Движење за социјална правда

Перспективи за новокадровската влада

Конечно, криминалната и корумпирана влада на РМ предводена од ДУИ и ДПМНЕ е соборена. Па дури и со формирањето на новата влада направен е чекор напред во процесот на отворање на можноста за општествени промени. Секако дека ова е позитивна атмосфера која владее во политичкиот простор на Македонија, се чувствува етер на ослободување и надеж за подобро утре кој граѓаните го вдишуваат насекаде деновиве. Но, самата атмосфера си носи воедно зголемување во очекувањата кај обичните граѓани, а тоа може да се прелее во уште поголема разочараност во иднина ако тие не ги почувствуваат промените на кои сега толку реално се надеваат. Од таму, сега исклучително ќе биде важно, особено за јакнење на демократските капацитети на институциите, следењето на работата на новата влада и резултатот од истата. Се надеваме дека од сега своевидната аристократија во индустријата на граѓанскиот активизам и нивната интелигенција нема како досега секоја критика кон партиите кои ја сочинуваат новата влада да ја окарактеризира и дискредитира со едноставно игнорирање и нејзино клеветење како „режимска“ и слично.  

Честитки за новото мнозинство во парламентот на чело со социјалдемократите од РМ и се разбира кадровските промени во извршно-административното тело на Собранието, кое нели, треба на најдобар можен начин низ институциите да ја спроведува волјата од истото. За волја на вистината не толку ветувачки и надежен е фактот дека една од партиите која беше директен учесник (а не соучесник) во криминалите и репресијата на претходната власт исто така остана дел од новата влада. Така што, имајќи ја предвид недемократичноста и елитизмот на граѓанските партии, особено на ДУИ – имено партија за која и станува збор тука – владата не се промени суштински, туку повеќе ова се промени од кадровски тип, што и секако не се за занемарување. повеќе…

0
img

За хуманистичката иднина низ историскиот тоталитет на класната борба

Историјата на секое досегашно општество е историја на класни борби

Оваа сурова борба низ историјата се водеше низ различни форми на привидение. Модерно современа и најпозната е борбата на црнечката раса како подредена во Американското општество. Она што еден од предводниците на страната на црнечката раса Мартин Лутер Кинг ќе го забележи може да го поимаме како такво за сите досегашни судири на класни форми. Имено, Кинг ќе предпостави дека цекот од сегрегацијата на црнечкиот народ на американското опшетство ќе му се врати многу поголем и поскап кој би можел да води дури и до самоуништување на таа политичка заедница. Но, дали цекот се уште не е прескап?! Се чини дека светот веќе ги надмина сите НЕцивилизациски појави но, сепак цекот кој го плаќа е голем и води кон самоуништување!

повеќе…

0
img

Опасност – на повидок е светска рецесија

o_mal_do_mundo

Роб Сивел, 29.10.2015

Меѓународниот монетарен фонд е присилен не само постојано да ги снижува прогнозите на растот, туку сега предвиде опаѓање на светскиот БДП во долари, за прв пат по 2009. Ова е одраз на свет изрешетен со кризи, свет во кој се наоѓаме.
повеќе…

Демократски „социјализам“: Синдикатот, војната и Корбин

CorbinБританската Лабуристичка Партија одлучи да не се спротистави на нуклеарната програма Тридент и покрај пацифистичката линија на новоизбраниот лидер Џереми Корбин. Синдикатот УНИТЕ ја фаворизира истата програма. Ова е само едно од многуте противречености со кои се соочува левичарскиот лидер што ја води оваа центристичка партија. повеќе…

Класните димензии на борбата за слободно високо образование

 

 

slika

„Таа го чека само својот час —
Да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне,
Ќе се оттиши,
Ќе гргне, да поклопи, да подави, да повлече,
Да се успокои во ширината. “

Блаже Конески: Стерна

 

 

Искуството на студентските движења во Македонија ја расчисти недоумицата во однос на прашањето како да се определи идејниот курс што секоја прогресивна и еманципаторна студетска иницијатива или организација треба да го заземе. Тоа емпириски ни покажа дека борбата за слободно и универзално достапно образование подразбира артикулација на КЛАСЕН ИНТЕРЕС. Во отсуство на загарантиран удел[1] на широките студентски маси во процесот на градење на образовните политики, кои имаат директни импликации врз нивната материјална состојба и општествена улога, студентите се во позиција на потчинета класа која е социјално ограничена и економски зависна од семејството, приватниот капитал (т.е. работодавците) и државните институции (кои се бирократизирани и окупирани од економските и политичките елити). Придонес кон таквата позиција на студентот имаат и неодговорната распределба на јавните средства предвидени за академскиот организам и реалните финансиски ограничувања за стекнување на статусот студент и користење на можностите што тој статус ги подразбира. Стана сосема јасно дека не може да имаме здрави механизми за застапување на студентскиот интерес ако немаме слободно образование, а не може да имаме слободно образование ако немаме слободен ПРИСТАП до универзитетите.

повеќе…

Кој ги уби овие луѓе!?

barisВо очи на 11 Октомври, кога кај нас се слави победата над странскиот окупатор и фашизмот, во Турција се случи трагедија, бомбашки напад кој укажува на државен фашизам. Имено, на 10ти Октомври, работници, невработени, обесправени работници, административци, селани, архитекти, инженери, доктори, медицински сестри, студенти, просветители, медиумски работници, сендикати, политички организации, невладини организации, социјалисти, социјал демократи, уметници и уште многу други обесправени луѓе кои живеат на територијата на Турција се собраа заедно во Анкара против САРАЈОТ на Ердоган, за правата на работникот, мирот и демократијата. Овој собир, кој го носеше името „собир за мир“ ги соедини проблемите на работникот со оние на курдите, и со оние на студентите, и на селаните, и на рударите, и на сите обесправени класно раслоени луѓе во државата. Тие излегоа заедно да му кажат „не“ на исламофашистичкото лудило на Ердоган, кој од ден на ден ја сели војната од Сирија на домашен терен. Овој собир одеднаш се претвори во крвава сцена. Две бомби една по друга експлодираа меѓу масата народ кој беше собран пред железничката станица во Анкара во саботата на 10ти Октомври.

повеќе…

Цитати
  • Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“ Дорис Лесинг
    Златната тетратка
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!