Движење за социјална правда

ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија го испраќаат следниот

ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС

Постојаното погазување на правата и достоинството на работниците е една од клучните неправди што ги живееме.  Заедно да го кренеме гласот на протестен марш! 

letok napred2-01 (1)

Се обединуваме во борбата за остварување на следниве заеднички Ц Е Л И:

  • донесување нов Закон за работни односи кој што ќе овозможи вистинска заштита за работниците во приватниот и во јавниот сектор, преку:
    –  ослободување на правото на штрајк, бидејќи, преку спорни одредби во актуелните закони, на работниците им е отежната борбата за своите права преку штрајкови;
    –  нормализирање на процесот за регистрација на синдикатите и синдикалните организации согласно одредбите на Конвенциите 87 и 96 на Меѓународната организација на трудот (МОТ);
  • итно изедначување на минималната плата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со сите останати категории работници согласно Уставот и законите на РМ, како и конвенциите потпишани од страна на државата;
  • промени во Законот за безбедност и здравје при работа со кои здравјето на работниците ќе се стави како приоритетен аспект на работниот однос;
  • повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор – два закони што го киднапираа достоинството на вработените во јавниот сектор;
  • со повлекувањето на горенаведените закони, бараме враќање на Законот за државните службеници со оригиналниот текст од 2000 гoдина
  • повлекување на Законот за културата и на подзаконските акти донесени врз основа на истиот;
    со повлекувањето на горенаведениот закон, бараме враќање на Законот за култура од 1998 и отпочнување преговори за потпишување на Колективен договор за вработените во културата;
  • повлекување на сите измени и дополнувања на Законот за високо образование од 2008 година до денес, сè до донесувањето нов ЗВО во кој ќе се обезбеди потполно почитување на правото на автономија на Универзитетот, квалитетен и одржлив развој на вискообразованата дејност, како и изземање на јавните високообразовни установи од системот на трезорско финансирање.
  • законско регулирање на партиципативно студентско организирање и демократска студентска репрезентација во високообразовните установи;
  • повлекување на сите измени на постојниот Закон за надворешни работи од 2008 година до денес и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени
    – враќање на оригиналниот текст на ЗНР од 2006 година во сила, со единствена цел за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на    надворешната политика;
  • донесување нов Закон за медиумите кој ќе биде прифатлив за новинарите и медиумските работници и регулирање на платите и останатите права преку законска рамка (односно Колективен договор изготвен од ССНМ)
  • вклучување на сите грански синдикати во процесот на социјален дијалог на би- и три-партитно преговарање
  • отпочнување со инклузивен процес на преговарање за нови Општи колективни договори за вработените во приватниот и во јавниот сектор;
  • потпишување Колективни договори за сите гранки и дејности кои ќе ја отсликаат вистинската слика на борбата за подобри работнички права во Република Македонија.

Повикуваме на здруженост во борбата за поголеми права и подобри услови за работа. Вруваме дека само преку соработка и работничка и синдикална солидарност можеме да се спротиставиме на притисокот на актуелните антиекономски и антисоцијални политики.

 

Потписници на Повелбата за солидарност:

Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС) , Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ, Движење за социјална правда ЛЕНКА, Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО), Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС) и Младинска организација МУГРА

 

0
img

ОД ПРОТЕСТ КОН ОТПОР

Resist-Change_0

Првин мораме да разграничиме неколку нешта: ПРОТЕСТ е кога укажуваме дека нешто не ни се допаѓа, кога протестираме конкретно поради тоа и тоа. Во нашиот случај тоа е поради разните криминали и финансиски малверзации на власта и полтронското соучество на претседателот Иванов. Од друга страна, ОТПОР е кога ние ќе се осигураме, односно кога ќе преземаме активности за да се осигуриме дека тоа и тоа (причините за нашиот протест) нема повеќе да се повтори. Сепак, секој ден сè ни се повторува!

повеќе…

0
img

Фундаменталистичкиот став кон жените на граѓанското здружение „Ќопру“ (Köprü)

kadin_isci_haklari
Деновиве редакцијата на Ленка го доби ова Писмо од девојка која порано работела во граѓанското здружение за кое што станува збор во истото.
Писмото во целост ви го пренесуваме како превод на Редакцијата од турски јазик. Притоа, напоменуваме дека авторката сака да остане анонимна. 

Граѓанското здружение „Ќопру“ кое во Македонија е активно уште од 2002 година па наваму и кое во своите декларативни цели наведува дека се залага и активно делува во областа на уметноста, културата и образованието, а добива сериозна, како материјална, така и идејна поддршка од Република Труција, со својот односот кон младите и своите вработени, покрај работничките ги крши и основните човекови права. Односот на ова здружение кон младите е надвор од почитување на осносвните слободи и права на индивидуата.

повеќе…

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ПО ПОВОД ФОРМИРАЊЕТО НА НОВАТА ПАРТИЈА „ЛЕВИЦА“

logo511-300x200

Само Партија може да запре партија!

Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“ ја известува слободоумната македонска јавност дека го поздравува основањето на новата автентична политичка партија во Македонија – „ЛЕВИЦА“ создадена од сосема нови лица со кредибилитет стекнат преку долга километража на неколкугодишен искрен активизам позади себе.

Сакаме јавно да ги потврдиме медиумските написи од последниве неколку дена и да обзнаниме дека речиси целокупното активно членство на ДСП „ЛЕНКА“ работи во насока на популаризирање и идна судска регистрација на Партијата –но, притоа ЛЕНКА ќе продолжи да постои како самостоен правен субјект.

Нашите членови се решија на ваков потег со цел да дадат до знаење дека, за разлика од постоечките партии на македонската политичка сцена, ЛЕВИЦА е единствената која се создава „одоздола“, преку политичко зреење на досегашните неизвалкани граѓански активисти кои, согласно духот на времето, сфатија дека нема никаква поголема општествена корист од утопистички хоризонтални движења, краткорочни идеолошки непрофилирани акции и иницијативи или создавање на проектно ориентирани невладини организации.

Македонските прилики бараат сериозна и посветена структура која ќе ги обедини досегашните дисперзирани движења на отпорот во една организирана сила, создадена од нови еманципирани и класно освестени млади луѓе, кои работејќи заедно за општото добро, како што покажале многупати досега во изминативе осум години – секогаш ќе го артикулираат гласот на безгласните.

Улиците не ги напуштаме, но и Парламентот не им го оставаме!

Кога институциите се глуви, време е да влеземе во нив!

Подобро општество е неопходно, подобро општество е можно!

ЌЕ ПОБЕДИМЕ

 

lenkaLogo-565x320

Скопје

15 ноември 2015

Држи ги зафатени, за да не почнат да мислат!

12189669_10204738405130147_3092814391160671223_n…Би сакал да го изнесам своето мислење за животот на парискиот садомијач (plongeur) колку и да тоа малку би вредело. Кога човек ќе размисли, чудно е како илјадници луѓе во големите модерни градови го поминуваат своето будно време триејќи ги со крпа садовите во премногу врелите подземни јами. Прашањето кое се поставува е зошто продолжува овој живот – на која смисла тој служи, кој сака тоа да продолжи и зошто?…Садомијачот е еден од робовите на модерниот свет. Тие паднале во замката на рутината која оневозможува размислување. Ако садомијачите би мислеле, веќе одамна би основале синдикат и би почнале да штрајкуваат за подобри работни услови. Но, тие не мислат, бидејќи за тоа и немаат слободно време; нивниот живот е претворен во ропство. повеќе…

0
img

Збор-два за перспективата на македонската демократија

lenkaLogo-565x320

  1. Да почнеме со појаснување на поимите кои се клучни за разбирање на текстот. Таквите поими имаат различно значење и често се користат како флоскули во актуелниот општествен живот: демократија, слобода, народ, итн. Постапката на избирање на претставници во политичката сфера од локално до републичко ниво со тајно гласање без присила, уценување, како и други манипулации, и нивното овластување да одлучуваат според мислењето на избирачите е само привид на демократија. Дури и да се почитуваат основите правила на фер избори т.е. на отсуство на присила, како брутална сила така и прикриена сила со заплашување од секаков вид, кои во голема мера се постигнати во развиените западни држави, слободата на избор е под директна врска со материјалните и финансиските средства на политичкиот субјект, а идеолошкото загадување на мнозинството од страна на малцинството е професионализирано. Еве на пример, се согласуваме за момент дека системот е демократски поставен како е задоволено горното правило. Се избираат претставници на база на нивни намери и програма. Се спроведува референдум со јасно прашање. Но, нашето искуство вели дека политичките програми, идеи и визија се само празни зборови на потрошена хартија која поради квалитетот ни за ВЦ не може да се искористи. Тоа е јасно за Македонија, некој ќе рече, ама во вистинските демократии не е така. Ама како е? Во Грција имаше дури и референдум со кој се кажа НЕ на третиот Меморандум. Како попчиња од СИРИЗА го протнаа Меморандумот без дебата во Парламентот. Нивниот мандат повеќе не е легитимен во однос на демократското претставување.

повеќе…

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!