Движење за социјална правда

Соопштение до јавноста

 до нашите сограѓани, читатели и вербални поддржувачи

По повод сѐ поголемиот број пристигнати мејлови, кои секојдневно ги добиваме преку нашата веб-страница или фејсбук-профил, а кои содржат апели за помош или повикувања на реакција во врска со голем број социјални неправди сторени кон нашите сограѓани – Движењето за социјална правда ЛЕНКА би сакало да ја извести јавноста дека очекувањата што некои наши вербални поддржувачи ги имаат од нас се преголеми и „месијански“ и истите не соодветствуваат со реалните материјални и кадровски капацитети на Организацијата.

ДСП ЛЕНКА се надева дека ќе наиде на разбирање и дека во иднина нема да мора да одговара на пораките од типот „Каде сте да реагирате?“ или „Зошто го премолчивте (ова или она)“!? Зошто? Затоа што: ЛЕНКА не е класична „невладина“ која брка проекти и има своја хиерархија. Нашите членови работат волонтерски, односно ние не сме платени од никого за ова што го правиме, ниту пак некој нѐ избрал за да бидеме негов „ангел-чувар“! Самоиницијативно сме се собрале и сме одлучиле да делуваме на терен затоа што многу работи во општеството ни сметаат, а имаме визија и план како да ги промениме. Нашите активисти немаат свој лидер, а ниту претензии за било какви функции или кариери. Основна цел ни е да ги анимираме непривилегираните да излезат од очајот и самите да се борат за своите права и слободи. Народот мора да сфати дека – по пат на непосредна демократија, директни акции и лични примери – треба масовно да се вклучи во политичките процеси и да се фати во костец со неволји од секаков вид, надминувајќи ја апатијата и не чекајќи некој друг да му ги решава проблемите!

Затоа ЛЕНКА континуирано, веќе петта година по ред, ја следи и аргументирано ја критикува социо-економската и трудово-правната состојба во Македонија, често солидаризирајќи се со маките на нископлатените работници и работнички или, пак, со проблемите на невработените – преку актуелизација на прашања кои се во нивен интерес и преземајќи различни институционални или вонинституционални методи на класна борба во насока на подобрување на положбата на сиромашните, а за сметка на богаташите и корумпираните политичари од власта или од опозицијата.

Но членовите на ЛЕНКА, од кои најголем број и самите се невработени лица кои токму поради својот социјално-освестен ангажман и несебичен активизам за „јавното добро“ не ретко се на удар на тенденциозните етикетирања од страна на властите – досега во практиката стекнаа поголем број непријатели, отколку искрени поддржувачи!? Затоа, сакаме да потенцираме дека ЛЕНКА одбива да биде перцепирана како „спасител“ кој ќе ги реши сите ваши проблеми и од кој треба да очекувате патерналистички однос, туку исклучиво како активистичка и партиципативна асоцијација, односно политичко движење во кое секој кој ги споделува вредностите во кои веруваме може конструктивно да учествува и да придонесува – посветувајќи дел од своето време, знаење и енергија за подобрување на општеството во кое живееме.

Затоа, излези од сеирџиството и тастатура-критизерството. Активирај се и приклучи се кон нашата кауза па, со добра волја, рамо-до-рамо со нас бори се за она што ти следува. Во спротивно, не очекувај ЛЕНКА да те спасува.

Подобар свет е неопходен, подобар свет е можен!

 

Скопје,

24.IV.2013lenka-logo

Клучни зборови:
2
img

2 Коментари на “Соопштение до јавноста”

  • Vlatko Sekuloski на 24.04.2013 во 18:04ч. напиша:

    Zdravo,

    Vasata misija e blagodorna, sekoja cest za vlozenoto vreme. Kamo da imase mnogu poveke cist gragjanski aktivizam na Balkanot.

    Gledam promovirate socijalna poezija so najgolemi bukvi vo linkovite, pa imam eden predlog. Odma do toj link da stavite link do delata na Robert Kiyosaki. Eve eden engov citat:

    I propose we start a 2nd school system to teach young people to be capitalists and offer financial education. Then parents can choose which school to send their kids to.

    Liceto na kapitalizmot so golemite korporacii na celo e propaganda zatoa sto 80% od budzetot na Germanija na primer go polnat mail i sredni pretprijatija.

  • Мара на 25.04.2013 во 01:08ч. напиша:

    Точно е дека економскиот ‘рбет на Германија се малите и средни претпријатија (МСП), кои вработуваат 80 проценти од сите работници во Германија. Но (!) само заедно со меѓународно водечките големи претпријатија – вклучувајќи ги Bayer, BASF, Daimler, Volkswagen и Siemens – МСП ја прават преработувачката индустриска основа на Германија. Но (уште едно воскликнато Но) поентата е што експлоатацискиот карактер на извлекувањето на вишокот (на труд) останува важечки и за малите и средните претпријатија кои се во приватна сопственост. Тоа е медузиното лице на капитализмот и е чист процес на десеткување на доходот на работниците.

    „Во услови на капитализам, трудот навидум е слободен, извршената работа за претпријатието се плаќа од час. Марксовиот најголем теоретски придонес за комунизмот беше неговата анализа на тоа како навидум слободниот платен труд го крие извлекувањето на вишокот на труд во форма на вишок на вредност. Од експлоатацијата на наемниот труд започнуваат класните противречности на капитализмот. Од неопходното појавување на вишокот во парична форма започнуваат финансиските кризи, рецесиите и стопанските циклуси кои ја обележуваат историјата на капитализмот.“ (Кокшот & Котрел, 1993)

    Тврдењето од твојот последен пасус има уште еден кардинален превид. А тоа е што не ја зема концентрацијата и централизацијата на капиталот во голема слика, оти неолибералниот капитализам е глобален процес по падот на државно-капиталистичките системи.

    http://monthlyreview.org/wp-content/uploads/old/2011/201104rom-chart5.jpg

    Во 2009 година топ дваесет и петте глобални приватни мегакорпорации рангирани по доход биле: Wal-Mart Stores, Royal Dutch Shell, Exxon Mobil, BP, Toyota Motor, AXA, Chevron, ING Group, General Electric, Total, Bank of America, Volkswagen, ConocoPhillips, BNP Paribus, Assicurazioni Generali, Allianz, AT&T, Carrefour, Ford Motor, ENI, JPMorgan Chase, Hewlett-Packard, E.ON, Berkshire Hathaway, и GDF Suez. Taквите претпријатија го претставуваат светот со 40 проценти од светскиот БДП (како што може да се види од графикот горе). Самир Амин (The Law of Worldwide Value, New York: Monthly Review Press, 2010) вешто го нарекува ова „доцниот капитализам на генерализирани, финансијализирани и глобализирани олигополи“. Нема сомневање дека овие џиновски глобални корпорации се способни да ја користат/злоупотребат својата несразмерна моќ да нудат монополски ренти, наметнувани на цели населенија, држави и помали корпорации. ТОЛКУ ЗА ТОЈ НОВ БРАН НА КОНКУРЕНЦИЈА во кој со Смитова догма верува нашиот Влатко Секуловски.

Цитати
  • Оној кој не се движи, не ги забележува своите окови. Роза Луксембург
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!