Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
Демократски „социјализам“: Синдикатот, војната и Корбин
Британската Лабуристичка Партија одлучи да не се спротистави на нуклеарната програма Тридент и покрај пацифистичката линија на новоизбраниот лидер Џереми Корбин. Синдикатот УНИТЕ ја фаворизира истата програма. Ова е само едно од многуте противречености со кои се соочува левичарскиот лидер што ја води оваа центристичка партија. повеќе…
2015
Класните димензии на борбата за слободно високо образование
„Таа го чека само својот час —
Да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне,
Ќе се оттиши,
Ќе гргне, да поклопи, да подави, да повлече,
Да се успокои во ширината. “
Блаже Конески: Стерна
Искуството на студентските движења во Македонија ја расчисти недоумицата во однос на прашањето како да се определи идејниот курс што секоја прогресивна и еманципаторна студетска иницијатива или организација треба да го заземе. Тоа емпириски ни покажа дека борбата за слободно и универзално достапно образование подразбира артикулација на КЛАСЕН ИНТЕРЕС. Во отсуство на загарантиран удел[1] на широките студентски маси во процесот на градење на образовните политики, кои имаат директни импликации врз нивната материјална состојба и општествена улога, студентите се во позиција на потчинета класа која е социјално ограничена и економски зависна од семејството, приватниот капитал (т.е. работодавците) и државните институции (кои се бирократизирани и окупирани од економските и политичките елити). Придонес кон таквата позиција на студентот имаат и неодговорната распределба на јавните средства предвидени за академскиот организам и реалните финансиски ограничувања за стекнување на статусот студент и користење на можностите што тој статус ги подразбира. Стана сосема јасно дека не може да имаме здрави механизми за застапување на студентскиот интерес ако немаме слободно образование, а не може да имаме слободно образование ако немаме слободен ПРИСТАП до универзитетите.
2015
Кој ги уби овие луѓе!?
Во очи на 11 Октомври, кога кај нас се слави победата над странскиот окупатор и фашизмот, во Турција се случи трагедија, бомбашки напад кој укажува на државен фашизам. Имено, на 10ти Октомври, работници, невработени, обесправени работници, административци, селани, архитекти, инженери, доктори, медицински сестри, студенти, просветители, медиумски работници, синдикати, политички организации, социјалисти, уметници и уште многу други обесправени луѓе кои живеат на територијата на Турција се собраа заедно во Анкара против САРАЈОТ на Ердоган, за правата на работникот, мирот и демократијата. Овој собир, кој го носеше името „собир за мир“ ги соедини проблемите на работникот со оние на курдите, и со оние на студентите, и на селаните, и на рударите, и на сите обесправени класно раслоени луѓе во државата. Тие излегоа заедно да му кажат „не“ на исламофашистичкото лудило на Ердоган, кој од ден на ден ја сели војната од Сирија на домашен терен. Овој собир одеднаш се претвори во крвава сцена. Две бомби една по друга експлодираа меѓу масата народ кој беше собран пред железничката станица во Анкара во саботата на 10ти Октомври.
2015
ДЕН ПОСЛЕ ПОБЕДАТА НА ЏЕРЕМИ КОРБИН (И што тоа би можело да значи за Европа и Македонија)
Џереми Корбин е нов лидер на Лабуристичката партија во Велика Британија. И тоа со победа во првиот круг и освоени 59,5 проценти, оставајќи ги против-кандидатите со минорна поделба на остатокот гласови. Оваа вест одекна како бомба и уште на денот на објавата ја подели британската и светска јавност на два дела. Едни со голем ентузијазам споделија и со големи надежи гледаат на овој избор. Други го дочекаа на нож, повторувајќи ги старите и излитени напади кои секогаш ги добива левицата која се отргнува, барем за момент, од прегратките на капиталот.
Дали дуваат нови ветрови, ветрови на промена од Запад? Овојпат во обратен правец од тој од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите? И дали овие ветрови ќе донесат промени и во останатите делови од Европа и пошироко? повеќе…
2015
Бегалската Криза е Криза На Системот
Деновиве низ социјалните мрежи и медиумите кружи морничавата фотографија на безживотното тело на тригодишното дете Ајлан Курди, кое пред неколку дена беше исфрлено од морските води на брегот на Бодрум во Турција, како резултат на несреќата која ја доживеа семејството при превртување на нивниот напукнат чамец, кое бегајќи од Кобане (Сирија), преку Турција и Европа сакаше да се засолни во Канада. Светските медиуми ја опишуваат како симбол на бегалската криза која се интензивизира периодов, најголеми критики одат кон Европа, која не може(!?) да се справи со оваа криза, вклучувајќи го и претседателот на Турција, кој не барајќи ниту трошка вина во себе, веднаш го впери прстот кон Европа. Но, фотографијата на ова мртво дете не е симбол на бегалската криза, туку е симбол на причината за ова масовно иселување, тоа е капитализмот, системот кој насилно се воспоставува од страна на империјалистичките сили, во кој една класа на луѓе, властодржците и богатите живеат привилегирано и управуваат со животите на „Ајланите“, кои најчесто завршуваат несреќно. Едно е јасно: ние немаме проблем со мигрантите, ние имаме проблем со капитализмот. Тригодишниот Ајлан Курди е жртва на овој систем. повеќе…
2015
Политичките андроиди од градот Стирополис
Ова е говорот на нашиот другар Андреј Јованчевски изречен по повод еден месец од бруталниот напад на македонската полиција врз студентите од Библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Другари и другарки,
Помина еден месец од климаксот на граѓанската огорченост. Помина еден месец од кулминацијата на полициската жестокост. Но битно е да се подвлече дека не беа тоа безлични стихии што се судрија на 5 мај. Пред еден месец учествувавме во најинтимната средба насамосвесните граѓани и политичките андроиди. Интимниот простор и интегритетот на личноста се одамна пенетрирани од владиниот политички и полициски арсенал во оваа земја. Но на 5 мај андроидите се приближија кон идеалот на интимноста на нивниот програмер: преку насилство, тие ги помирисаа потта и крвта на нашите тела под окната на нивниот замок. повеќе…
- Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll