Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2018
Груп Јорум – нешто многу повеќе од музичка приказна
Групата Јорум (турс. Grup Yorum), е музичка дружина која е формирана во 1985 година од страна на четворица другари студенти при Универзитетот во Мармара. Јорум, уште од нејзиното формирање е многу повеќе од музичка група, впрочем самото име на групата („уorum“, мк. „став“ или букално „коментар“) алудира на тоа дека музиката која оваа дружина ја создава е само средство да се искажат ставовите во однос на политичките состојби како и да се деконструираат историските „вистини“ кои секојдневно се репродуцираат од страна на државата.
Групата, преку музиката го изразува револтот на народот опевајќи народни херои и компонирајќи и актуелизирајќи ги текстовите од разни помалку или повеќе популарни револуционерни поети како акт на борба против капитализмот, империјализмот и особено домашната елитна буржоазија. Групата, промовирајќи ги сопствените политички погледни не се однесува само како класична музичка група која одржува концерти и снима албуми, туку членовите на оваа музичка група со својата музика и дела учествуваат на разни протести, антикапиталистички и антиимперијалистичјки иницијативи, штрајкови како и окупации на универзитети и фабрики.
Поради радикланите политички погледни на членовите на групата како и пораката која ја носи самиот колектив нивните настапи, песни и албуми често биле забранувани а неретко членовите на Јорум биле приведувани и апсени. Групата често се поврзува со разни акции од политичката историја на Турција извршени од страна на радикланите левичарски групи.
Музиката на групата пренесува силни пораки за антиимперијалистичката борба, за убиствата во турските затвори, за политички мотивираните смртни казни, за страдањата и борбата на курдскиот народ, за слободниот свет…
Во 2006 година, на 10 месеци затворска казна е осудена девојка која во својот дом слушала песна од Јорум, под обвинение дека шири терористичка пропаганда. Сега во 2018 година, 10 членови на групата се во затвор, а за шест се води потрага, лудилото оди до таму што државата предвидува награда за оние кои ќе го кажат местото на членовите на групата за кои има потерница.
Денеска Јорум има две крила, едното крило кое дејствува во Турција и другото крило кое дејствува во Европа и ширум светот. Европското крило на 09.06.2018 година, одржа концерт во Софија во знак на поддршка на другарите кои се во затвор и оние против кои има потерница. Вакви концерти претродно се одржаа во неколку градови низ европа вклучитело непосредно пред концертот во Софија беше одржан концерт во Атина како и Солун во Грција.
Членовите на Ленка и Левица го поддржаа концертот на Груп Јорум во Софија, упатувајќи порака за ослободување на сите членови на групата кои се во затвор, бидејќи борбата е интернационална.
2013
Реакција по повод најавеното ново намалување на работничките права
Трендот на намалување на работничките права продолжува! Веќе по трет пат оваа година Владата предлага измени на Законот за работни односи и повторно тие се директно насочени на намалување на правата на работниците.
Сега на удар се најде застарувањето на постапките за кои работодавачот може да му даде отказ на работникот. Владата предлага работодавачот да може да му даде отказ на работникот и по 18 месеци од денот на дознавањето за фактите кои се основа за отказ, како и три години од денот на настапувањето на фактите кои се основа за отказ. Според сегашното законско решение првиот рок е три месеца, а вториот рок – шест месеца. повеќе…
2013

БЕРТОЛД БРЕХТ: „Без наслов“
Велиш, со нашите нешта работите стојат лошо.
Темнината е се’ погуста. Силите се се’ послаби.
Сега – откако работевме толку години,
во потешка положба сме отколку на почетокот.
2013
Разговор со финансинспекторот за поезијата – Мајаковски
Граѓанине финансинспекторе!
Простете што ве беспокојам.
Благодарам… не тревожете се… јас ќе постојам… повеќе…
2013
Данок
2012
ПРВИ МАЈ
Само страв, притисок, штета, мржна, и крв е,
а ветерот како гатачка
предупредува на бесконечна борба за беда.
ова потиснување нема да продолжи,
дерењето на народот ќе престане!
Сонот ќе заврши,
ќе се разбуди ѕверот од ехот на звухот од машините;
општесвената реалност ќе се оствари;
ќе почне нов живот, кај нас и насекаде;
ќе останат несменети и вечно закочени
датумите на Први мај;
празникот на работните и вредните
и сите оние бедните!
радоста со птиците од тука преку цел свет ќе долета,
гордо ќе напредува народот поносен од беста;
по патот на револуцијата и просветата свесна!
отаде зелените ридови, среќен живот наѕира
од високорамнините и планинските ридови.
песна од радост и задоволство пропеана!
-
Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото.
Мари Букчин
Екологија на слобода