Движење за социјална правда

ПРОТЕСТ ЗА КЕЖАРОВСКИ – РЕВОЛТ ПРЕД ИЗБУВНУВАЊЕ

 

Како што поминува времето, сè поочигледен станува фактот дека моменталната гарнитура владее отворено авторитарно и има јасни про-фашизоидни тенденции, т.е. работите се движат во тој правец. Сега не би сакал да звучам како оние хистерични и хипстерски либерали кои репетитивно мантраат „Фашизам, диктатура!!!“ без да се потрудат да ја разберат генезата на терминологијата која постојано ја употребуваат, но сепак не можеме да се правиме слепи и да ги игнорираме овие авторитарни скршнувања на владеачките елити во Македонија. повеќе…

Клучни зборови: ,
0
img

Отворена дискусија: Дали капитализмот е во криза?

Денес се повеќе се слуша фразата дека капитализмот е во криза и дека се бараат алтернативи. Но дали е тоа навистина така? Дали кризата во капитализмот е и криза на капитализмот? Што значат кризите во капитализмот?

Ова се само дел од отворените прашања кои ќе ги обработиме на нашата дискусија.

Време:     20:00 h,     20.08.2013

Место:    Ла Кања – Стара Скопска чаршија

prasalnik

Битола: иднината е ова!

941137_505962736126371_1286488503_n         Добро знаеме дека во современото општество проблемот со загадување на животната средина веќе станал секојдневие, т.е. на некој начин нормално функционирање на системот(за жал), како плод на индустријализацијата и човековото ирационално однесување, кое во желба за материјални удопства и сè поголема желба за контрола, сериозно го пореметува еко-системот.

повеќе…

0
img

Дебатното кино „Контра Кадар“ продолжува со проекции во Битола

Контра Кадар

Дебатното кино „Контра Кадар“ вчера ја одржа петтата проекција по ред и со тоа го отвори вториот месец на проекции на филмови во Битола. Вчерашната проекција на филмот „Чија е оваа песна“ (Чия е тази песен?) ја посетија околу 60-тина луѓе кои по проекцијата продолжија со дискусии на теми поврзани со историјата, национализмот, меѓуетничката омраза, корените и причините на тие негативни појави и како истите да се надминат.

 

Проекциите од овој месец ќе се одржуваат во малата сала на Домот на културата во Битола, секоја среда од 20:00 часот. Програмата за овој месец е следна:

15-ти мај: The Take (Преземање)
22-ри мај: In Time (Навреме)
29-ти мај: Cash and Marry (Плати и жени)

Влезот за сите проекции е слободен.

Контра Кадар на фејсбук: facebook.com/debatnokino

0
img

Протест: „Смрт на фашизмот – слобода на изразувањето“

По повод Денот на победата над фашизмот, на 9 мај ќе се одржи протест против обидот да се воведе цензура со донесување Закон за медиуми, под мотото „Смрт на фашизмот – слобода на изразувањето“

Протестот ќе се одржи пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје со почеток од 17 часот.

Протестот го иницира Фронтот за слобода на изразување.

 

 

* Преземено од: http://sloboda.kauza.mk/protest-smrt-za-fasizmot-sloboda-na-izrazuvanjeto/

Повелба за солидарност

povelba

 

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Самостојниот синдикат на клиничките центри (ССКЦ) и Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) денес (30.04.2013) потпишаа Повелба за солидарност, која претставува еден вид антипод на корумпираните и бирократизирани синдикални федерации, а ќе се залага за заедничка борба против влошувањето на условите за работа и ослабувањето на синдикатите, која борба ќе биде спроведена „преку заеднички кампањи, предупредувачки, солидарни и други штрајкови, заеднички прес-конференции и други форми на синдикални механизми кои се користат за остварување на подобри работнички права.“

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ја поздравува оваа иницијатива и ги охрабрува синдикатите-потписници на Повелбата да ја изразат солидарноста преку повикување на нивното членство на утрешниот Првомајски протест, кој ќе започне во 12:00 на паркингот позади ГТЦ кај хотелот Холидеј Ин.

Целосниот текст на Повелбата можете да го прочитате  овде.

 

Цитати
  • Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!