Движење за социјална правда

Повелба за солидарност

povelba

 

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Самостојниот синдикат на клиничките центри (ССКЦ) и Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) денес (30.04.2013) потпишаа Повелба за солидарност, која претставува еден вид антипод на корумпираните и бирократизирани синдикални федерации, а ќе се залага за заедничка борба против влошувањето на условите за работа и ослабувањето на синдикатите, која борба ќе биде спроведена „преку заеднички кампањи, предупредувачки, солидарни и други штрајкови, заеднички прес-конференции и други форми на синдикални механизми кои се користат за остварување на подобри работнички права.“

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ја поздравува оваа иницијатива и ги охрабрува синдикатите-потписници на Повелбата да ја изразат солидарноста преку повикување на нивното членство на утрешниот Првомајски протест, кој ќе започне во 12:00 на паркингот позади ГТЦ кај хотелот Холидеј Ин.

Целосниот текст на Повелбата можете да го прочитате  овде.

 

СООПШТЕНИЕ – Трибина на тема: Зошто да не се преспие ПРВИ МАЈ?

935647_713915615755_1370908060_n

Во понеделник, 29-ти април 2013, со почеток во 19:00, во Чаршиската библиотека (Libraria e Çarshisë) во Скопје, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и Левичарското движење – СОЛИДАРНОСТ ќе организираат трибина посветена на тековната состојба со работничките права и на синдикатите, кои нив треба да ги штитат.

Најголемиот дел од македонските синдикати се окупирани од страна на бирократски раководства кои соучествуваат со политичките елити во кратењето и кршењето на работничките права. Повеќе заинтересирани за своите фотелји отколку за правата на работниците, тие многу малку придонесуваат за подобрување на работничките права. Затоа состојбата со правата на работниците кај нас е катастрофална. Наспроти објаснувањата на синдикалните лидери дека социјалниот дијалог дава резултат, тој само се користи за да се креира илузија дека синдикалните лидери прават нешто за работниците. Ретките подобрувања на работничките права се придружени со доста посуштински кратења на истите и многу често остануваат само празни зборови на хартија. Исто така, ретките подобрувања не можат да го сокријат фактот дека многу работнички права остануваат намалени и укинати.

Говорници на трибината ќе бидат: Здравко Савески (ЛД Солидарност) и Димитар Апасиев (ДСП Ленка), а модератор Дејан Лутовски (ДСП Ленка). Трибината е во склоп на Месецот на социјална правда и работничка борба, кој ќе кулминира со протест на Први Мај во Скопје.

*Чаршиската библиотека (Libraria e Çarshisë) се наоѓа на влезот на Старата скопска чаршија, од страната на споменикот Скендер Бег, после скаличките од десна страна.

Клучни зборови:
0
img

Соопштение: Акција пред АВРМ

solidarnost-logolenka-logo

АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА
НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА

 

Во петок, 26 април 2013, со почеток во 12:30 часот – во склоп на Месецот на социјална правда и работничка борба – Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и Левичарското движење – СОЛИДАРНОСТ ќе одржат акција пред Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ – Дирекција во Капиштец) со цел да се анимираат невработените лица  да излезат на претстојниот Првомајски протест.

Воедно со овој протестен собир сакаме да ја потсетиме јавноста и за флагрантното непочитување на Одлуката на Уставниот суд на РМ со која, како противуставна, веќе еднаш беше соборена фамозната „пререгистрација“ на невработените лица која законодавецот повторно ја врати во сила.

Проекции на филмови „Дебатно кино – Контра Кадар“ во Битола

kontra-kadar-poster

Од денес во Битола започнуваат проекции на филмови под името „Дебатно кино – КОНТРА КАДАР“ кои ќе се одржуваат во Младинскиот Културен Центар – Битола на ул. Цар Самуил бр. 29. Проекциите започнуваат секој понеделник во 20:00 часот, а по секоја проекција предвидени се дискусии во врска со идејата и пораката која ја пренесува филмот.

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ја поздравува и поддржува оваа иницијатива.

0
img

10 години Балкански анархистички саем на книга

BASK-2013

Овогодинешниот Балкански анархистички саем на книгата (БАСК) ќе се одржи од 24ти до 26ти мај 2013 година во Љубљана, Словенија.

БАСК е манифестација која има за цел да ја поврзе и зајакне локалната, регионална како и меѓународна анархистичка заедница и да овозможи простор за размена на анархистички идеи, практики, литература, материјали, културни настани, работилници и јавни дискусии. повеќе…

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!