Движење за социјална правда

Трагедијата на женската еманципацијa – Ема Голдман

1906.

Почнувам со признание: без оглед на сите политички и економски теории, кои се занимаваат со основните разлики меѓу различните групи на човековиот род, без оглед на класната и расната разлика, без оглед на сите вештачки граници помеѓу женските и машките права, сметам дека тие разликувања би можеле да се сретнат во една точка и да прераснат во една совршена целина.
Под тоа не подразбирам предложување на мировен договор. Општиот општествен антагонизам кој денес го зафати целиот  јавен живот, создаден од силата на спротивставените и противречни интереси, ќе се распарча на делчиња кога преустројувањето на нашиот општествен живот, заснован на принципите на економска правда, ќе стане реалност.
повеќе…

Каде започнува револуцијата-очајно потребна?

Некогаш, кога жолтите луѓе биле од друга планета, светот бил поделен на бели и црни луѓе. Белите биле поделени на класи, а сите тие биле поделени на мажи и жени. И тогаш, при крајот на 19 век, белите жени од средната класа решиле да пушат цигари на улиците. Решиле да работат за машка плата. Решиле да се решат од сексизмот. Ги стиснале тупаниците и решиле да се борат за своите женски права. Да се омажат за кого сакаат, да раѓаат ако сакаат и колку сакаат. Да спијат до пладне, да носат машки чевли, да купуваат и купуваат, да и’ се одмаздат на инквизицијата со тоа што ќе пцујат и проколнуваат и ќе пијат и спијат со кого и кога сакаат. Да добиваат од ружи до машини за перење со сигурност бар еден ден од годината. Да бидат рамноправни со мажите, а сепак, како што еднаш рече Мерлин Монро, да можат да бидат жени во овој машки свет.

повеќе…

Левицата и борбата за ослободување на жената – Aileen O’Carroll

Европа од XVII век до 1920 год.

Борбата за ослободување на жената во принцип била поврзана со пошироките општествени и економски промени.  Првиот пишан доказ кој укажува на изедначувањето со машкиот пол потекнува од периодот на реформацијата која започанала во XVI век.

Многу жени биле вмешани во радикалните секти меѓу кои:  анабаптистичката и пуританската.  Во 1576 во Лондон е објавен проглас со кој на жените им се забранува да се состануваат заради озборување и на мажите им било советувано своите жени да ги чуваат дома.

повеќе…

Се сеќаваш ли на еден ден? – Се викаше 8-ми март!
Се сеќаваш ли на едно движење? – Се викаше феминизам!

„Класната борба е борба на жените, борбата на жените е класна борба!“
– Слоган на данско феминистичко движење „Црвените чорапи“

Се заборави ли ВИСТИНСКОТО значење?

Вековното потчинување на жената, нејзиното обезвреднување и класифицирање во групата на граѓани од втор ред; без право на соодветно образование, без право на работа и учество во политичкиот живот, резултирало со значајна борба. Која ќе донесе суштествени промени битни првенствено за „ослободувањето“ на жената и нејзината личност, а потоа и за воспоставување на „условно порамноправно“ општество. Оваа борба особено се сврзува и симболизира со датумот 8-ми март. Познат сега како Меѓународен ден на жената, но неговото суштинско значење лежи во првичната здобиена форма на името. Односно како Меѓународен ден на жените работнички или ден на меѓународна солидарност на жените во нивната борба за социјална, економска и политичка рамноправност. Како еден од најзначајните датуми во календарот на глобалното работничко движење, во кое жените го дале својот придонес за праведно општество. На кој сите работници независно на пол, раса, боја, верување се свествуваат за потребата од една заедничка битка.

повеќе…

143 години од раѓањето на Роза Луксембург

Роза Луксембург се родила на 5-ти март 1871 година во малото полско гратче Замошќ (Zamość), а детството го поминала во Варшава. Завршила докторат во Универзитетот во Цирих во 1897 и беше една од основач(к)ите на полската социјал-демократска партија (SDKPiL). По преселбата во Германија од 1898 година, таа се зачленила во германската социјал-демократска партија (SPD) и станала позната како новинарка од левицата, говорничка и теоретичарка. Била активна во Револуцијата во Полска во 1905-та, а потоа прогонета во Берлин каде била апсена и затворена неколку пати. Роза Луксембург била водечка фигура во Втората социјалистичка интернационала и борец против империјализмот, војната и диктатурата. Таа верувала во социјализам и демократија и повикувала на отфрлање на капиталистичкиот систем.

повеќе…

МАРТ – МЕСЕЦ НА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ

За едно ново раѓање на старите сништа…Ох, силно светнал ден!

 

Со цел да укажеме на неопходноста од феминизмот и тоа во неговата социјалистичка форма, како и на неговиот паралелен развој со дискурсот на бројните левичарски движења, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА го прогласува овој месец март за МЕСЕЦ НА РОДОВАТА РАМНОПРАВНОСТ.

 

Зашто еднаш рекоа: „Без жените нема револуцијаˮ! „Без жените нема половина од човечкиот родˮ!

повеќе…

0
img
Цитати
  • Оној кој не се движи, не ги забележува своите окови. Роза Луксембург
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!