Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2019

Левица: „Конечно расчистуваме со штетните структури во партијата инструирани од власта“
Политичката партија Левица ја информира јавноста дека насилно е преземена Фејсбук страницата на партијата. Од раководството во Президиумот велат дека вакви смислени хајки се случуваат секогаш за време на некој важен предизборен период, па оттаму се сомневаат дека случајов е под диригентска палка на власта. Соопштението го пренесуваме во целост.
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
СПРЕЧЕН УШТЕ ЕДЕН ДИРИГИРАН ОБИД НА ВЛАСТА ЗА ПУЧ ВО ЛЕВИЦА!
Скоро половина година работата во Левица беше целосно блокирана од една тесна група членови на Централниот комитет собрани околу т.н. троцкистичка фракција „Црвени“, а инструирани од надворешен центар на моќ. Фракцијата, со своите претесни и ограничени идеолошки погледи, на секој начин се обидуваше да се наметне и да доминира – а притоа нејзините врбувани членови со крајни напори се обидуваа да го закочат, минираат и саботираат делувањето и акционото единство на Левица, посебно околу процесите на нелегитимните уставни промени, важните национални политички прашања од поширок интерес поврзани со „Преспанскиот договор“ и со т.н. Закон за двојазичност.
Повеќемесечната политичка борба внатре во главните органи на Партијата силно ги наруши персоналните меѓучовечки односи и довербата неповратно се изгуби, особено после нелегалниот обид за пуч и смена на легитимните партиски органи од страна на т.н. орган со истечен мандат. Притоа, сите обиди да се дојде до взаемен компромис пропаднаа, а оваа маргинална група од пет-шест луѓе остана рововски закопана во своите погубни политички ставови, кои немаа никакво одобрување од базата, тврдоглаво одбивајќи да го сообрази своето штетно делување со реалните прилики на современата стварност и не сакајќи да ги почитува одлуките на ЦК донесени со апсолутно мнозинство гласови.
Истовремено беа откриени и серија финанскиски малверзации на дел од членовите на таа група, повеќе…
2018
Последната вербална дијареа на Сороспиите (Против Фрчко и компанија)
Последното интервју на Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица, кое што беше оригинално објавено на порталот ЈанакиЗнае и преземено од Антропол, како и неговата последна колумна, се отстранети од Фејсбук. Причината е големиот број на луѓе кои ги репортирале објавите како спам. Секој обид за споделување на горенаведените линкови резултира со опомена за споделување спам, а Фејсбук страницата на Антропол се уште е нефункционална.
Ситуацијата очигледно е однапред исценирана цензура. Ваквото репортирање е можно од поголема група на луѓе кои се географски дисперзирани низ Македонија, за да алгоритамот на Фејсбук ја класифицира објавата како спам и автоматски ја отстрани.
Од интернет порталот Експрес велат: „Дека се работи за класична цензура преку социјални мрежи доказ е фактот што дури ако сакате сами да го споделите текстот што би значело дека за него не сметате дека е спам тоа Фејсбук нема да ви го дозволи затоа што предходно некој го пријавил како штетен линк.“
Од таму додаваат и дека „за експертите е јасно дека се работи за систем во кој одредена група луѓе е координирана од еден центар кој дава налог кои текстови да се пријавуваат на социјалните мрежи“.
Поради тоа, редакцијата на Ленка во знак на поддршка на редакцијата на Антропол и на слободата на изразување повторно ја објавува колумната, којашто беше цензурирана и отстранета од Фејсбук.
Натофундаментализмот во Македонија, инициран и поттикнуван од една самонаречена елита на „социјалдемократите“ и слични сателити кои гравитираат „лево од центарот“, е моментно најголемиот современ непријател на Републиката! Сакајќи оваа штетна и фејкерска појава да ни ја прикажат како „спасоносна операција за државата“, овие интелектуални Сороспии се унижуваат до сопствено непрепознавањe и бесмисла, само и само да си ги одработат однапред штедро платените надници. Во овие карикатурални ликови ја гледаме сета нестварност на човекот и сета стварност на нечовекот. повеќе…
2018
Груп Јорум – нешто многу повеќе од музичка приказна
Групата Јорум (турс. Grup Yorum), е музичка дружина која е формирана во 1985 година од страна на четворица другари студенти при Универзитетот во Мармара. Јорум, уште од нејзиното формирање е многу повеќе од музичка група, впрочем самото име на групата („уorum“, мк. „став“ или букално „коментар“) алудира на тоа дека музиката која оваа дружина ја создава е само средство да се искажат ставовите во однос на политичките состојби како и да се деконструираат историските „вистини“ кои секојдневно се репродуцираат од страна на државата.
Групата, преку музиката го изразува револтот на народот опевајќи народни херои и компонирајќи и актуелизирајќи ги текстовите од разни помалку или повеќе популарни револуционерни поети како акт на борба против капитализмот, империјализмот и особено домашната елитна буржоазија. Групата, промовирајќи ги сопствените политички погледни не се однесува само како класична музичка група која одржува концерти и снима албуми, туку членовите на оваа музичка група со својата музика и дела учествуваат на разни протести, антикапиталистички и антиимперијалистичјки иницијативи, штрајкови како и окупации на универзитети и фабрики.
Поради радикланите политички погледни на членовите на групата како и пораката која ја носи самиот колектив нивните настапи, песни и албуми често биле забранувани а неретко членовите на Јорум биле приведувани и апсени. Групата често се поврзува со разни акции од политичката историја на Турција извршени од страна на радикланите левичарски групи.
Музиката на групата пренесува силни пораки за антиимперијалистичката борба, за убиствата во турските затвори, за политички мотивираните смртни казни, за страдањата и борбата на курдскиот народ, за слободниот свет…
Во 2006 година, на 10 месеци затворска казна е осудена девојка која во својот дом слушала песна од Јорум, под обвинение дека шири терористичка пропаганда. Сега во 2018 година, 10 членови на групата се во затвор, а за шест се води потрага, лудилото оди до таму што државата предвидува награда за оние кои ќе го кажат местото на членовите на групата за кои има потерница.
Денеска Јорум има две крила, едното крило кое дејствува во Турција и другото крило кое дејствува во Европа и ширум светот. Европското крило на 09.06.2018 година, одржа концерт во Софија во знак на поддршка на другарите кои се во затвор и оние против кои има потерница. Вакви концерти претродно се одржаа во неколку градови низ европа вклучитело непосредно пред концертот во Софија беше одржан концерт во Атина како и Солун во Грција.
Членовите на Ленка и Левица го поддржаа концертот на Груп Јорум во Софија, упатувајќи порака за ослободување на сите членови на групата кои се во затвор, бидејќи борбата е интернационална.
2017
Перспективи за новокадровската влада
Конечно, криминалната и корумпирана влада на РМ предводена од ДУИ и ДПМНЕ е соборена. Па дури и со формирањето на новата влада направен е чекор напред во процесот на отворање на можноста за општествени промени. Секако дека ова е позитивна атмосфера која владее во политичкиот простор на Македонија, се чувствува етер на ослободување и надеж за подобро утре кој граѓаните го вдишуваат насекаде деновиве. Но, самата атмосфера си носи воедно зголемување во очекувањата кај обичните граѓани, а тоа може да се прелее во уште поголема разочараност во иднина ако тие не ги почувствуваат промените на кои сега толку реално се надеваат. Од таму, сега исклучително ќе биде важно, особено за јакнење на демократските капацитети на институциите, следењето на работата на новата влада и резултатот од истата. Се надеваме дека од сега своевидната аристократија во индустријата на граѓанскиот активизам и нивната интелигенција нема како досега секоја критика кон партиите кои ја сочинуваат новата влада да ја окарактеризира и дискредитира со едноставно игнорирање и нејзино клеветење како „режимска“ и слично.
Честитки за новото мнозинство во парламентот на чело со социјалдемократите од РМ и се разбира кадровските промени во извршно-административното тело на Собранието, кое нели, треба на најдобар можен начин низ институциите да ја спроведува волјата од истото. За волја на вистината не толку ветувачки и надежен е фактот дека една од партиите која беше директен учесник (а не соучесник) во криминалите и репресијата на претходната власт исто така остана дел од новата влада. Така што, имајќи ја предвид недемократичноста и елитизмот на граѓанските партии, особено на ДУИ – имено партија за која и станува збор тука – владата не се промени суштински, туку повеќе ова се промени од кадровски тип, што и секако не се за занемарување. повеќе…
2017
Феноменот на глобализацијата/Глобализацијата на ремонт (целосни одговори на прашањата за весникот Нова Македонија)
Подолу ви ги пренесуваме целосните одговори на нашите членови Хактан Реџеп Исмаил и Зоран Василески на прашањата од дневниот весник Нова Македонија во врска со феноменот на глобализацијата, а коишто беа објавени делумно од страна на весникот на следниов линк: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%93%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82&id=08497d5b-380e-4a83-b395-2e2ff4b5283a.
- Зошто идејата за глобализација е во криза?
Глобализацијата е доста „шаренолик“ и контроверзен поим за да може децидно да се констатира дека таа е во криза, како што впрочем прејудицира ова прашање; или пак дека не е во криза, земјаќи ги во обзир распалените меѓународни односи и социјални деструкции низ одредени делови од денешниот свет.. Но, ако појдеме од тоа дека глобализацијата е процес на некакви си промени кои што притоа имаат нешто заедничко, а што се случуваат во различните политички заедници низ целиот свет, тогаш ќе воочиме дека, тоа заедничко е капитализмот и ширењето на неолибералните идеи. Капитализмот е мотор на глобализицијата, денес не може да се замисли глобализирање на едно општесво без негова претходна или континуирана нео-либерализација! повеќе…
2016
Империјалистичка разрешница на конфликтите на Блискиот Исток
На повидок е уште една историска неправда и епска трагедија на Блискиот Исток. Курдското движење, кое го носеше факелот на слободата и социјалната правда не само во борбата против турските државничко-иперијалистички репсресии, туку и во борбата против сунитско-радикалните исламистички групи од типот на ИСИС и Ел Нусра, уште еднаш е предадено и сурово искористено од страна на светските империјалистички сили.
Веќе е очигледно дека двајцата најсилни светски играчи, САД и Русија, се приближија во однос на ставот за разрешување на конфликтите во Сирија. Заради постигнување договор кој одговара на нивните империјалистики интереси и цели, тие покажаа дека се подготвени да жртвуваат што било да задоволат било какви барања. Во случајов, за да го задоволат Таип Ердоган, го жртвуваат курдскиот народ кој цел овој период беше прва борбена линија против ИСИС во Сирија и Ирак. повеќе…
-
Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство.
Михаил Бакунин
Федерализам, социјализам и антитеологизам