш синџири што самиот си ги скова?
Глејте, челикот што го калите нишани во вас!

8

Со плуг и разбој ил` со токмак во каменолом,
ти го бележуваш плацот на твојот вечен дом;
исткај си ја својата ликвидациона зобница –
и убавата Англија ќе биде твоја гробница!

Автор: Перси Б. Шели
Превел: Љубомир К. Бочваров

Клучни зборови:
0
img
Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!