Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
ДЕН ПОСЛЕ ПОБЕДАТА НА ЏЕРЕМИ КОРБИН (И што тоа би можело да значи за Европа и Македонија)
Џереми Корбин е нов лидер на Лабуристичката партија во Велика Британија. И тоа со победа во првиот круг и освоени 59,5 проценти, оставајќи ги против-кандидатите со минорна поделба на остатокот гласови. Оваа вест одекна како бомба и уште на денот на објавата ја подели британската и светска јавност на два дела. Едни со голем ентузијазам споделија и со големи надежи гледаат на овој избор. Други го дочекаа на нож, повторувајќи ги старите и излитени напади кои секогаш ги добива левицата која се отргнува, барем за момент, од прегратките на капиталот.
Дали дуваат нови ветрови, ветрови на промена од Запад? Овојпат во обратен правец од тој од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите? И дали овие ветрови ќе донесат промени и во останатите делови од Европа и пошироко? повеќе…
2014

14 темелни точки на фашизмот
Политичкиот теоретичар Lawrence Britt, анализирајќи ги фашистичките режими на Хитлер, Мусолини и Франко издвоил 14 темелни точки на фашизмот. Но се поставува критичко прашање дали фашистички режими се само тие и дали истите се појавиле одеднаж од нигде никаде, или пак има историско материјалистичка нишка, односно причини за нивна кулминација во таков отворено репресивен режим. Фашистичкото општесво е врв на секаков вид насилство. Доаѓање на едно општество до оваа точка на зенитот од насилството воопшто не е тешко и воопшто не е далеку ако работите ги погледнеме историско-материјалистички. Во оваа насока да видиме кои се овие темелни карактеристики на фашизмот и колку истите може да ги согледаме и предвидеме денес. повеќе…
-
Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“
Дорис Лесинг
Златната тетратка