Движење за социјална правда

Кичево – столбот на контролираната нестабилност

nationalismoct

Последните локални избори во Кичево беа проследени со една тензична атмосфера и наплив од емоции. За времето на кампањата, на денот на гласањето, па и после изборниот процес, дојде до силен израз негативната поларизација на народот во два спротивни етнички табори, иако се работи за луѓе кои се наоѓаат на истото општествено скалило.

Финалниот резултат од изборите го зголеми национализмот во двата табора, со други зборови – албанските националисти добија крилја и во нивни очи приближување на шовинистичката идеја за “Голема Албанија”. Од друга страна, тоа доведува до јакнење на македонскиот национализам, бидејќи се чувствува опасност и загрозеност од губење на “светата земја”. Таа загрозеност прави луѓето да се групираат околу строго национални и регресивни принципи, запоставувајќи ја системската подреденост на нив самите како граѓани, студенти, работници и невработени.
Владеачката класа, олицетворена во ДУИ и ДПМНЕ, неколку месеци наназад пред денот на изборите го подготвуваше теренот преку смислено подгреавање на национализмот. Впечатливи беа светските екскурзии на Ахмети и раководството на ДУИ, кои агитираа кај печалбарите да се вратат на денот на изборите и да ја исполнат својата историска одговорност, бидејќи според нив “Кичево отсекогаш било албанско”. Не заостануваше ни премиерот Груевски кој имаше инстант-план за борба против Албанците со “многудетните семејства”.

Бидејќи самата пропагандна националистичка машинерија во услови на економска разјаденост во општеството е доста моќна, во нашиве услови таа лесно го најде својот пат кон локалниот кичевски електорат. И самите опозициони партии од двата етнички блока одиграа улога во поларизацијата и застанаа зад владеачките, настапувајќи заедно под патриотските бајраци. Но само луд и наивен човек би поверувал во нивните патриотски намери, особено после епизодите “Долу диктатурата” и “Борба против режимот”. Благодетите кои си доаѓаат со локалната власт се секогаш слатки, особено кога рејтингот на опозицијата во општината е веќе доволно долго време понизок од владеачкиот (како што е во овој случај). Во услови на помешаност на етничкото и политичкото, ваквиот потег не е изненадувачки. Излегува на површина дека безидејноста и немањето реална локална политичка програма за решавање на локалните политички проблеми, во вакви чувствителни односи се релативизира на сметка на “националните интереси”. Со други зборови, на овие локални избори изгубија кичевчани. Сите кичевчани без разлика на припадност. И сите ќе продолжиме да губиме се’ додека остануваме поданици на доминантниот дискурс.

Но во каква реална ситуација се наоѓаат луѓето во Кичево после цела оваа драма? Кичевчани ги оставаат во втор план недовршениот водовод, непоплочените улици, стандардната невработеност и ред други работи, а нивното целокупно внимание е насочено кон националниот симболизам. Тука најсилен е примерот со огромното поставено знаме кај жечезничката станица во Кичево и цело насочено внимание кон него. Со други зборови, фанатизмот за симнување и одбрана на еден национален симбол, симбол кој не решава проблеми туку создава, е толку посилен од сите кристално видливи проблеми. Впрочем, џиновските знамиња (без разлика чии!!) во суштина и служат за одвлекување внимание, а бележењето територии вешто се сокрива со флоскулата “будење на националната свест”.

Кој е излезот од навидум безизлезната ситуација?

Зголемување на свесноста кај народот за се’ поголемата економска пауперизација и социјалното и класно раслојување. Будење на социјалната свест кај големото мнозинство на луѓе. Социјалната свест е обратно пропорционална со “националното освестување”. Затоа националните кошмари мора да завршат со експресно социјално будење, во спротивно уште долг временски период ќе бидеме жртви на игра која не ја гледаме или не сакаме да ја видиме. [продолжува]

Дејан Лутовски – активист на “Ленка”

0
img

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!