Движење за социјална правда

Левица: „Конечно расчистуваме со штетните структури во партијата инструирани од власта“

Политичката партија Левица ја информира јавноста дека насилно е преземена Фејсбук страницата на партијата. Од раководството во Президиумот велат дека вакви смислени хајки се случуваат секогаш за време на некој важен предизборен период, па оттаму се сомневаат дека случајов е под диригентска палка на власта. Соопштението го пренесуваме во целост.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СПРЕЧЕН УШТЕ ЕДЕН ДИРИГИРАН ОБИД НА ВЛАСТА ЗА ПУЧ ВО ЛЕВИЦА!

Скоро половина година работата во Левица беше целосно блокирана од една тесна група членови на Централниот комитет собрани околу т.н. троцкистичка фракција „Црвени“, а инструирани од надворешен центар на моќ. Фракцијата, со своите претесни и ограничени идеолошки погледи, на секој начин се обидуваше да се наметне и да доминира – а притоа нејзините врбувани членови со крајни напори се обидуваа да го закочат, минираат и саботираат делувањето и акционото единство на Левица, посебно околу процесите на нелегитимните уставни промени, важните национални политички прашања од поширок интерес поврзани со „Преспанскиот договор“ и со т.н. Закон за двојазичност.
Повеќемесечната политичка борба внатре во главните органи на Партијата силно ги наруши персоналните меѓучовечки односи и довербата неповратно се изгуби, особено после нелегалниот обид за пуч и смена на легитимните партиски органи од страна на т.н. орган со истечен мандат. Притоа, сите обиди да се дојде до взаемен компромис пропаднаа, а оваа маргинална група од пет-шест луѓе остана рововски закопана во своите погубни политички ставови, кои немаа никакво одобрување од базата, тврдоглаво одбивајќи да го сообрази своето штетно делување со реалните прилики на современата стварност и не сакајќи да ги почитува одлуките на ЦК донесени со апсолутно мнозинство гласови.
Истовремено беа откриени и серија финанскиски малверзации на дел од членовите на таа група, по што не остана никаков простор за можно взаемно разбирање и идно заедничко политичко делување под истото борбено знаме и кауза. Поради овие, како и многу други флагрантни тешки дисциплински повреди на Статутот, легалните партиски органи решија да се консолидираат и оваа деструктивна група да ја исклучи од раководството на Партијата, а на дел од нив да им го замрзне членството во Левица.
По овие неколкумесечни смислени тензии и интерни превирања – за кои е симптоматично тоа што секогаш се појавуваат за време на некој важен предизборен период, а се диригирани од власта која по четврти пат се обидува да ја растури Левица, сега преку врбување на луѓе кои повеќе од една година беа целосно пасивни и отсутни од јавниот дискурс – конечно Партијата, еднаш-засекогаш, расчистува со овие штетни структури кои свесно го опстриураат и кочат нејзиниот иден развој и напредок. Од денес Левица се враќа на правилниот курс, посплотена од било кога, како единствена реална опција за работниот народ и за сите непривилегирани и обесправени слоеви од населението во нашата Република. Во меѓувреме, правиме напори и за враќање на илегално преземениот фб пејџ!

Продолжуваме понатаму!
Со нови сили, на различни фронтови!
Посилни од вчера, поборбени за утре!
Подобар свет е неопходен, подобар свет е можен!

Со искрена почит, Президиум на Левица

0
img

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!