Движење за социјална правда

Кој ги уби овие луѓе!?

barisВо очи на 11 Октомври, кога кај нас се слави победата над странскиот окупатор и фашизмот, во Турција се случи трагедија, бомбашки напад кој укажува на државен фашизам. Имено, на 10ти Октомври, работници, невработени, обесправени работници, административци, селани, архитекти, инженери, доктори, медицински сестри, студенти, просветители, медиумски работници, сендикати, политички организации, невладини организации, социјалисти, социјал демократи, уметници и уште многу други обесправени луѓе кои живеат на територијата на Турција се собраа заедно во Анкара против САРАЈОТ на Ердоган, за правата на работникот, мирот и демократијата. Овој собир, кој го носеше името „собир за мир“ ги соедини проблемите на работникот со оние на курдите, и со оние на студентите, и на селаните, и на рударите, и на сите обесправени класно раслоени луѓе во државата. Тие излегоа заедно да му кажат „не“ на исламофашистичкото лудило на Ердоган, кој од ден на ден ја сели војната од Сирија на домашен терен. Овој собир одеднаш се претвори во крвава сцена. Две бомби една по друга експлодираа меѓу масата народ кој беше собран пред железничката станица во Анкара во саботата на 10ти Октомври.

повеќе…

ДЕН ПОСЛЕ ПОБЕДАТА НА ЏЕРЕМИ КОРБИН (И што тоа би можело да значи за Европа и Македонија)

 

KorbinЏереми Корбин е нов лидер на Лабуристичката партија во Велика Британија. И тоа со победа во првиот круг и освоени 59,5 проценти, оставајќи ги против-кандидатите со минорна поделба на остатокот гласови. Оваа вест одекна како бомба и уште на денот на објавата ја подели британската и светска јавност на два дела. Едни со голем ентузијазам споделија и со големи надежи гледаат на овој избор. Други го дочекаа на нож, повторувајќи ги старите и излитени напади кои секогаш ги добива левицата која се отргнува, барем за момент, од прегратките на капиталот.

Дали дуваат нови ветрови, ветрови на промена од Запад? Овојпат во обратен правец од тој од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите? И дали овие ветрови ќе донесат промени и во останатите делови од Европа и пошироко? повеќе…

Бегалската Криза е Криза На Системот

aylan_KurdiДеновиве низ социјалните мрежи и медиумите кружи морничавата фотографија на безживотното тело на тригодишното дете Ајлан Курди, кое пред неколку дена беше исфрлено од морските води на брегот на Бодрум во Турција, како резултат на несреќата која ја доживеа семејството при превртување на нивниот напукнат чамец, кое бегајќи од Кобане (Сирија), преку Турција и Европа сакаше да се засолни во Канада. Светските медиуми ја опишуваат како симбол на бегалската криза која се интензивизира периодов, најголеми критики одат кон Европа, која не може(!?) да се справи со оваа криза, вклучувајќи го и претседателот на Турција, кој не барајќи ниту трошка вина во себе, веднаш го впери прстот кон Европа. Но, фотографијата на ова мртво дете не е симбол на бегалската криза, туку е симбол на причината за ова масовно иселување, тоа е капитализмот, системот кој насилно се воспоставува од страна на империјалистичките сили, во кој една класа на луѓе, властодржците и богатите живеат привилегирано и управуваат со животите на „Ајланите“, кои најчесто завршуваат несреќно. Едно е јасно: ние немаме проблем со мигрантите, ние имаме проблем со капитализмот. Тригодишниот Ајлан Курди е жртва на овој систем. повеќе…

Кратка анализа по терористичкиот напад во Куманово

Напомена: Оваа анализа е пишувана за веб порталот „In Defence of Marxism, гласило на Меѓународната Марксистичка Тенденција (IMT).

kumanovo_zad_Zid

Нападот кој се случи на 9 и 10 мај во Куманово, по својот интензитет многу наликуваше на случувањата од воениот конфликт од 2001, кога вакви жестоки борби се водеа по кумановските села, Слупчане, Матејче, Ваксинце и другите. Кумановскиот регион од секогаш претставувал микс од различни народи (Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци и тн.), но исто така и претставува регион кој има долга традиција на соживот и заедничка, надетничка борба – како пример би ја навеле борбата на партизаните која не беше само антифашистичка борба туку и социјалистичка борба, борба на работниците (од сите етникуми) за поправедно и похумано општество. Заедништвото помеѓу работниците во Југославија започна да исчезнува кога класната реторика се отфрли и се замени со нова националистичка, шовинистичка и етноцентристичка, тогаш повеќето луѓето-работници, студенти, почнаа во другиот да не гледаат другар работник, студент, туку Македонец, Албанец, Србин итн. повеќе…

ГРЦИЈА – ТУРЦИЈА

ДАЛИ ВЕТРОТ ДУВА И ВО ЛЕВИЧАРСКИТЕ ЕДРА НА КУРДИТЕ?

hdp_syrizaПобедата на СИРИЗА на последните избори во Грција не ја потресе само Европската Унија, туку и други земји во Егејот. Додека турскиот премиер Ахмет Давутоглу со стиснати заби му честиташе на Алексис Ципрас, провладините турски весници побрзаа да ја информираат јавноста за “опасноста” од една таква можна власт во Турција. Победата на СИРИЗА, исто така, предизвика бран на ентузијазам меѓу социјалистичките секуларисти и левите либерали, кои вообичаено се разединети, посветени во обидот да го олабават стисокот на се’ поавторитарната власт на АКП, со надеж да формираат демократско и секуларно движење инспирирано од изборите во Грција, што пак би можело да доведе до радикални промени не само западно, туку и источно од Атина.

 

Дали Грција преку демократските избори, би можела да биде за Турција тоа што беше Тунис за Египет со масовните протести во 2011? повеќе…

0
img
de-unamuno

ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА „БАСКИСКИОТ СОКРАТ“ – ДОН МИГЕЛ ДЕ УНАМУНО

Говоров е одржан во екот на Франковиот фашистички режим во Шпанија, на 12 октомври 1936 година, на Универзитетот во Саламанка – по што Унамуно (Miguel de Unamuno y Jugo / 1864–1936), како долгогодишен професор по грчка и шпанска литература и тогашен доживотен Ректор на Универзитетот, е ставен во куќен притвор за таму и да почине по нецели два месеца (во декември 1936). На свеченоста во Амфитеатарот, на која присуствуваат голем број поканети гости – меѓу кои и бискупот, гувернерот, госпоѓата Франко и генералот Милан Астрај – последниов, по вообичаениот церемонијал, станува и во својот политички говор ги напаѓа Каталонија и баскиските провинции, кои за него се „рак рана за телото на нацијата“. Во преполниот амфитеатар некој од восхитената толпа ја извикува прочуената генералова девиза: Viva la muerte! („Да живее смртта“!). По ова, неколкумина фалангисти во сини кошули веднаш трескавично салутираат кон закачениот портрет на Франко. Тогаш стариот професор и ректор станува бавно и спокојно и ги изрекува следниве незаборавни зборови:

повеќе…

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!