Движење за социјална правда

Боговите ги заслепуваат оние што сакаат да ги уништат

Охридското Езеро реши да ја искористи поволната за него временска прилика која што му се укажа претходните денови (се разбира неповолна за човекот затоа што тоа за него претставува само невреме и ништо повеќе), та самото си се справи со отпадот со кој полипот наречен несвесно човештво го преполна. Едноставно го исфрли тој отпад на крајбрежјето. Тој полип наречен модерен човек живее на оваа планета како да има некоја друга на која би можел веднаш да отиде доколку се појави некоја опасност по неговата егзистенција. Тој полип го третира Езерото на начин како да има некое друго исто такво езерце, или пак како да е способен да создаде некое друго. Она „ќе бидете како богови“ на Ерих Фром некој погрешно го сфатил. Некој кој не знае дека токму боговите ги заслепуваат оние кои сакаат да ги уништат и да го завземат нивното место!

Ништо помалку важен не е и фактот што односот на луѓето спрема природата постанал длабоко непријателски. Ја преобликуваме природата спрема соспствените потреби сè додека победата, сè повеќе и повеќе, не постанала еднаква на уништување. „Нашиот дух на победа и непријателство нè заслепил, па нас ни се извлекол фактот дека природните ресурси имаат своја граница, што на крајот можат да бидат исцрпени и дека природата ќе се бори против човечката грабливост. Индустриското општество гаи презир спрема природата – како и спрема сите работи кои не потекнуваат од машините. Денес луѓето се привлечени од механичкото, од безживотното и – сè повеќе – од деструктивното.“[i]

1

Фрламе отпад во Езерото, сметајќи дека така ќе се ослободиме од истиот, но не сфаќаме дека нема нешто што може да се нарече „настрана“ и „подалеку“ од мојот двор. Тоа што го фрламе мора да оди некаде. И ете, оди во Езерото…и најчесто истиот, на овој или оној начин, ни се враќа! Не сфаќаме дека сè она што $ го правиме на природава (во случајов на Езерово) е само една рефлексија на сè она што на себе си го правиме, но и на другите. Човекот едноставно станал “монструм” на природата[i]; следствено, човекот станал монструм на себеси! Природата не е ништо друго туку нашето сопствено битие. Да се осврнеме околу себе и ќе видиме мртви, некреативни, блокирани, затоа што се во судир со природата, секогаш подготвени да си докажат себеси дека можат да го прават спротивното од она што нивната мајка природа им го налага. Во судирот на природата и нашиот мозок да се држиме до природата, затоа што ако $ се спротиставиме лесно може да нè уништи.[ii]

Мала група луѓе, кои не можат да останат рамнодушни на ова што и’ бидува правено на планетата Земја, решивме не да излеземе на протести против загадувањето и фрлањето отпад во Езерото (тоа го оставаме за еколошките здруженија кои бркаат проекти), туку напротив, да преземеме конкретен чекор. Свесно одлучивме да не понесеме ниту апарат ниту камера (да повикаме медиум) кои ќе ни бидат верен доказ за нашиот труд (та доказ пред кого? – се запрашавме!). Водевме долга битка со отпадот со кој се соочивме на плажата крај Охридското Езеро, но на крај победивме! Резултатот беше три наполнети контејнери спрема нула отпадоци на плажата. Какви ли сè чуда од амбалажи не видовме! Овој систем на создавање вештачки потреби да ти неуморно работел! Бернајс пропагандата се метастазирала во секоја општествена пора! Да живее homo consumens! – го слушавме шепотот кој одекнуваше од отпадот. А резултатот од тој оддек денес заврши во тие три контејнери! Мала, но слатка победа над системот!

2

Борејќи се со отпадот, ми се јави една „гноза“…си викам – колку сме одалечени од суштината на работите, колку сме задоени со тие лажни вредности, колку сме дволични и ние кои себеси се сметаме за „еднолични“! Си викам, дали сме навистина против нештото доколку го живееме истото тоа нешто против кое сме? Доколу зборуваме едно, а правиме обратно од тоа што го зборуваме? А така правеше и истакнатиот комунист Бертолд Брехт, кој протестираше против капитализмот, но секогаш ги задржуваше авторските права на своите драми и имаше банкарска сметка во Швајцарија, но не и во родната (комунистичка) Источна Германија. Ете, протестираме против системот, а во себе си подшепнуваме „кога само би имал повеќе пари!“…протестираме против капитализмот со Кока Кола и МекДоналдс сендвич во рака!…протестираме против насилството со насилни протести!… протестираме против загадувањето доаѓајќи на протест со автомобил, држејќи цигаре в рака и парола „не ја труете планетава“!… Не е ли тоа дволичност!? Не е ли тоа несвесност, заслепеност!? Не е ли тоа само силење преку зборови? Веќе и протестирањето се здобива со една помодарска форма! Протестирам, значи постојам – ечи насекаде! Си викам, би дошол ли оној што се наежува од капитализмот да го крене овој отпадок, плод на капитализмот!? А да засади дрво? Дали овој денешен антикапиталист (марксист) го уважува она што Маркс го укажувал? – имено, дека човекот може да стои на сопствени нозе само ако го должи своето постоење на самиот себеси, само ако тој ја потврдува својата индивидуалност како целосен човек во секој од неговите односи кон светот, гледањето, слушањето, мирисањето, вкусот, чувствата, мислењето, волјата, љубовта – накусо, ако ги потврдува и изразува  сите органи на својата индивидуалност.[i] И не беше ли целта на марксовиот социјализам еманципацијата на човекот и неговото повторно воспоставување како неотуѓена, неосакатена единка која стапува во еден нов, богат и спонтан однос со ближниот и со природата? Повторувам – со природата! Не беше ли целта на социјализмот единството помеѓу човек и човек, и помеѓу човекот и природата?

Дали тој бунтовник би го примил како ноторна вистина фактот дека не е против системот доколку во најголема мера (потенцирам, во најголема мера, затоа што не можеш сè да отфрлиш) го конзумира и живее она што самиот систем го произведува, а кое и не е потребно и суштинско за неговата егзистенција? Или само би ме замразил (его е во прашање!) доколку тоа би му го рекол в лице? Зарем промената која на себеси ќе ја направи, промената во постапките, не е најголемата потврда дека таа личност и навистина е системско-фобична? „Отсуството на знаење, отсуството на една лична филозофија, од нас направи духовни битија во кои почнал да се шири карцином. Клетките на тој карцином веќе работат според свои законитости. Отуѓени сме и не сме дел од она што нè создало. Се свртевме против природата и се осмеливме да интервенираме во неа.“[ii]

3

Во една своја колумна, Александар Русјаков ќе напише: “Ја напукаа планетава со нуклеарен отпад, ги осакатија реките, езерата и морињата, го затворија сонцето со оџаци, отровни гасови и медиуми за сопствени потреби, го истребија половина животински свет за да ги облечат своите рептилски оклопи наречени тела, привилегирани архитекти на глобалната моќ, воведуваат закони и забрани со кои ја контролираат само сопствената комотност и потреба од уште, уште, уште, материјално, материјално, материјално…сето гореспоменато зло, оставете го да си го тера својот пат на сила и моќ докрај, нека злото стане ултрамоќно зло, нека ги штанцаат своите оружја, пари, лажни лекови и лажни вредности колку што им се потребни на привилегираните, оти тешко дека ќе ги спречиме, ама затоа треба да престанеме да бидеме дел од нивните игри, и онака прекрасни, свесни и просветлени да престанеме да бидеме дел од нивните лажни вредности.”

Пред да им кажеме на луѓето како треба да живеат, треба тоа да го покажеме со свој сопствен пример. Потребна е една внатрешна трансформација и поголема одговорност за нашите акции. Но, ние во поголемиот број случаи сме индиферентни. Зборуваме за мир, за екологија, за правда, одржуваме конференции и дискутираме… и дискутираме… и дискутираме; но, длабоко во себе, посакуваме моќ, позиција, престиж. Зборуваме за мир, а војуваме во себеси! Создаваме одредени идеали, но најчесто токму идеалите се тие кои ја спречуваат директната акција… та затоа и си тапкаме во место… галамејќи!

4

Сметаме дека парите се поважни отколку животната средина (и најчесто тие се и главната причина за да излеземе на бунт), но велам, ајде, пробај да го задржеш здивот додека ги броиш парите (напомена: ова не се однесува на оние кои немаат што да избројат). Зошто никој досега не се одважил да излезе да протестира за парче земја на кое би можел да го засади токму она кое со парите би го купил? Зарем би било возможно праведно општество, вработеност, некаква си „изам“ идеологија, доколку она најсуштинското, природата, ја снема!? „Зарем човечкиот род е толку безумен, толку неспособен за непристрасна љубов и толку слеп дури и за најелементарните диктати на самоодржувањето, што последниот доказ за неговата глупа бистрина треба да биде сотрувањето на целиот живот на нашата планета? Зашто притоа луѓето нема да бидат единствените кои ќе загинат, туку исто така и животните и растенијата, а нив никој не може да ги обвини за комунизам или антикомунизам“[i] Токму ова ме потсети на една индијанска мудрост – „Само кога последното дрво ќе исчезне, и кога последната река ќе биде загадена, и кога последната риба уловена, само тогаш човекот ќе сфати дека парите не се јадат“. Ако воопшто преживее за да го сфати тоа!

Постојат некои нешта во светот кои неможеме да ги промениме – гравитацијата, ентропијата, брзината на светлината, и секако, нашата билошка природа која има потреба од чист воздух, чиста вода, чиста земја, чиста енергија и биодиверзитет. Заштитата на бисферата треба да биде нашиот најголем приоритет. Доколку не е тоа случај, човекот ќе биде осуден на болести (та нели болеста е резултат на нашиот развод со природата) и на исчезнување. А нема да биде само тој оној кој ќе исчезне… ќе исчезнат и оние најневините – животните, кои, верувале или не, имаат жед за живот како и луѓето, а она Декартовото – дека тие се само автомати, науката од дамна го поби! Другите нешта, како што се капитализмот, претприемништвото, економијата, валутите, пазарот, сите тие не се природни нешта, ние ги измисливме нив. Тие не се непроменливи и можеме да ги промениме. Нема смисла да ја вреднуваме економијата повеќе од екологијата! Луѓето им робуваат на неколкумина кои ја силуваат планетата Земја и замислете, тие неколкумина (капиталисти) уште дури бидуваат фалени за нивниот „сенс“ за водење бизнис!

На Земјата повеќе не и’ требаат успешни луѓе. Во ова време на изменети вредности знаеме кое е тоа мерило за успешност! На Земјата неопходно и’ требаат повеќе свесни луѓе… луѓе кои ќе сфатат дека сè во природата е поврзано, што би рекле американците дека сè е „earthlings“. Задача на човекот е да се ослободи… а тоа ќе го направи единствено преку проширување на кругот на сочувството кое се состои во тоа да ги прегрнеме сите живи суштества и целата природа со сета своја убавина.[ii]

А што е со идните генерации? Пред една таква егоистичната (антропоцонтрична) единка каква што е денешнава се поставува нова морална дилема – дали е негова обврска грижата за идните генерации? И самото постоење на таква дилема укажува на расчекорот помеѓу човекот и природата. Таков вид на себичност не е позната во природата и укажува на човековиот степен на отуѓување од неа. По дефиниција животот е потреба за продолжување на видот. На современиот човек тешко е да му се наметне моралната обврска да им остави на располагање природни ресурси на идните генерации, бидејќи тој нема способност да го согледа патењето и да им овозможи живот на своите современици кои ја немале таа среќа да живеат во развиено (иако развиено е релативен поим) општество. Затоа на современиот човек мора да му постане јасен начинот на кој настануваат производите и како доаѓаат до нив, мора да му се покаже цената која ја плаќа и “еколошката вистина” и мора да му бидат понудени варијанти кои ја штитат животната средина. Надежта дека ќе дојде до голем пресврт во односот спрема природата и начинот на живеење останува на човекот кој мора да смогне сили да го измени својот однос спрема природата, но и да ги преиспита своите етички и морални принципи. Човекот мора да го спознае својот идентитет со Земјата. Се поставува прашањето – кога настанал моментот на исчезнување на таа исконска етичност и поврзаност со природата, кога исчезнала таа мудрост во односот со природата? Проблемот на дистанцирање и отуѓување на човекот од сопствената “природна” суштина потекнува од два извори: технологизацијата и човечката свест, кои го направиле во голема мера независен од природните услови и физички го дистанцирале од природата. За да би дошло до промена на свеста на современиот човек клучен е моментот на искуствено спознание на природата и пронаоѓање на сопствениот, заборавен, исконски идентитет. Кога ќе дојде до тоа длабоко искуство, човекот ќе сфати дека зависи од благосостојбата на природата, и колку е таа важна за неговата психичка и физичка благосостојба.

Доволно е само во нашите глави преполни со непотребни информации да ја имаме претставата за Земјата, онаква зелена и сина, Земја полна со живот и здравје… таа е таа клучна информација која на повеќето за жал ни недостига. Имајќи ја таа претстава во нашите глави би можеле да им кажуваме на другите луѓе, дека, само доколку и тие ја проектираат и ја задржат таквата слика за „Мајката Земја“ во нивните глави, ќе можеме да ја „излечиме“ Земјата и да ја направиме како што изгледала пред многу години. Бидејќи таму некаде има дрво кое неуморно се труди да произведе кислород… и мислам дека му должиме едно огромно извинување поради она што го правиме! Тоа мое извини бидна слушнато во битката со отпадот крајбрежен! А ќе биде чуено и наредниот пат! И наредниот! Сè додека тој полип човечен не постане доволно свесен за да ме остави без „работа“!

НЕ ПРАШУВАЈ ЈА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИ ЗА ТЕБЕ…

ПРАШАЈ СЕ ШТО МОЖЕШ ТИ ДА НАПРАВИШ ЗА НЕА!

Автор: Климент Арнаудов – активист на “Ленка”

 


[i] Бертранд Расел
[ii] Алберт Ајнштајн

[i] За непослушноста и други есеи“, Ерих Фром
[ii]Јога-духовна одисеја“, Павлос К. Хасанагас

[i] „За непослушноста и други есеи“, Ерих Фром
[ii] Патот на љубовта“, Антони де Мело

[i]Imati ili biti, Ерих Фром
0
img

Цитати
  • Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!