Движење за социјална правда

Како феминизмот стана слугинка на капитализмот

Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација, почна да придонесува во клучните идеи на неговата последна, неолиберална фаза, пишува Nancy Fraser, американска теоретичарка и професорка на политички науки и философија за The Guardian.

Феминизмот обично подразбира, со борбата за еманципација на жената да се создаде подобар свет – поправеден и послободен. Но, во последно време се јавува страв, дека идеалите кои први започнаа да ги заговараат феминистките, сега почнаа да служат на други цели.

Конкретно, се поставува прашањето – дали критиката на сексизмот стана оправдување за нови облици на нееднаквост и експлоатација?

Во овој пресврт, постои опасност женското ослободително движење да се здружи со неолибералните тежнеења за создавање општество со кое управува слободниот пазар. Тоа би било објаснување, зошто феминистичките идеи, кои претходно беа дел на радикалниот поглед на светот, сега се повеќе се изразуваат во индивидуалистички термини. Некогаш, феминистките го критикуваа општеството кое промовира кариеризам, а сега ги советуваат жените да се „прилагодат“. Движење кое ставаше акцент на општествената солидарност, сега ги воспева претприемачите. Движење кое ја ценеше меѓузависноста сега промовира индивидуален напредок и меритократија.

До сето ова дојде заради промени во самиот карактер на капитализмот. По државниот капитализам на повоениот период, на сцена стапи нов, неорганизиран, неолиберален капитализам. Вториот бран на феминизмот настана како критика на првиот вид на капитализмот, но сега стана слугинка на вториот.

Од сегашна перспектива можеме да видиме дека женското ослободително движење укажа на две различни можни иднини.

Според првото сценарио, замислен е свет во кој родната еманципација оди рака под рака со партиципативната демократија и општествената солидарност; според вториот, ветен е нов облик на либерализмот кој и на жените и на мажите би им овозможил индивидуална автономија, зголемена можност на избор и меритократски напредок. Вториот бран на феминизмот во таа смисла е амбивалентен. Со оглед на тоа дека е компатибилен со двете видувања на општеството, стана подложен на две различни историски алаборации.

Амбивалентноста на феминизмот во последниве години се разреши во корист на второто, либерално-индивидуалистичко сценарио, но не зарди тоа што феминистките беа пасивни жртви на неолибералното заведување. Напротив, самиот феминизам има дадено три важни доприноси на развојот на неолибералните идеи.
feminists-fight-capitalismПрвиот придонес беше феминистичка критика на „семејната плата“ – семејствата во кои мажот заработува, а жената седи дома, кој беше клучен идеал на државниот капитализам. Феминистичката критика на тој идеал сега служи како оправдување за „флексибилниот капитализам“. Жените почнаа се’ повеќе и повеќе да земаат учество на пазарот на трудот и идеалот на „семејна плата“ е заменет со современата верзија – семејства кои се состојат од двајца вработени, која феминизмот, судејќи по се’, ја одобруваше.

Независно што тој нов идеал во реалноста значеше помала плата, несигурни работни места, намален животен стандард, зголемување на бројот на работни саати во домаќинството, односно воопшто раст на сиромаштијата, посебно во домаќинствата водени од жените. На тој начин неолиберализмот ја искористи феминистичката критика на семејната плата, за да ја оправда експлоатацијата, односно ја употреби борбата за еманципација на жената во име на акумулација на капиталот.

Феминизмот даде уште еден свој допринос на неолиберализмот. Во тек на периодот на државниот капитализам, феминистките со право ги критикуваа ограничените политички погледи кои беа толку фокусирани на класната нееднаквост што ги занемарија останатите „не-економски“ неправди како семејното или сексуалното насилство. Отфрлајќи го тој економски аспект и фокусирајќи се на овој личен, феминистките го проширија политичкото делување, за да ја доведат во прашање статусната хиерархија, која почиваше на културалната конструкција на родните разлики. Тоа требаше да резултира со ширење на борба за правда како во културна, така и во економска сфера. Но резултатот всушност беше еднонасочен фокус на „родов идентитет“ по цена на сите останати политички прашања.

Уште полошо, феминистичкиот пресврт кон политичките идеи беше премногу ускладен со растечкиот неолиберализам чија што цел беше да се потисне секое сеќавање на општествената правда. Феминистките најмногу се фокусираа на критиката на културниот сексизам, баш во моментот кога околностите бараа двојно поголемо внимание да се посвети на критика на политичката економија.

Конечно, третиот допринос на феминизмот на неолибералните идеи беше критиката на патернализмот на државниот просперитет. Иако во текот на периодот на државниот капитализам оваа критика беше прогресивна, подоцна се стопи со неолибералната војна против „државата на дадилките“ и нејзиното цинично прифаќање на невладините организации. Пример за тоа е „микрокредитот“, програма на мали банкарски кредити за сиромашните жени на југ. Претставен како феминистички лек за потчинетост и сиромаштија на жената, пришто се занемари фактот дека тој кредит се појави баш во моментот кога државите се откажаа од макро-структуралните напори на борба против сиромаштија. Проект чија првична идеја беше демократизација на државната моќ со што би се зајакнале граѓаните, сега се користи за да се озакони комерцијализацијата и државното штедење.

Во сите овие случаи, амбивалентноста на феминизмот беше разрешена во корист на (нео)либералниот индивидуализам.Но второто, посолидно сценарио, е се’ уште можно. Феминистките затоа би требало да ја прекинат опасната врска со неолиберализмот и да ги побараат назад своите три „доприноси“ по свои сопствени услови.

Тоа значи дека, најпрво, би требало да ја прекинат својата сомнителна врска меѓу критиката на семејната плата и флексибилниот капитализам, така што би се заговарала децентрализација на платената работа и вреднување на неплатените активности. Потоа, би требало да се обедини борбата за трансформација на статусниот поредок кој почива на маскулинитетните културни вредности во борбата за економска правда. На крај, би требало да се одвојат лажните врски меѓу критиката на бирократијата и слободниот пазарен фундаментализам на начин со кој ни се барало враќање на партиципативната демократија како средство за зајакнување на моќта на јавноста, што би го ограничило капитализмот и би ја зголемило праведноста.

Преземено од http://voxfeminae.net/cunterview/politika-drustvo/2334-kako-je-feminizam-postao-sluskinja-kapitalizmu

Клучни зборови:
0
img

Цитати
  • Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!