Движење за социјална правда

Градоначалникот на Велес врши политички притисок врз неистомисленици

Службеник во Општина Велес се пожали и побара правна помош од нас поради тоа што Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, поднел иницијатива за дисциплинска постапка против него. Во Иницијативата, Градоначалникот бара дисциплинска комисија да утврди дека службеникот направил потешка повреда на службената должност – дисциплински престап. За овој наводен престап, санкцијата може да биде и бркање од работа. Според градоначалникот, службеникот го направил престапот со тоа што напишал два лични става во негативен контекст како два поста на личен профил на Фејсбук, вон работно време а кои се однесуваат на НАТО Фестот.

Во меѓувреме, Градоначалникот на Велес, од својот личен профил, за истиот настан, Голема граѓанска прослава во организација на Влада на РМ, кој во јавноста е познат како НАТО Фест, сакајќи да го промовира, споделил пост од фејсбук профилот на Општинска Организација на СДСМ од Велес. Значи тој може од личен профил да го промовира настанот и тоа споделувајќи содржини од фејсбук профил на ОО СДСМ Велес со што го нарушил угледот на функцијата градоначалник, а со тоа и на цела Општина Велес, а службеникот не смее да постира пост со негативен став кон НАТО Фестот од својот личен профил?!

„Баханалии“ е преблаг збор  кога се организира погреб на државата, во име на народот и со народни пари!

(слика. Бр. 1. Пост со кој Градоначалникот на Велес го нарушил угледот и независноста на Општина Велес од партискио влијание)

 

(слика. Бр. 1. Пост со кој Градоначалникот на Велес го нарушил угледот и независноста на Општина Велес од партискио влијание)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

И не е само тоа, Градоначалникот на Велес отиде и чекор понатаму. Тој водеше кампања “ЗА” на изминатиот референдум, а тоа го правеше од позиција на Градоначалник со што ја злоупотреби функцијата Градоначалник на Велес. Иако спротивно на добрите референдумски практики на Венецијанската комисија, беше решено само Собранието (пратениците) да водат кампања, а не и градоначалниците. Но, Градоначалникот на Велес, спротивно на тоа водеше кампања “ЗА”.

(слика бр. 2. Аце Коцевски води камњапа “ЗА” од позиција на Градоначалник со што прави злоупотреба на функцијата)

На крај прво се наметнува логично прашање, ако службеник вработен во Општина Велес, за два статуса во кои се изнесува критика на НАТО Фест, напишани на приватен профил вон работно време, треба да се казни за дисциплински престап, тогаш како треба да се казни Градоначалникот на Велес?

Како и да е, ние од Ленка ќе го следиме случајот и правно ќе го помогнеме службеникот. Оваа метода на политички притисок врз вработените во администрацијата нема да помине!

 

0
img

Цитати
  • Револуцијата испарува и го остава зад себе само шлајмот на новата бирократија. Синџирите на измаченото човештво се направени од црвена лента. Франц Кафка
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!