Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2017
Феноменот на глобализацијата/Глобализацијата на ремонт (целосни одговори на прашањата за весникот Нова Македонија)
Подолу ви ги пренесуваме целосните одговори на нашите членови Хактан Реџеп Исмаил и Зоран Василески на прашањата од дневниот весник Нова Македонија во врска со феноменот на глобализацијата, а коишто беа објавени делумно од страна на весникот на следниов линк: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%93%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82&id=08497d5b-380e-4a83-b395-2e2ff4b5283a.
- Зошто идејата за глобализација е во криза?
Глобализацијата е доста „шаренолик“ и контроверзен поим за да може децидно да се констатира дека таа е во криза, како што впрочем прејудицира ова прашање; или пак дека не е во криза, земјаќи ги во обзир распалените меѓународни односи и социјални деструкции низ одредени делови од денешниот свет.. Но, ако појдеме од тоа дека глобализацијата е процес на некакви си промени кои што притоа имаат нешто заедничко, а што се случуваат во различните политички заедници низ целиот свет, тогаш ќе воочиме дека, тоа заедничко е капитализмот и ширењето на неолибералните идеи. Капитализмот е мотор на глобализицијата, денес не може да се замисли глобализирање на едно општесво без негова претходна или континуирана нео-либерализација! повеќе…
2015
МАРЈАН РИСТЕСКИ: СОЛИДАРНОСТ ПОМЕЃУ РАБОТНИЦИТЕ ПОСТОИ, НО НЕМА СОЛИДАРНОСТ ОД ВОДАЧИТЕ НА СИНДИКАТИТЕ!
Веќе неколку дена трае штрајкот на железничарите кој започна поради неисплатени плати и придонеси. Ова не е првпат железничарите да се одлучат на ваков чекор, тие се познати по својата синдикална борба и решителност во вакви клучни моменти. ДСП Ленка го поддржува овој штрајк, како и секоја друга автентична работничка борба и за таа цел поразговаравме со Марјан Ристески – претседател на независниот синдикат КСОМ (кој е дел од Повелбата за солидарност) со цел од прва рака да добиеме мислење и информации за овој штрајк. повеќе…
2015
Штрајк во текстилната фабирка „Родон“ – Битола
Веќе два дена текстилната фабрика „ Родон “ од Битола штрајкува. Над триста вработени решија да го кренат својот глас во борбата за она што нив им припаѓа – правото над неисплатени плати и неисплатен регрес за годишен одмор (односно К-15), и правото над здравственото осигурување. Во текот на вчерашниот ден, откако започна спонтаниот штрајк, вравотените добија известување дека е донесена одлука со која истите се испратени на принуден одмор. Но, и покрај ваквиот притисок, вработените одлучија да го продолжат штрајкот и денес во дворот на фабриката, да укажат дека тие не се на принуден одмор, туку дека сето тоа е последица на нивниот штрајк. повеќе…
2014
Граѓанскиот активизам мора да се дистанцира од искомпромитираниот НВО-сектор!
Димитар Апасиев – активист на ДСП „ЛЕНКА“
Разговара: Тамара Чаусидис
Димитар, има ли кондиција граѓанскиот активизам во Македонија?
Кондицијата на нашиот граѓански активизам сѐ уште е приклучена на апарати за дишење. Македонија нема своја култура на масовни граѓански движења кои би биле спремни за поширока мобилизација и организирање граѓански протести, петиции, иницијативи, референдуми, бојкоти, сквотирања и сл. Оттука, ние мораме неа да ја изградиме со наши сили, во наши прилики. Причини за закржлавеноста на активизмот кај нас има многу – а мојата теза, која континуирано ја застапувам и бранам, е дека најглавни се тројца виновници: Прво, тоа е искомпромитираниот „ен-џи-о“ сектор! Извиканите НВО-а го задушија или поточно речено не му дадоа ниту да п’ркне на автентичниот, ангажиран и социјално освестен граѓански активизам. Бирократизираната структура на НВО секторот, која нели беше за „демократизација“ на посткомунистичкото општество, немо посматраше како демократијата се извитоперува во плутократија. Тие дозволија пред нивните очи, граѓанинот да се детронизира и карикатурално да се сведе на Res oekonomicus! А немате ли Граѓанин – ‘пишете му крст’ на граѓанскиот сектор. повеќе…
2014

Обештетување само на „новите“ стечајци, за „старите“ нема интерес
Интервју со Лилјана Ѓорѓиевска, претседателка на здружението на стечајните работници – УНИТ:
Со цел да се актуелизира прашањето за состојбата на стечајните работници во Македонија, разговаравме со Лилјана Ѓорѓиевска, претседателка на здружението на стечајните работници УНИТ, која ќе ни ја образложи нивната моментална ситуација и каков е нивниот став по однос на одлуката на Владата за донесување на закон за целосно решавање на проблемот на социјалците од фирмите во доминантна државна сопственост.
2013

Моќните газди се злобни и одмаздољубиви, а инспекторите се продаваат за обичен ручек во кафеана!
Моќните и богати газди се одмаздољубиви, злобни и нечовечни!, вели Димитар Апасиев од ЛЕНКА, македонско граѓанско движење за социјална правда. Но чудно и несфатливо е, вели Апасиев, како сиромашните работници не се охрабруваат на борба, ако ништо друго барем во името на нивните деца, кои утре, исто како и нив, ќе бидат експлоатирани од децата на нивните шефови и директори.
-
Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство.
Михаил Бакунин
Федерализам, социјализам и антитеологизам