Движење за социјална правда

(Видео) Сеќавање на Др. Елена Етингер Каваева за Ленин

Младата бунтовничка Каваева

 

Како млада студентка по медицина во Берн, Швајцарија, во куќата на мојот брат Др. Адам Етингер, прв пат го видов Ленин. Брат ми се запознал со него во Женева и тие станале блиски пријатели и соработници. Ленин и Плеханов секоја сабота после пладне доаѓале од Женева во Берн, за да држат предавања на студенти од словенско потекло. Тие предавања со дискусии задолжително продолжувале и до полноќ и тогаш Ленин доаѓаше во нашата куќа, каде што остануваше до понеделник. Тука се собиравме и со политички истомисленици каде покрај другите теми се задржувавме и на работничкото прашање. Ленин имаше мислење дека работничкото прашање може да го реши само револуција, но таа не може да биде во скоро време.

Беше многу скромен човек, имаше голема работоспособност. Особено ги сакаше децата и животните. Му ги готвевме омилените јадења, а тој пиеше вино. На 31 декември, 1908 година, дојде кај нас за да ја дочекаме заедно новата година.

Владимир Илич Ленин во Женева, 1908

На почетокот на 1909, Ленин појде на гости кај Максим Горки и веднаш после тоа заедно со својата сопруга се пресели во Париз. Летниот распуст 1909 година, од 1 август до 1 септември, често се дружевме со Роза Луксембург на женевското езеро. Секој што ќе ја видеше Роза, не можеше да помисли дека во такво слабо тело се крие толку јак дух, таква енергија и таков говорнички дар.

Почна Првата светска војна. Ние останавме во Берлин. Мораше да дадеме и оставка на работните места, затоа што бевме руски државјани. Границите беа затворени и не можевме да добиеме ништо ни од нашиот татко од Полска. Моравме секој ден да се јавуваме на берлинската полиција, која не’ проверуваше. Рускиот Цар, Николај II, за замена за својот кум, кој бил заробен генерал ослободил тројца германски генерали, за да се оствари размена на воени заробеници со услов рускиот генерал веднаш да замине за Русија, но, поради неговата здравствена ситуација побарал со него цело време да има доктор т.е. јас. Прво откажав, но, по седум дена попуштив и решив да патувам за Русија. На 15 јануари тргнав. Цело време му раскажував за комунистичката партија.

Подоцна добив работно место како лекар во 169-та воена болница. Имаше 359 кревети. Бевме 6 лекари. Во јануари 1916 година, во таа болница дојде Владимир Кабаев, Југословен, родум од Охрид.

На 27 февруари изби Февруарската Револуција.

На 3 април 1917 год. Во Петроград пристигнал Ленин, свечено дочекан на железничката станица. Со Ленин се видов по 8 години. Рече, револуцијата ќе дојде брзо. Војната ја убрзала револуцијата, но, тој исто така спомна и дека вистинската револуција тек допрва ќе следи.

На неговите говори зборуваше дека е најважно да се оконча суштината на војната.

Оди во Финска и врши подготовки за октомвриската револуција. Во тие три дена додека траеше самата револуција населението беше без леб, без вода, без огрев и осветлување. На секаде се пукаше. Последниот рафал беше испален на полноќ.

Ленин оформи совет на работници и селани.

Младината во желба да раскрсти со сето старо, почна да уништува споменици по улиците. Книги и списанија се палеа. Му раскажав на Ленин за ова. Веднаш се јави телефонски и протестираше – “ние сме носители на култура, вакви екцеси не смеат повеќе да се повторат”.

Во јануари 1918 година, јас се верив со Др. Владимир Кабаев, а во февруари тој беше назначен за политички комесар. Станав југословенска државјанка – македонска. Ленин од Москва ми честита за венчавката.  

Петроград се ослободи. Од пролетта 1920 година, граѓанската војна во Русија престана. Состојбата била многу тешка за населението, а посебно било тешко за Јужните Словени. Бараа некакви медицински белешки од мојот сопруг, за да може да се вратат дома. Појдовме во Москва, за да се посоветуваме со Ленин. Тој ни предложи високи позиции во здравствениот систем, но, ние му рековме дека ни треба одмор и му соопштивме во каква тешка ситуација се наоѓаат Јужните Словени. Тој не’ испрати кај министерот за надворешни работи, за со него да решиме како ќе ја преминеме границата на блокираната Советска Русија.

На 17 јуни 1920 година, со санитетски возови ги испративме сите Јужни Словени до естонската граница, а ние продолживме за Москва, за да се опростиме со Ленин.

Тој по обичај беше скромен како и секогаш. Во Кремељ избрал да живее во двете најмали соби, со само елементарни услови за живот. Беше многу срдечен. Му беше жал што заминуваме, но, му ветивме дека по неколку години пак ќе се вратиме во Русија и сигурно ќе го одржевме ветувањето, ако Ленин беше жив.

Во тие времиња во Русија владееше глад. Јас и мојот маж од Берлин учествувавме во организирањето на хуманитерните контигенти кон Русија.

Во 1923 година, дојдовме со мажот ми во Струга. Тој беше избран за претседател на општината и многу имаше направено за Струга, која беше во многу лоша состојба во тоа време. Во 1927 година, се преселивме од Струга за Охрид. Набрзо мажот ми почина во Загреб, а јас со малата ќерка останав во Охрид.

За цело време додека бевме во Струга и Охрид им зборувавме на сите за Октомвриската Револуција и нејзиното значење во светски рамки.

Јас останав во Охрид да го лечам охридскиот народ, а само блискоста и пријателството со нив ме одржуваше и ми го спаси животот, затоа што бев многу следена од окупаторот. Љубовта моја ја посветив на децата, додека се сеќавав како Ленин ги сакаше нив и животните.

 

 

0
img

Цитати
  • Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!