Движење за социјална правда

14 темелни точки на фашизмот

Политичкиот теоретичар Lawrence Britt, анализирајќи ги фашистичките режими на Хитлер, Мусолини и Франко издвоил 14 темелни точки на фашизмот. Но се поставува критичко прашање дали фашистички режими се само тие и дали истите се појавиле одеднаж од нигде никаде, или пак има историско материјалистичка нишка, односно причини за нивна кулминација во таков отворено репресивен режим. Фашистичкото општесво е врв на секаков вид насилство.  Доаѓање на едно општество до оваа точка на зенитот од насилството воопшто не е тешко и воопшто не е далеку ако работите ги погледнеме историско-материјалистички. Во оваа насока да видиме кои се овие темелни карактеристики на фашизмот и колку истите може да ги согледаме и предвидеме денес. повеќе…

Црвено vs. Црно Скопје

1.Вовед

Анализирајќи ја општествено-политичката култура на Балканските народи се добива впечатокот дека Француската револуција воопшто не се случила, или дека овие општества воопшто не се допрени од тие вредности кои така силно одекнаа на светската сцена.

Тука ќе си рече човек „ама ете погледнете ги уставите и законите на овие држави сите се секуларни, сите ги гарантираат и инкорпорираат граѓанските права“. Да, тоа до некаде и е точно но сепак, едно е државата во нејзината формално административна рамка да е целосно декларирана како граѓанска и секуларна друго е тие вредности да владеат во општеството, во секоја негова пора-формална и неформална, во односите помеѓу групите и поединците. Имено, само кога ваквите вредности ќе потекнат од општеството кога токму одоздола ќе се рефлектираат кон државата само тогаш ќе има бенифит од декларираноста на државните институции како граѓански и секуларни. повеќе…

1
img

Соопштение по повод поканата на Ректорот на “УКИМ”

По повод поканата на Ректорот на “УКИМ” универзитетските работници и студентите да учествуаваат на отворањето на новата учебна година на Православниот Богословски факултет “Св.Климент Охридски”

Местото на студентите е во училниците!

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА го известува македонскиот народ дека чуствува загриженост за нивото на секуларност во нашата држава по повод отворената покана на Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, господинот Велимир Стојковски, до универзитетските работници и студентите да учествуваат во отварањето на новата учебна година во Православниот богословски факултет/манастир “Св. Климент Охридски”.

Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” според статут е независна, автономна и високо образовна институција и затоа сметаме дека негова основна цермонијална дејност е промовирање и унапредување на науката како една од основните вредности на нашето општество, и навистина нема никаква поврзаност со верски обреди. Местото на универзитетските работници и особено студентите е на факултетите, во процеси на спознавање и промислување на проблемите  кои не опкружуваат, а не во обредни процесии од која било вера.

Бидејќи членот 13 од статутот на УКИМ јасно вели: “На Универзитетот и на единиците се забранува политичко и верско организирање и дејствување, како и истакнување партиски и верски обележја” , бараме од Ректорот да ја повлече поканата за присуство на отворањето на учебната година во Манастирот “Св. Климент” и никогаш повеке да не си дозволува таква дрскост, на “УКИМ” да му придава верска димензија што е секако неумесно, но и вонправно, почнувајки од Уставот на Р.М. завршувајки со Статутот на УКИМ.
Должност на ректорот е да ја работи својата работа за која што е платен и од онака тенкиот џеб на студентите и да се бори за автономијата на “УКИМ” наместо да и’ пркоси на истата.

Движење на социјална правда – ЛЕНКА

Клучни зборови:
0
img
Цитати
  • Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото. Мари Букчин
    Екологија на слобода
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!