Движење за социјална правда

Писмо од работничка во конфециска фирма, жртва на тортура извршена од страна на шефот

Работничка

Ова писмо стигна на аресата на Ленка. Го објавуваме во целост:

Јас сум вработена во модната конфекција АД „Ф. М.” од Штип.

Ова писмо го имам препраќано до многу од самонаречените и самопрогласените „доаени” на македонското новинарство како Снежана Лупевска, Миленко Неделковски, Васко Ефтов и остала багра која секогаш се лупа по гради дека лакомо ја глода вистината и дека под градите им пулсира 16 крако сонце и тоа се во име на народот.

Нити се ангажираа, нити го објавија, нити ми вратија. Најверојатно затоа што овде се работи за судбината на обичниот човек, судбина која никој не го тангира. Или можеби затоа што од оваа тематика не се собираат политички поени.Кого го занимаат грпките на работничката која триесет и кусур години бува на машина?

Кого го занимаат брчките на мајката која триесет и нешто години го вади лебот за своите деца со игла?

И се е тоа во ред.

Ние ретко сме се пожалиле и ретко цимолиме. Да се биде жена во Штип, значи да се биде борец. Ние сме жени воини , кој трпат се во името на своите деца.

Но преку оваа тортура која ја дишеме подолго време не можам да поминам. Јас како жена не можам да поминам преку навредите кои ни се упатуваат веќе подолго време.

Во нашата конфекција имаме технички директор Л.M. Навидум сосема небитно име за македонската јавност. Но човек чие име моите колешки ги асоцира на страв, викање, мобинг…Овој човек ги бои нашите секојдневија со реченици како:

„А мури ороспијо, кај глеаше! ”

„Шо трчаш ма како прле, пред магаре. Магарицо недна!”

„Ваа струмичката магарица, па ја нема на работа ”

„ Као не ти се скапа главата, па иглата ја скапа мури краво недна! ”

„Ти мури нели не фаќаше , не фаќаше, како се одеднш почна да фаќаш!? Не можеш да се изнаебеш со тај маж ти! ( навреда упатена на жена од 35-6 години која петнаесет години немаше дете и поради бременоста не можеше да остане до 17 часот.) ”

„ Тоа ти е како кучиња ко ќе се заклечкат на ебање, така и она изглеа со маж и, па затоа ја нема на работа. ”

Дури се случи еднаш да вецето кога беше затворено заради чистење да и се обрати на хигиеничарката, на цел глас пред толку жени со:

„Отварај ма или ќе го извадам тука да мочам!”

Жената кога отвори, се случи во кавгата ( затоа што таа не молчеше, туку му возвраќаше) дури и да се дрзне да ја удри. Уште и зборови упатени кон работничките како овцо, гуско, глупача, мрсница, стрвна газица, лакома крава, мрсна, тупа… Моите колешки се жени кои се плашат да го дигнат гласот и го прифаќаат ова ко да е нормално.

Епа јас не можам така. Мене ме боли и секоја навреда упатена кон било која жена си ја поимам ко кон мене да е упатена. Јас не барам кој знае што.

Јас само сакам да се слушне дека во Македонија постои шугаво место каде што одиш ко човек, работиш вредно и си одиш дома и исмеан и навреден и најчесто во солзи.

Луѓе помогнете ни, очајни сме!

Дојдете направете една анонимна анкета ќе видите за што ви зборам.

Дојдете и доволно е само да им погледнете во очите на овие жени.

Дојдете да го почувствувате стравот и стресот во нивните очи.

Ние веќе одамна не се чувствуваме ко луѓе. За нас можеби е доцна, но барем да се обидеме да смениме нешто за нашите деца. Ова едноставно не смее да се случува. Јас не сакам да растам внуче чие мајка која чесно си го вади лебот, некој на работа ќе се осмелува да ја нарекува курва, ороспија, крава и сето тоа ќе биде нормално и ќе помине неказнето.

3
img

3 Коментари на “Писмо од работничка во конфециска фирма, жртва на тортура извршена од страна на шефот”

  • Vasko на 11.11.2013 во 16:24ч. напиша:

    Па зошто сите не се организирате и не одете на работа,или како и секој македонец чекате друг некој да дојде и да ви помогни.

    Купете камерчина за шпионажа, ги има за по 10-15евра(од интернет се порачува), снимете го и пуштетего на интернет(тогаш можи и на вести ќе го има) или пријавете го сите за мобинг.

    Се надевам ќе најдете храброст за да го решите тој морон.

  • Zoran на 12.11.2013 во 01:40ч. напиша:

    Zosto ne prijavite vo policija ili pak da go tuzite kolektivno vasiot stvor od sef za verbalna navreda go imate toa vo zakonot pravo,ili pak ne se obratite kaj nekoj so povisok rank sto go imate vo firmata da razgovarate za ovoj problem ,najdobar sovet od mene e da uspeete da go snimate nekako koga e takov i da go prijavite toa kaj gazdata ili nekoj sto vredi poveke vo firmata na kraj kraevi tuzete go imate prava
    jas licno sum sef i osnovac na firma koja jas ja vodam nemam mnogu vraboteni no sepak dokolku bi imal vakov problem bi go resil so nasilstvo fala bogu posle se nie sme mazi no ne go profakam ovoj odnos vo nikoj slucaj ni na rabota ni na ulica,prevzemete nesto, prijavete go voj problem kaj vasite mazi mislam deka nema da ostanat ramnodusni . znam deka sekoj bi bil uplasen zosto ke go izgubi rabotnoto mesto no vo zafrknata situacija ste ednostavno ima idioti luge segde vo svetot ne e samo makedonija

  • Alush на 12.11.2013 во 03:42ч. напиша:

    Jas,mislam deka ako veke se slucuvaat ovie raboti,najdobro ke bide da se pokrene SUDSKA postapka…nekolku zeni koi ke potvrdat deka e vistina…
    Togash neka NAVREDUVA…ako mu tekne…
    se pokazavte kako hrabri,i jas ve ohrabruvam da ne se otkazete,ostaj ti Milennko i bagrata negova…toa e politika,ne mesaj toa tuku obrati se do nekoja N.V.O za pravna pomos.
    -pozdrav

Цитати
  • Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени. Карл Маркс
    Тези за Фојербах
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!