Движење за социјална правда

Битола: иднината е ова!

941137_505962736126371_1286488503_n         Добро знаеме дека во современото општество проблемот со загадување на животната средина веќе станал секојдневие, т.е. на некој начин нормално функционирање на системот(за жал), како плод на индустријализацијата и човековото ирационално однесување, кое во желба за материјални удопства и сè поголема желба за контрола, сериозно го пореметува еко-системот.

1004420_505962212793090_1778644122_nВо конкретниов случај би се осврнал на она што се случуваше(и сèуште се случува) во Битола.Последниов период стигнаа податоци кои требаше да делуваат загрижувачки и да бидат доволно силни за да го запалат рационалниот и активистички фитил кај нашите сограѓани.Имено, според мерните станици на Министерството за животна средина концентрацијата на ситна прашина во воздухот е 20 пати над дозволеното, што претставува сериозна бројка.Покрај тоа законски е дозволено 35 дена пречекорување на концентрацијата на ситна прашина во годината, а веќе изминуваат 43 дена(треба да имаме предвид дека сèуште е месец Јули).Веќе претставуваше јавна тајна дека Битола извесно време е еден од најзагадените (ако не и најзагаден) град во Македонија. Овие податоци беа пласирани во јавноста претежно од локалните медиуми со цел да пробудат интерес и реакција за проблемот кој сите ние го чувствуваме. Сепак, повратниот одговор беше ништо друго освен молк, како од еколошките здруженија, организации па и партии (чија смисла на постоењето е да ги лоцираат и реагираат на ваквите проблеми), надлежните институции и во крајна линија граѓаните.Но сепак не е сè така безнадежно. Група од десетина млади активисти самоиницијативно решија да кренат глас и да негодуваат против моменталната состојба и со тоа да пратат порака до сите дека некој го забележал проблемот и е спремен да отпочне решителна борба за подобрување на ситуацијата. Младите активисти направија еден перформанс пред општината носејќи гас маски и транспарент „Иднината е ова“,со што добро покажаа што може да се случи доколку проблемите и понатаму се туркаат под тепих. Овој перформанс беше солидно покриен од медиумите (како локални така и пошироко). Симболично на секое поставено прашање од страна на активистите се одговараше со кашлање. Потоа следуваше прошетка низ централното градско подрачје, каде фреквенцијата на луѓе во тој период е голема и впечатокот е дека се доби првичниот посакуван ефект од оваа мини-акција. Луѓето во никој случај не останаа рамнодушни, а Општинскиот совет на својата седница го постави ова прашање на дневен ред.

Прашањето кое се поставува е што да се прави понатаму? Само континуиран ангажман и интерес на поголемиот дел од луѓето по ова прашање може да донесе некаков ефект. Треба да се постави на дневен ред прашањето за поставување на нови филтри на РЕК Битола кој важи како главен загадувач на градот и општината, бидејќи сепак здравата животна средина и нормалниот човечки развој во никој случај немаат и не треба да имаат материјална цена. Овој своевиден крик од градот каде има најмногу заболени од рак и каде голем број на граѓани се жалат на потешкотии со дишењето претставува еден поттик за поодговорно однесување кон она што не опкружува и потреба да сфатиме дека никој нема да се заинтересира да ги реши нашите најнепосредни проблеми доколку тоа не го сториме самите.

Автор на текстот:

Дејан Лутовски, активист на ДСП Ленка

0
img

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!