Движење за социјална правда

Перспективи за новокадровската влада

Конечно, криминалната и корумпирана влада на РМ предводена од ДУИ и ДПМНЕ е соборена. Па дури и со формирањето на новата влада направен е чекор напред во процесот на отворање на можноста за општествени промени. Секако дека ова е позитивна атмосфера која владее во политичкиот простор на Македонија, се чувствува етер на ослободување и надеж за подобро утре кој граѓаните го вдишуваат насекаде деновиве. Но, самата атмосфера си носи воедно зголемување во очекувањата кај обичните граѓани, а тоа може да се прелее во уште поголема разочараност во иднина ако тие не ги почувствуваат промените на кои сега толку реално се надеваат. Од таму, сега исклучително ќе биде важно, особено за јакнење на демократските капацитети на институциите, следењето на работата на новата влада и резултатот од истата. Се надеваме дека од сега своевидната аристократија во индустријата на граѓанскиот активизам и нивната интелигенција нема како досега секоја критика кон партиите кои ја сочинуваат новата влада да ја окарактеризира и дискредитира со едноставно игнорирање и нејзино клеветење како „режимска“ и слично.  

Честитки за новото мнозинство во парламентот на чело со социјалдемократите од РМ и се разбира кадровските промени во извршно-административното тело на Собранието, кое нели, треба на најдобар можен начин низ институциите да ја спроведува волјата од истото. За волја на вистината не толку ветувачки и надежен е фактот дека една од партиите која беше директен учесник (а не соучесник) во криминалите и репресијата на претходната власт исто така остана дел од новата влада. Така што, имајќи ја предвид недемократичноста и елитизмот на граѓанските партии, особено на ДУИ – имено партија за која и станува збор тука – владата не се промени суштински, туку повеќе ова се промени од кадровски тип, што и секако не се за занемарување. повеќе…

0
img

Феноменот на глобализацијата/Глобализацијата на ремонт (целосни одговори на прашањата за весникот Нова Македонија)

Подолу ви ги пренесуваме целосните одговори на нашите членови Хактан Реџеп Исмаил и Зоран Василески на прашањата од дневниот весник Нова Македонија во врска со феноменот на глобализацијата, а коишто  беа  објавени делумно од страна на весникот на следниов линк: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%93%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82&id=08497d5b-380e-4a83-b395-2e2ff4b5283a.

  1. Зошто идејата за глобализација е во криза?

Глобализацијата е доста „шаренолик“ и контроверзен поим за да може децидно да се констатира дека таа е во криза, како што впрочем прејудицира ова прашање; или пак дека не е во криза, земјаќи ги во обзир распалените меѓународни односи и социјални деструкции низ одредени делови од денешниот свет.. Но, ако појдеме од тоа дека глобализацијата е процес на некакви си промени кои што притоа имаат нешто заедничко, а што се случуваат во различните политички заедници низ целиот свет, тогаш ќе воочиме дека, тоа заедничко е капитализмот и ширењето на неолибералните идеи. Капитализмот е мотор на глобализицијата, денес не може да се замисли глобализирање на едно општесво без негова претходна или континуирана нео-либерализација! повеќе…

Јавен долг – фиктивна економска категорија

meltdownПари?! Што се тоа пари? Ова, навидум едноставно прашање, сепак нема едноставен одговор, особено не во светот на граѓанската економија. Имено, дефинирањето на парите е предмет на расправа веќе подолго време, а тешкотиите  се зголемуваат право пропорционално со техничко-технолошките трендови. Исто така, оваа расправа за предметот и улогата на парите веќе одамна е отидена од рацете на економистите. Денес со тоа повеќе се занимаваат математичарите, користејки исклучително апстрактни и комплексни методи во целиот тој систем на определување на вредноста и улогата на парите. Но, сепак, ние да се спуштиме на ниво на она што со голо око може да се забележи во однос на оваа проблематика. Мислам дека сите ќе се согласат, дека парите постојат, за да го олеснат прометот на стоки и услуги помеѓу субјектите. Односно, тие се еден вид општ еквивалент за размена на добрата и услугите. Оттука, парите во себе содржат имагинарна вредност на различни стоки и услуги. повеќе…

0
img

Империјалистичка разрешница на конфликтите на Блискиот Исток

На повидок е уште една историска неправда и епска трагедија на Блискиот Исток. Курдското движење, кое го носеше факелот на слободата и социјалната правда не само во борбата против турските државничко-иперијалистички репсресии, туку и во борбата против сунитско-радикалните исламистички групи од типот на ИСИС и Ел Нусра, уште еднаш е предадено и сурово искористено од страна на светските империјалистички сили.

Веќе е очигледно дека двајцата најсилни светски играчи, САД и Русија, се приближија во однос на ставот за разрешување на конфликтите во Сирија. Заради постигнување договор кој одговара на нивните империјалистики интереси и цели, тие покажаа дека се подготвени да жртвуваат што било да задоволат било какви барања. Во случајов, за да го задоволат Таип Ердоган, го жртвуваат курдскиот народ кој цел овој период беше прва борбена линија против ИСИС во Сирија и Ирак. повеќе…

НАТО и противречностите во западниот империјализам

Бен Глиниецки и Хамид Ализадех

22.07.2016

 

Неодамнешниот самит во Варшава беше полн со противречности и напнатост меѓу членките на Пактот. На виделина излегоа кршливоста на моќта на НАТО и нестабилноста на светските односи.

 

(Забелешка: Статијата е напишана пред неодамнешните изјави на Доналд Трамп за НАТО и пред кризата која изби помеѓу НАТО и Турција. Овие настани сепак служат само за да се потврди генералниот процес кој е опишан во статијата.)

NATO_-_Nicolas_Raymond_CC_BY_2.0Водечката одлука донесена на самитот беше стационирањето на четири баталјона на мултинационалните сили во Полска и балтичките земји на ротирачка база. Ова беше договорено пред две години на самитот на НАТО во Велс, но на членките на НАТО им требаа две години за да присоберат 4000 војници, чија главна задача е да се обесхрабри руска агресија во регионот.

Но, идејата дека толку мала сила може да ја обесхрабри силната руска армија е смешна и НАТО веќе призна дека тоа не се сериозни борбени сили. Пред новите распоредувања, Пентагон и корпорацијата РАНД, важен тинк-тенк што води низа воени игри, откриле дека руската армија би можела да ги окупирабалтичките земји за 60 часа. Корпорацијата РАНД предлага распоредување на минимум седум бригади (т.е. помеѓу 30 и 40 илјади војници!) придружени со значајна воздушна и логистичка поддршка за да спречи таква инвазија. Дури и тогаш, пишуваат тие, таа сила „нема да биде доволна за одржлива одбрана на регионот“. повеќе…

Македонија – безизлез на либералната демократија

 

Случувањата во Македонија во последните 2 години покажаа дека преговорите на политичките елити немаат капацитет да исплодат вистински одржливи решенија за системските проблеми кои генерираат простор за криминална и авторитарна пракса.

 

По бранот на протести во мај 2015 годинасе случија оставки на високи владини функционери. Тогаш и завршија протестите кои кулминираа со масовен митинг на 17 мај 2015 година организиран од најголемата опозициска партија, а поддржан од помали опозициски субјекти и невладини организации, (види линк на англ. http://www.marxist.com/which-way-forward-for-mass-movement-in-macedonia.htm)  Токму тие што дадоа оставки беа директно инволвирани во криминалните активности кои беа обелоденети од т.н. политички бомби. Атмосферата која се создаде со оставките беше атмосфера на еуфорија и се чувствуваше победата од страна на масовното движење. Сепак, оваа почетна победа не се искористи во правилна насока, т.е. енергичноста кај протестното движење се расеја во карневализација на револтот и кампување пред зградата на Владата, наместо да се продолжи со вистински протести и со други можни методи на борба (окупации, блокади и сл). повеќе…

Цитати
  • Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство. Михаил Бакунин
    Федерализам, социјализам и антитеологизам
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!