Движење за социјална правда

Данок

Ќе барате од мене
(и јас ќе Ви кажам)
Кој бев тогаш и кај бев.
Ќе внимавам сè да биде јасно
И ниеден збор да не звучи гнасно
(Па Вашето биро – икони е сето!)
Подвлекувајте, Господине! Знам,
Не е кражба – слободно: наплатувајте.

И моето зло и мојот труд
И одот мој тежок и галопот луд.
Ќе платам чесно за секој чекор
Од светлите врвови до темното дно.
И сè што се множи, помножете, молам
Со ништо помалку од најмалку сто.
Сакам да прашам, колку ме чинат –
Градиве, нозеве и рацеве голи?
Не ме плашат бројки, убав Господине,
Вашата убавина е болеста што боли.
Ги пуштате рацете кон моево тело
Да одморат од тешките прстени од злато.
Мијте ги пак со пот и плунка
Мијте ја крвта дур не станам блато.
Да? Се наплаќа и тоа што од порите се лачи?
Па, данок е, јасно,
Штом на убоста цената падне, на грозата ќе се качи.
Не жалам, восхит ми буди Вашето лице.
О, чекај, тоа Вие ги носите веѓите
Што свиени над туѓи очи – лик Ви даваат благороден?
Гради Ви гали кошула од душата на оној татко
Што ситно тргал од ден за ден,
А нозе Ви топлат топли чевли
Од сништата на жените пред празник студен.
Пејте, на гласот певлив ќе му бидам роб
Со тој глас пееше овој народ, копајќи си себе темен гроб.
Ајде, за што треба друго да се плати?
Ме чинат ли скапо стиховите, римите,
Вреден ли е многу зборот кажан?
Побрзајте, имам уште многу да Ви дадам.
Не знам да Ви смислам лага
Јасно, веќе знаете сè.
Мајка – таа и таа, запишете
Татко – тој до неа. Брат, дом,
Еден верен пес, ситна радост,
Од дедо – генот: бес. Аманет од стара баба.
Добар ли сум документ?
Згодна ли сум бројка?
Ќе раскажам верно и в чии раце паѓав
После бог дал знае која вотка.
И за сите љубови мои
И за таа што за голтање камења се сметаше вредна.
И за првата љубов и за љубовта
Што денес ми се чини ќе биде последна.
Рацете мои не допреле многу
Сал страници книги и завеси од лен
Наплатете колку Ви душа сака за тој поглед
Нема ко јас што гледам да видите ден.
Сè што се допира, Господине, сè што за Вас има име
Запишете, архивирајте, заклучете в сеф.
Ќе остане кај Вас мојата бројка
Помножете ја, наплатете за секој грев.
Гледајте, Вашиот шалтер е толку тесен
И мојот кревет исто така.
Не се збира душата во тоа биро
Се чуло ли негде за сништа да се плаќа?
Ајде, ако треба, нека Ви биде – Ви плаќам на рака.
Се смешкате со тие заби бели.
Убав е светот, нели?
И сега, ако Ви стои како сите сметки да се рамни
Гледајте ме в очи. Немам што да  дадам.
Може да си одам? Фала.
Уште еден робот меѓу робовите маршира.
Честитам. Не гледајте така, сте чуле за сарказам?!
Господине, јас сум човек.
А не проект на вашата влада.
Тие бројки на тој дигитрон
Излегуваат бесни, Господине Морон.
Дал постои бог ќе одлучат сами
Штом в оган ќе вивнат законите на редот.
Сите уредно наплатени казни добиваат човечки лица.
Смејте се, подгответе сметка
Наплатете го сопствениот блуд.
Наплатете ги зборовите на овој транспарент
Јасно се чита: Јас сум луд.
Полнете го џебот, напикајте што се може
Во салото на Вашиот дебел мев
Не можете да изедете толку месо
Колку човек што може да закаса в гнев.
Убав сте, Господине,
Облечен во трудот што го пресметавте ко стока
Чесно, да не остане должник на светов човек
Од човештината што нема цена
Ќе ја исфрли и таа наметка од болка.
Наплатете го стихов и сè што се гледа мерно
Утре крв ќе чини и ќе знаете дал било верно.
@vankoska
Клучни зборови: ,
0
img

Цитати
  • Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!