Движење за социјална правда

Писмо на вработените во СЈ Компани – во чии раце се правата на работниците?

Писмово во продолжение стигна на нашата адреса. Го објавуваме во целост:

Почитувана јавност,

Сакаме да ве информираме, а воедно и некој што може да ни помогне, во чија надлежност е заштитата на правата на работниците во Република Македонија. Имено, ние сме вработени во СЈ Компани. Додека беше McDonald’s – редовно се исплаќаше плата и сите придонеси, секогаш фер однос кон работникот. Но, откако се одзеде лиценцата на СЈ Компани од страна на McD Корпорацијата, г-нот Светозар Јаневски ни се обрати на сите вработени со зборовите: ”Вие не сте виновни за настанатата состојба, вие ќе добивате редовно плата и сите придонеси ќе ви се исплатуваат се додека не се реши спорот. Вие ќе сте згрижени”. Дел од вработените беа испратени дома на reliеf – како што беше кажано од г-нот Јаневски, и добиваа плата од 70 %. Но, сега ситуацијата е ПРОМЕНЕТА… веќе два месеци не се исплатени плати, без платени придонеси па и здраствено осигурување. Повеќето сме родители, и здраственото осигурување многу ни значи. И покрај сето тоа, се уште никој од СЈ Компани, па ни г-нот Јаневски не излезе да не информира за нашата судбина, што да правиме понатака, туку добивме писмо во кое не уверуваат дека прават напори да повторно се отпочне со работа… но тоа е само купување време. Општо е познато дека г-нот има доволно и дека може да го исплати долгот кон вработените. Ние ваков однос не заслуживме, после 16 години труд и лојалност кон СЈ Компани. ДО КОГА НИЕ и нашите деца ТРЕБА да чекаме. Се надевам дека ќе се најде одговорна институција која ќе не заштити од негрижата и неодговорноста на работодавач.

Со почит, вработени во СЈ Компани

12.11.2013

0
img

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!