Движење за социјална правда

„Времето и неговата мизерија“ – Џон Зерзан [трет дел]

Време за молење, време за работа

[продолжува од втор дел] „Времето никогаш не е целосно присутно“, вели стоикот Хрисип, по што концептот за времето бил понатаму унапредуван од страна на главната јудео-христијанска доктрина за линеарна, неповратна патека помеѓу создавањето и спасението. Овој суштествено историски поглед на времето го претставува вистинското јадро на христијанството; сите основни поими за мерливото, еднонасочно време можат да се најдат во пишувањата на св. Августин од 5 век. Со распространувањето на новата религија, строгото регулирање на времето, на практична основа, било потребно како еден од сегментите во одржување на дисциплината на монашкиот живот. Ѕвоната кои ги повикувале монасите на молитва осумпати дневно, се слушале многу подалеку од ѕидините на манастирот, на тој начин наметнувајќи мерење на временските прописи врз општеството во целина. Според Марк Блок (Marc Bloch, 1940), населението во текот на феудалното доба продолжило да манифестира „значајна рамнодушност кон времето“, но не е случајност што првите јавни часовници ги украсувале катедралите на Запад. Во тој контекст вреди да се спомене фактот дека повиците за молитва во точно определено време станале еден од составните делови на средновековната исламска вера.

Пронаоѓањето на механичкиот часовник претставува една од најважните пресвртници во историјата на науката и технологијата; всушност, во сета човекова уметност и култура (Синг/Synge, 1959). Унапредувањето на прецизноста на власта ѝ овозможи зголемени можности за угнетување. На пример, еден од раните поклоници на Giovanni_Di_Dondi_clock_усовршените механички часовници бил војводата Џијан Галеѕо Висконти (Gian Galezzo Visconti), кој во 1831 бил опишан како „сталожен, но вешт господар со изразена љубов кон ред и прецизност“ (Фрејзер, 1988). Како што Вејзенбаум (Weizenbaum, 1976) запишал, часовникот започнал да создава „буквално нова реалност… која беше и преостанува да биде осиромашена верзија на старата”.

Била воведена квалитативна промена. Дури и кога ништо не се случувало, времето не престанувало да тече. Настаните, од ова доба па натаму, се ставени во оваа хомогена, објективно измерена, движечка рамка – а тоа унилинеарно напредување наишло на отпор. Најекстремни биле хилијазмот, или миленаристичкото движење кои се појавиле во различни делови на Европа од 14 до 17 век. Тие најчесто попримале облик на селански буни кои биле насочени кон враќање на изворната егалитарна состојба и биле експлицитно спротивставени на историското време. Овие утопистички експлозии биле задушени, но остатоци од раните концепти за времето опстоиле како „понизок“ стратум од народната свест во многу области.

За време на ренесансата, кога јавните часовници почнале да ги одѕвонуваат сите дваесет и четири часа од денот и додале нова сказалка за означување на минувањето на секундите, доминацијата на времето достигнала ново ниво. Силното чувство на сеопфатна присутност на времето го обележува тој период, а тоа најилустративно е отсликано во ликот на Таткото на времето. Ренесансната уметност го споила грчкиот бог Хронос со римскиот бог Сатурн за да го создаде познатото мрачно божество кое ја претставува моќта на Времето, наоружано со смртоносна коса која ја означува неговата поврзаност со земјоделството/припитомувањето. И додека Танцот на смртта и останатите средновековни memento mori артефакти претходеле на покајавата на Таткото на време, сега наместо смртта во центар на вниманието е времето.

12926256-renaissance-astronomical-clock-in-brescia-italy-years-1540-50--displays-hours-moon-phases-and-the-zo

Седумнаесеттиот век бил првиот во кој луѓето сметале дека живеат во определен век. Човекот сега започнал да делува во согласност со времето. Делата на на Френсис Бекон, Мажественото раѓање на времето (The Masculine Birth of Time, 1603) и Дискурс за новата планета (A Discourse Concerning a New Planet, 1605) се занимаваат со таа димензија и откриваат како продлабоченото чувство за време може да му служи на новиот научен дух. „Да се избере времето значи да се зачува времето“, пишува Бекон, а „вистината е ќерка на времето“. Следи Декарт кој ја воведува идејата за бесконечност на времето. Тој бил еден од првите застапници на модерната идеја за прогресот, тесно поврзана со онаа на безграничното линеарно време, карактеристично изразена во неговата прочуена изрека за човекот како „господар и сопственик на природата“.

Њутоновиот механички универзум е врвното дотигнување на Научната револуција во седумнаесеттиот век и се заснова на неговиот концепт за „апсолутно, вистинско и метематичко време кое, само по себе и по сопствената природа, постојано тече без никаква поврзаност со нешто вечно“. Времето сега е големиот владетел кој никому не одговара и на кој никој не влијае, целосно независен од опкружувањето: модел на неагресивен авторитет и совршен гарант за непроменливото отуѓување. И покрај промените во науката, класичната њутонова физика останува доминантна во секојдневното сфаќање на времето.

Time_is_Pain__Life_is_Pain_by_MetalMaster2004

Појавата на независно, апстрактно време својот одраз го пронаоѓа во појавата на сè поголема, формално слободна работничка класа присилена да ја продава својата работна сила како апстрактна стока на пазарот. Пред појавувањето на фабричкиот систем, иако веќе подложна на дисциплинската моќ на времето, оваа работна сила претставува спротивност на Владетелот на Времето: слободна и независна само по името. Според проценката на Фуко (1973), Западот од тој момент станал „заложничко општество“. Можеби поилустративна е балканската поговорка: времето е затвор.

Како чин на симболичко отфрлање на модерната наука и цивилизација Русо во 1749 го фрлил својот часовник. Сепак, нешто посоодветно на духот од тоа време е подарокот што Марија Антоанета го добила за нејзината свршувачка, педесет и еден часовник. Зборот (watch – гледа/часовник) е многу соодветен, бидејќи луѓето сè повеќе и повеќе го „гледале времето“ (watch the time); часовниците набрзо потоа ќе станат едни од првите трајни потрошувачки добра на индустриската ера.

Вилијам Блејк и Гете го нападнале Њутн, симболот на новото време и наука, заради неговото дистанцирање од животот на сетилното, неговата редукција на природата на нешто мерливо. Од друга страна, капиталистичкиот идеолог Адам Смит го прифатил и промовирал Њутн, повикувајќи на поголема рационализација и рутинизација. Смит, како и Њутн, работел восхитен од сè помоќното и немилосрдно време кон понатамошно унапредување на поделбата на трудот како цел и апсолутен прогрес.

Пуританците губењето време го прогласија за првиот и во принцип најсмртоносен грев (Вебер, 1921); еден век подоцна тоа прерасна во Бен Френклиновото “времето е пари”. Фабричкиот систем го овозможиле изработувачите на часовници, а часовникот станал симбол и праизвор на редот, дисциплината и репресијата потребни за создавање на индустрискиот пролетаријат.

Soviet-era-watch4

Хегеловиот систем во раниот 19 век прогласи дека „втурнувањето во времето“ е основниот момент на Историјата; времето е нашата „судбина и неопходност“, изјави тој. Постон (Postone, 1993) забележува дека „прогресот“ на апстрактното време е тесно поврзан со „прогресот“ на капитализмот како начин на живот. Разните бранови на индустријализам го задушија отпорот на лудитите; проценувајќи го тој период, Лиотар (1988) истакнува дека „болеста на времето сега веќе е неизлечива“.

Сè покомплексното класно општество бара сè поголема подреденост на временски сигнали. Борбите против времето, како што Томсон (Thompson, 1967) и Хон (Hohn, 1984) посочија, создадоа место за борбите за време; спротиставувањето на зајармувањето од страна на времето и неговите инхерентни побарувања беше, општо земено, поразено и заменето со расправи околу праведното одредување на временски распореди или должината на работниот ден. (Патем, во едно обраќање до Првата интернационала, од 28 јули 1868, Карл Маркс заговарал да се почнува да се работи од деветтата година).

Часовникот од катедралата се смести во судот и судницата, веднаш до банката и железничката станица и конечно на глуждот и во џебот на секој чесен граѓанин. Времето мораше да стане „подемократско“ со цел вистински да ја колонизира поданоста. Поданоста на надворешната природа, како што тоа го сфатија Адорно и други, е успешна единствено во сооднос со покорувањето на внатрешната природа. Поинаку кажано, ослободување на силите на производството зависеле од победата на времето во својата долга војна со слободната свест. Индустријализмот со тоа доведе до поцелосно претворање на времето во стока, во својот најпредаторски облик досега. Токму ова беше она што Гиденс (1981) го согледа како „клуч за најдлабоките трансформации на секојдневниот општествен живот кои се предизвикани со појавата на капитализмот“.

Soviet-era-timepiece„Времето незапирливо тече“, како што вели поговорката, во свет кој е сè позависен од времето и време кое сè поунифицирано. Еден единствен џиновски часовник стои над светот и доминира. Тој продира насекаде; во неговиот суд не постои жалба. Стандардизацијата на светското време означува победа за ефикасното општество на машините, универзализам кој ја распарува индивидуалноста подеднакво сигурно како што компјутерите водат кон хомогенизација на мислата.

Пол Вирилио (Paul Virilio, 1986) отиде дотаму да предвиди дека „губењето на материјалниот простор нужно води кон владеење на времето“. Уште попровокативно е тврдењето според кое историјата се раѓа како последица на создравањето на свеста за времето. Вирилио (1991) всушност смета дека веќе живееме во систем на технолошка привременост каде што историјата е засенета: „…клучното прашање сè помалку е поврзано со историјата отколку со времето“.

Меѓутоа, настрана од таквите теоретски излети, постојат доволно докази и сведоштва за централната улога на времето во општеството. Во „Time – The Next Source of Competative Advantage“ (јули-август 1988, Harvard Business Review), Џорџ Старк Јуниор тврди дека времето е клучно за етаблирањето на капиталот: „Како стратешко оружје, времето е еквивалент на парите, продуктивноста, квалитетот дури и иновацијата“. Временското управување сигурно не е ограничено само на компаниите; Левиновата (Levin) студија од 1985 година за јавно достапните часовници во шест земји, демонстрираше дека нивната точност претставува точна мерка на релативната индустријализација на националниот живот. Тесктот на Пол Адлер (Paul Adler), „Time-and-Motion Regained“ (јануари-февруари 1993, Harvard Business Review), отворено ја поддржива неотејлоровата стандардизација и организација на работата: зад рекламираните кулиси на „демократија на работното место“ во некои фабрики сè уште покрај „дисциплината на времето и движењето, се одржале и формални бирократски структури од суштинско значење за квалитетот на рутинските операции“. [продолжува]

Извор: John Zerzan, Running on Emptiness: The Pathology of Civilization, Feral House, 2005.

Преземено од Анархистичка библиотека

0
img

Цитати
  • Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство. Михаил Бакунин
    Федерализам, социјализам и антитеологизам
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!