Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2013
Дебатното кино „Контра Кадар“ продолжува со проекции во Битола
Дебатното кино „Контра Кадар“ вчера ја одржа петтата проекција по ред и со тоа го отвори вториот месец на проекции на филмови во Битола. Вчерашната проекција на филмот „Чија е оваа песна“ (Чия е тази песен?) ја посетија околу 60-тина луѓе кои по проекцијата продолжија со дискусии на теми поврзани со историјата, национализмот, меѓуетничката омраза, корените и причините на тие негативни појави и како истите да се надминат.
Проекциите од овој месец ќе се одржуваат во малата сала на Домот на културата во Битола, секоја среда од 20:00 часот. Програмата за овој месец е следна:
15-ти мај: The Take (Преземање)
22-ри мај: In Time (Навреме)
29-ти мај: Cash and Marry (Плати и жени)
Влезот за сите проекции е слободен.
Контра Кадар на фејсбук: facebook.com/
-
Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“
Дорис Лесинг
Златната тетратка