Движење за социјална правда

Фундаменталистичкиот став кон жените на граѓанското здружение „Ќопру“ (Köprü)

kadin_isci_haklari
Деновиве редакцијата на Ленка го доби ова Писмо од девојка која порано работела во граѓанското здружение за кое што станува збор во истото.
Писмото во целост ви го пренесуваме како превод на Редакцијата од турски јазик. Притоа, напоменуваме дека авторката сака да остане анонимна. 

Граѓанското здружение „Ќопру“ кое во Македонија е активно уште од 2002 година па наваму и кое во своите декларативни цели наведува дека се залага и активно делува во областа на уметноста, културата и образованието, а добива сериозна, како материјална, така и идејна поддршка од Република Труција, со својот односот кон младите и своите вработени, покрај работничките ги крши и основните човекови права. Односот на ова здружение кон младите е надвор од почитување на осносвните слободи и права на индивидуата.

повеќе…

8. март – Меѓународен Ден На Работните Жени

1

 

 

8. март се одбележува како ден на сеќавање на бунтот на работничките од текстилната индустија од 1857 година во Њујорк. Притиснати од лошите работни услови и уште полоши плати, излегуваат на улиците каде што ги дочека “демократскиот” пендрек на насилните државни органи на САД. Сепак овие жени не се откажале, и покрај притисокот, два месеци подоцна основаат синдикат.

 

Борбата на работничката класа има богата историја, којашто е херојска барем толку колку што е и крвава. Во таа борба жените секогаш се истакнувале со своето херојство, борејќи се рамо до рамо со своите машки колеги, неретко и предводејќи ги, сфаќајки дека борбата за општочовечката еманципација на работникот е единствениот начин да се постигне и еманципација на жената, која претставува неодвоив дел од таа општочовечка еманципација. повеќе…

ЖЕНАТА Е ИЗВОРОТ НА ПРОМЕНАТА

 

feminist_girl_power_symbol_with_pink_background_postcard-r151d2f82e91940a8995b0654fb8330e6_vgbaq_8byvr_512Прашањето не кое треба да побараме одговор е – Што е причината поради која ние мора да се посветиме на слободата? Нашите размислувања нè доведоа да ново “пречитување” на членот 1 од Универзалната декларација за човековите слободи и права. Овој член од Декларацијата гарантира дека сите луѓе се еднакви. А не дека некои лебдеат над правата и слободите на жените. Статусот на жените е значително подобрен, особено во последните децении, но ние сме далеку од едно општество каде што мажите и жените се еднакви. Всушност разлика во третманот помеѓу мажот и жената се наоѓа на различни нивоа, како законски така и во општеството. повеќе…

0
img
Pittsburgh Factory

ЛЕВ ФЕМИНИЗАМ

ЛЕВ ФЕМИНИЗАМ1

Работничкиот интернационален крик беше „работниците немаат таковина“, односно помеѓу поединецот и човештвото не стојат националните граници туку капиталот. Ова секојдневно се потврдува, особнено, во денешнава ера на глобализирање на капитализмот. Па доследноста до марксистичкиот метод, тоест, историско_материјалистичкиот поглед на стварноста, не упатува да нешто слично кажеме и во насока на обесправеноста на женскиот пол во ова патријархално опкружување. Имено, тоа би било дека на патот кон еманципацијата на жената пред се стои нејзината материјална беда и несигурност одколку било каков правен акт.

повеќе…

mujeres_libres_wall_clock-r68f155b4ea134db5a922b0204762bf42_fup1y_8byvr_512

MUJERES LIBRES: Женското анархистичко движење во текот на Шпанската граѓанска војна

Mujeres Libres (слободни жени) била група на жени, анархистки кои во текот на Шпанската граѓанска војна се организирале и се бореле како за женското ослободување така и за анархистичка револуција. Она што го постигнаа беше навистина инспиративно. Од нивниот пример се гледа како може борбата против потчинетоста на жените и борбата против капитализмот да се спои во една борба за слобода.

повеќе…

rsz_1screen_shot_2013-10-15_at_171033

Вториот бран на феминизмот и „новиот дух на капитализмот“-Ненси Фреjзер

 

Интересно е да се запази дека вториот бран на феминизмот цвета во нови услови. Она што започна како радикално контракултурно движење сега е на пат да стане широка, масовна општествена појава. Привлекувајќи приврзаници од сите класи, ентицитети, нациналности и политички идеологии, идеите за феминизам си пронајдоа свој пат до секој агол на општественото живеење и го променија своето разбирање на оние со кои доаѓаа во допир. Резултат на ова, не беше чистото проширување на активистичките редови, туку и преобликување на здраворазумското сфаќање на семејството, трудот и достоинството.

повеќе…

Цитати
  • Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство. Михаил Бакунин
    Федерализам, социјализам и антитеологизам
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!