Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2013
ДСП – ЛЕНКА се приклучува на протестот против интернет цензурата
По повик на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за затемнување на веб-страниците во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ќе го затемне својот сајт во рок од 24 часа, започнувајќи вечерва на полноќ.
“Со аргументи дека ќе се воведе ред во онлајн медиумската сфера со новиот закон доаѓа сериозна опасност за политичка контрола, селекција, лиценцирање и цензура на онлајн медиумите”, се вели во повикот на ССНМ.
Интернетот мора да остане надвор од државна контрола бидејќи тој е единствен извор на слободно информирање на народот надвор од контролираните канали на мејнстрим медиумите. Никоја власт не смее да го ускратува тоа право преку „регулација“ односно цензура на интернет просторот под било која основа! Исто така никој човек не смее да биде приморан да бара дозвола за присутност во интернет просторот и за слободно дистрибуирање на информации на интернет! (чл. 54 од предлог-законот)
- Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll